@BlackMistery тоа е меѓу нив двајца, неа и него, а не меѓу родителите, комшиите, стрините, тетките и вујните. Џизс, зошто од ништо мора да се направи нешто? Па ако се заканувала дека ќе се убие постои за тоа стручно лице кое ќе се занимава со нејзините глупости, а тој може да ги извести нејзините родители. Нејзино право е што ќе прави со нејзиниот живот. А момаков мора да пресече еден ден. Колку порано, толку подобро, нема потреба од драми. Љубов на сила не иде, знаеш. А судејќи по се нему му одговара две девојки да се замараат по него и то. Ако се цениш сама себе замини си, ако не тогаш продолжи да бидеш втора виолина.
Еј, што си будалче. Што е подобар од тебе со парите на неговите?? Кога ќе има свое лично заработено, тогаш може да правиш паралела, вака не. Ја би го баталила, не ради бившата и другите работи шо ги кажа, туку ради тоа што едноставно не ти влијае добро туку гледај потсвесно ти прави некое негативно влијание. Шо и викам на другарка ми пред некој ден "мавни го таму, не вреди овој да се замараш" истото и тебе ти го викам. Па уште и бившата го замарала, кутар тој да, да, да важи. Не дозволувај да те манипулира.
@BlackMistery, чек, сега ги видов останатите коментари! Вие всушност се криете? Никој не знае за вас? Ок, освен твоите другарки. Не се шетате заедно, не седнувате на кафе, нема цмок-цмок, гуш-гуш во јавност? Ако одговорот е „Не“, ајде кажи му дека сакаш да се појавите јавно како пар. Неговата реакција ќе ти го даде одговорот кој ние тука може само да го погодуваме.
Брутално ми напиша и ти и другите ама искрено, на некои начин ми отворивте очи. Му напишав порака сега, да видам он што мисли за понатака, дали треба да продолжи ова или не. Излегуваме, но претежно навечер зашто често до 19ч има вежби, учи, одмарал, вежбал... Можеби вистина, можеби му е изговор само за да не видат што помалку луѓе.
@BlackMistery може и не те лаже за вежбите, пред некој ден до 21ч ни држеа вежби навистина. И теорија до 18ч ни држат. За викенди исто така ли ти вика?
Викенди почесто е со другарите, не го напнувам зошто сепак не сме во врска и има право што сака да прави, но да, пак денски учел, ноќе излегувал, така му биле навиките.
Цело време ти на него се прилагодуваш? А, твоите навики, кај се тие? Те прашува ли воопшто дали ти одговара така да е?
Ќе му кажеш дека доволно ти била забава, сега сакаш малку посериозно и тоа е тоа. Едноставно, ако не е спремен за врска, да не ти го троши времето. Да нема недоразбирања, и „забава“ е супер, ама кога знаеш дека сакаш само забава Во моментот кога ќе се појават чувствата, веќе не е толку забавно, и најчесто таквата забава завршува со солзи. Затоа, пресечи со време.
Многу погрешно. Не може само кога сака он. Кај си ти во приказната? Не иде да се дружи со бившата и да те вика кога сака. Речиси сум сигурна дека редовно се гледа со неа, учењето и другарите му се само уште еден изговор. Настрана учењето, не верувам дека секој викенд е со другарите по цел ден.
@BlackMistery Премногу се вложуваш во нешто за кое велиш дека ти е само за забава. Ти веќе ја испланира и иднината, дали неговите родители ќе те прифатат, како они ќе реагираат. Ако ти е само за забава и знаеш дека кога тогаш ќе расчистиш со него, немаш потреба да се преоптеретуваш. Доколку имаш чувства, тогаш сериозно треба да размислиш дали навистина сакаш да се вплеткаш во овој магичен круг од бивша и родители и другарки....
Душо мила, воошто немој да се омаловажуваш и да се потценуваш сама себе. Што дека тој има кола? Па не секој има или може да има. Има луѓе шо немаат пари за такси. Јас би ти препорачала да си ја дигнеш самодовербата, затоа што вредиш многу повеќе од тоа што мислиш. Материјалната состојба воопшто не е битна ниту го дефинира човека. Ти разговарај со дечкото и види што и како он размислува. А вака у себе некој инстикт што ти вика? Обилно претчуството никогаш не лаже, зборам за бившата девојка негова. Доколку тој реши дека сака нешто сериозно најмал проблем се неговите , ако е созреан маж. А доколку продолжи вака, тргни се што побрзо од него додека не си се затрескала скроз.
Поразговаравме (пишувавме) искрено, благодарам што ме охрабривте. Го притиснав дека имам сигурен доказ дека се гледаат со бившата и дека не мотка двете, не сум глупава, сакам да биде искрен со мене, бар толку заслужувам. Ми призна, имал уште некои чувства, се видел и со неа месецов, си одговарале многу они, сепак 4 години не биле малку, сите му викале каков пар биле, баш сакал демек деновиве да ми каже дека размислил за тоа дека одлучил да даде уште една шанса на бившата. Сметал дека не си одговараме премногу за да сме заедно, се извинувал ако ме повредил, но реалноста била таа, не сме биле еден за друг и он мислел дека сум била свесна и ми служел само за да го преболам бившиот. На почетокот мислел дека можеби ќе има некоја хемија меѓу нас, но ете немало. Каква лага, нешто друго зборуваше претходно, но нејсе... Ете толку лесно ми кажа се, не сум му значела ни трошка. Во право сте биле девојки, не манипулирал и двете, изгледа смотана сум и сум дозволила вакво нешто. Тоа е тоа, добро е што заврши пред да почне, одам понатака, животот продолжува. Сепак претходната врска ми беше полоша, сопствениот долгогодишен дечко ме изневери, тоа повеќе болеше од ова. Се е само искуство. Ќе се исплачам вечерва и ќе помине. Уште еднаш благодарам, посебно тебе @Nausicaa.
Многу ми е жал душо , исплачи се , крени ја самодовербата , верувај се се случува со причина. Ќе биде подобро.
@BlackMistery, Да знаеш дека треба храброст за ова што го направи вечерва и многу се гордеам со тебе! Ваквите искуства само не прават посилни. Ајде, со крената глава во подобра иднина!
Воопшто да не ти е криво за него. Болдираново ме фана за очи, сите му викале каков пар биле. Божем мало дете е он па го убедуваат да му се свиѓа играчката. Биди среќна што не заврши со него.
Богаташко лигле, во целава ситуација мене ми изгледа како само ти да си му била за забава.. На поголем дел од таквите лиглиња им е срам да им кажат на другарите дека имаат девојка која не е богата и чие семејство не е од "елитата", биди среќна што завршило..
Ти не си смотана, ти си само една добра душа, што знае да сака искрено, премногу емотивна и храбра девојка. Добро што заврши, ваков не ти ни треба, манипулатор, гарантирам дека тој бившата не ја ни сака, но со нејзе е паради статусот и бидејќи си "одговараат", како и сите богати синчиња. Што е твое еден ден ќе си дојде и никогаш повеќе да не се потценуваш дека ти вредиш помалку од некој друг.
Kako da go prebolam Bevme zaedno 3meseci. Toa bese konekcija, vistinska. Potoa odluci da dade sansa na bivsata devojka koja ja sozaluva. Taa pravese sekakvi raboti za toj da custvuva griza na sovest. Kako da go prebolam koga znam deka bese vistinsko, znam ke recete ne se borese za tebe.. 2nedeli se pominati, pretesko mi e
Да била вистинска конекција немало да се врати на бившата. Толку имам да ти кажам. АКо ти се зборува пишај ми приватна порака, тука сум да те ислушам.