За тебе може изгледало како вистинска конекција, но за него очигледно не, тој што те сака не те остава туку така, а особено не се враќа кај бившата доколку нема чувства за најзе.
Ќе помине, ќе запознаеш некој со кој конекцијата ќе биде вистинска, како што кажуваш. Оваа очигледно не била, бидејќи неговата постапка покажува дека чувствата не биле споделени. Иако сега ти изгледа како да е крај на светот, верувај дека не е така! Сепак, дај си време да тагуваш, не мораш да се впушташ веднаш во нова врска ако немаш желба и чувства.
Секое преболување започнува со прифаќање на ситуацијата. Дека не било вистинско, дека било еднострано, дека не бил за тебе, дека ако те сакал ќе бил со тебе, не те избрал тебе, туку избрал некоја друга. Ти дури ја обвинуваш бившата, а тој цвеќенце, па бил приморан да и се врати, ќе си се мачиш само самата себеси. И повеќе пати среќавам такво размислување. Бившата го замарала, бившата била напорна, од сожалување бил со неа. Значи такво нешто не постои! Секоја созреана и изградена личност, кога ќе прекини врска со некого, пресекува секаков контакт и продолжува понатаму. Јас имав другарка каде што бившиот и се закануваше дека ќе се убиел или што ти јас знам, ама таа ниту еднаш не му одговори на порака и не се сврте назад, па ене го сега, здрав и жив, женет со друга. Не си се залажувајте и не дозволувајте да ве манипулираат!
Vo pravo si za se. Svesna sum, ne go opravduvam nego, nikako. Samo mi e tesko. Tesko mi e poradi toa sto poznavam mnogu opsesivni devojki koi navistina se takvi opsesivni. No sepak psihologijata veli, si nastetuvaat samo onie koi molcat. Ne se zakanuvaat. Vo pravo ste, ako sakal da se spasi ke nasol nacin.
Ако на некого му докажете дека го сакате а тој не ви возврати и после некое време посака да биде со вас, што ке направите? Можеби се покаал можеби сака од почеток можеби сега знае што треба
Се враќа затоа што си му сигурна, знае дека тука е на сигурен терен. Јас да сум сега не би му дала можност, бидејќи знам дека би му била само опција.
Не дозволувај никогаш да бидеш нечија втора опција. Мора прва и единствена опција. Во спротивно, замини без двоумење и не врти се назад.
Леле немој.. Како на сестра да кажувам.. Од лично искуство. Ретки многу ретки се случаите ако од прва не те сака па ај одпосле. Ако сакал ќе возврател на твојата љубов... Не е за каење туку за сигурен терен.
Викаше дека ме сака, одолговлекуваше за да искочиме, не искочивме, на пијано отишол со друга, раскинаа и ме побара
Или пак таа го откачила па сега тебе ти се враќа затоа што не сака да биде сам. Немој да бидеш резервна опција, никогаш.
Зависи во каков однос сте биле кога си му кажала. Едно е да сте на здраво, што правиш, и да му кажеш дека го сакаш. Друго е ако веќе имате изградено некаков однос, што траел подолго време.
Еден од основно ми пиша дека ме сакал и сака да биде со мене, а ова од нигде никаде ми искочи не знам што да му кажам. Со детево бевме познаници и не правевме моабет, воопшто немаме контактирано откако завршивме. Не ми е јасно само зошто после долго време нашол да ми каже?
Никако. Ако на некој му значиш, ќе реагира во ситуацијата. Обично овие играат на двојна карта и сега нема кај, па ај кај тебе. Подобро оди и посвети внимание на оној што тебе ти посветува.
како вака наеднаш ти пишал дека те сака, без никакво претходно допишување, ништо? Тебе ти се допаѓа ли он?
Верно ти е ова, дека можеш да сакаш некого без да го познаваш добро. Мене не искрено, може му се допаѓаш, ама да сакаш некого со кој си немал никаков контакт е чудно.
Другарка ми вика дека раскинал со девојка му од 4 години и дека од секад ме сакал, но незнаел како да ми пријде. Му пишав дека сум во врска и не сум заинтересирана, ми враќа со едно ама јас стварно те сакам и го оставив на син Испадна дека е неостварена љубов.
Здраво девојки, имам еден проблем. И претходно имам пишувано на темава, долго време одиме со дечко ми но што ради ситуацијата, што ради нашите карактери, се соочуваме периодов со проблеми. Пишував дека немаме услови за седење заедно, во смисла живееме дома во станови со родителите и браќата помали, јас плус живеам со баба, приватност никаква немаме во тој поглед а реално двата сме во тие години кога таква приватност и те како ни е потребна.. Кола не вози дечково, не можиме да одиме никаде настрана заради тоа. Пишував летото дека проблем ни е тоа шо не возевме и двата, тој немаше и сеуште нема кола, јас се учев да возам. Епа, почнав да возам активно, идевме кога ќе беше слободна колата кај ќе ни прдне месец/месец и пол, али мене ми се случи една непријатна ситуација додека возев и се уплашив многу и сеа одреден период не возам, собирам сеуште храброст. Како и да е, летово беше друга приказна, беше топло времето и си шетавме, седнувавме по кафиќи, беше лабаво. Едноставно појше можности. Сеа друга е приказната, надвор студи, загадено е, по дома не можиме да одиме, кола не возиме и постојано ме тера да одиме да пешачиме. Ме вика понекогаш и дома, ама ретко одам, кога ќе се погоди неговите да не се дома пример. Не сакам да пречам, во едно прдеж место за јас да им идам на гости брат му мора да се пресели во дневна, не сакам да им го расипам раетот искрено. Друго, не сака да седнува по кафиќи и ресторани, страв му е, или па што знам јас, можда се вади на тоа не сака да троши пари.. Јас реално не сум љубител на шетање, едноставно мрза сум. И со другарки коа излегувам, си седуваме кај шо нема гужва, муабетче и си тераме накај дома. Едноставно ете не сакам да шетам така бесцелно. И ми се лути постојано, сум идела сосила, мрза сум била, како тоа само по мое се одело кај да одиме а не е така. Во кафиќ не сме седнале еден месец, прошла недела бевме само во ресторан на јадење, сакав да го честам и тоа беше приликата. Ете за тоа и денес се расправавме. Ја мразам зимата пошо нема кај да одиме, никакви услови, ништо, ништо. Му велам ајде ќе седниме кај шо нема гужва, ни муабет ни ништо не можеме да напраиме додека шетаме. Тој не па не. Вчера ајде така лабаво бевме излезени низ маала, кај ми беше ладно цело време, па и се уморив. Ете не сакам да пешачам, а тој се лути. Што да се прави овој период со излегувањата? Јас стварно неам живци повеќе, само се расправаме и ужасно ми оди на нерви ситуацијата, кај немаме да мрдниме никаде, па и пребира. Излеа и на минус 20 планира да ме тера да одиме да земаме воздух пошо не сака едно кафе да испиеме некаде. Периодов е без работа и многу е стегнат, долг период ни едно сокче ми нема купено. Јас излегував во пресрет, и јас сум без работа ама кај мене нема никогаш проблем за пари. За скромно да се помини имам секогаш. И ќе го почастев, поголем дел од сметката ќе платев пример јас, ич не патам од тој комплекс да ме части некој, ама кога видов дека нема абер од негова страна си се повлеков. А пиши спортска редовно, со многу малку пари некогаш фаќа и поголема сума на пари и не е за жалење ич, ама ова е веќе друг проблем. Кај и да е ќе ме изнервира и ќе му го шлапнам ова, иако не сакам да го понижувам на тој начин ама стварно преку глава ми е више.