Истиов проблем го имав истиоот он немаше кола инашр гужва дома не сакаше кафичи исто нон стоп шетавме иако не сакав и на крај после 4 години врска раскинав затоа што тоа не е за мене и не правеше компромис или правеше ама со сила. Ако никогаш не си го спомнала ова пред него седнете и зборете го истово ако те сака ке најдете компромис. Нешто ако не се трпи не се измачувај сакајки да задржиш
Одприлика колку години сте ?, ова ми е прашање поради локацијата, а инаку за шетањево треба и дечко ти да се прилагоди според тебе, треба потребите на двајцата да се задоволуваат. Ти не бараш по ресторани секоја вечер да бидете излезени туку на најобично кафе . Штом пишува и спортска постојано не му е до тие 100-200 денари веруј ми. Не е до кафето туку до почитувањето на твоите желби. Во врска сепак треба компромис. Инаку размисли убаво и за самата врска бидејќи стегнат човек е себичен човек.
Не сакам да те навредам или пак погрешно да сфатиш, но ова е само моето мислење. Како што кажа огромна приватност некоја и немате, он не сака по кафичи ти не сакаш да шеташ. Во ситуацијава ти правиш некои мали отстапки, но некој прогресивен компромис баш и нема. Којзнае каков совет за ова исто така нема освен отворено да збориш со него на темава, сепак лошо би било една врска да се распадне поради ваква мала причина. Ова не ни е некој проблем, туку е спој на различни интереси. Можете еднаш во неделата да шетате, еднаш во неделата кафе да пиете. Не е во ред , ни ти што така го сечеш на изговор дека си мрзелива, ниту пак тој што му било страв на кафе да оди или што и да е. Едноставно ако стварно сакате да се видите, ќе дојдете до заедничко решение. Колку и да звучи клише, сепак желбата е пресудна. Заеднички активности кои ги исполнуваат твоите и неговите интереси се неопходни за здрава врска. Отворената комуникација исто. Изговори и непотребни кавги и лутења, непотребно ќе ви ја расипат врската. Се надевам дека ќе дојдете до заедничко решение.
Тој не оди на работа, чекаш сокче да ти купи. Ти не одиш на работа, ама не е проблем пошто тебе твоите ти даваат. Независни ќе сте кога ќе заработувате сами, не мама и тато. Ако не се лажам, истово ти го збореа за колата. Очекување тој да те вози кога и ти не возеше. Ама скрос истиов муабет.
Ја си викам секад ако бараш нешто од партнер мораш да имаш и ти да понудиш. Некои ептен се разгалени.
Истото мислење го делам со Мантуб и Точаче да не се повторувам, и не знам толку ли е битно за време на пандемија да се излегува по кафичи и ресторани и да си тераш муабетче како ништо да не се случува, мислам да е во нормални услови потполно разбирам, можеби дечкото се пази и се плаши за своите најблиски па и за себе, разбирам дека ви треба приватност ама секој треба да најде начин да се прилагода на ситуацијата.
@bicycle и @Mantub, не се согласувам со вас девојќи. Девојчето сака основни работи, не бара јахта или скупи ресторани. Сака дечко и да одвои време да идат на кафе како што таа одвојува за тие да шетат. И толку да си а намали вредноста да смета дека не е вредна за некој да ја почасти еднаш во месец една пијачка. И верувам дека и смета кога гледа некои другарки што имаат партнери како се повеќе ценети. А во врска со автомобил и локација.. неможам да дадам коментар на не прочитано мислење или инфо за одредена возраст, бидејќи во тие фактори влијаат многу и годините и агилноста на човек.
Нејзе и даваат домашните и пак наоѓа простор да го почасти, а тој ем фаќа спортска, ем неговите му даваат пак пошто не вервам самиот од спортска да се финансира и и нема купено ни едно сокче од 30денари и то тебе океј ти е? Искрено мене не ми е. Себично е и мизерно. Не збораме за ручеци и вечери туку за еден помочан гест шо би значел многу. Ама неее, тука на форум изгорени сте да терате некои феминистички пропаганди и да етикетирате девојчиња како материјалистки нон стоп. До чупето шо пишало, размисли си со каков човек си во врска. Преиспитај убо се, напрајте отворен муабет и то е то, ако не оди секој по свој пат.
Ова одма очи ми боди. Па нели останал без работа, баш сега ти треба да му бидиш поддршка, оти во вакво време невреме да останиш без работа не е сјајно воопшто, не пак оти сокче не ти купил. Кој кога има ќе плати. Треба компромис и разбирање, ако го немате тоа џабе се мачите. И мене ми е страв, па не одам во кафичи и ресторани. Разговарај си со него отворено.
Парите негови кај сака ќе ги троши. Ако сака на спортска, на спортска. Мене повеќе би ми сметало самата навика на коцкање, а не дека баш тие пари што ги дава на коцка треба да ми ги даде мене. Не барај богат маж, стани богата жена.
Во моите врски никогаш ама никогаш немам мрчено партнер да ме води во кафичи, да ми купува сокчиња или да одиме по ресторанти. Не дека не сум сакала ама сум разбирала кога немал пари или бил невработен. Сме шетале, сме штеделе па што? Она знаела уште од старт дека е таков. Плус пандемија е, штеди пари, нема работа. Не треба да се расфрла поради нејзините каприци. И сама си кажа мрзелива е, не може секое излегување кафичи и ресторанти. Она наоѓа маана за тоа што не вози и нема кола, што не ја носи по ресторанти и кафичи, што нема каде да седа. Тогаш што бара уште со него?
Се возев во такси и на таксистот (млад дечко) му излезе кола која ја возеше жена и вика Кај е жена волан да фати бре. Еј. Ама после кога читам дека е проблем што дечкото не ме вози, а и јас не возам, ама тој треба пошто кавалерски или не знам што, не ми е ни чудно што такви коментари даваат мажи. Сами, несвесно, се правиме неспособни некогаш.
Или пак дечковците на другарките нејзини имале кола и возеле и оделе по ресторанти па сакала и она. Ајде бе.
Oд култура на познаничка кога ќе се видиме ќе и купам нешто ситно, не па за партнер со кој сум во врска долго да не ми текни ни едно чоколадо да му купам еднаш во месецот, шо барам со него воопшто. Не е до парите, до гестот и вниманието е. Да не се потроши момакот за 50ден. Абе шо ви е вас луѓе..
А бе ок, сите си купуваме поклони со партнерите. Ама право да му бараш да ти купи нешто, а знаеш дека не работи, немаш. Со кое право да кажувам јас мајка му и татко му парите што тие ги заработуваат, да ги троши на мене? А да ми смета кај дечко тоа што е невработен, треба и јас да сум вработена. А не, не е проблем пошто моите ми даваат. Не е проблем кога ќе имаш твои пари. Од неговите и твоите родители не се важи. Пошто не купуваш ти, купуваат твоите родители. Ти можеш да купуваш со твои пари.
Не се согласувам соа тоа дека не можеш да седнеш во кафич за да заштедиш нај ефтиното кафе во скопје е 50 дрнари ако можр да плаќа ливче можр да купи сок или кафе и да седи два саати со девојката да си зборат и да се видат а за шетањето ниту јас не можам да шетам не сум тип за пешачење но не сум ни израсната со кола. Сега и тие што немаат пари имаат коли, без кола можеш само низ населбата а веке не сме дечиња да седиме по клупи нели? Јас да се средам да облечам штикла да исфенирам коса да бидам убавица за да седам на клупа во парк? Зошто кога за тие пари ке си седиш на топло на убаво со личноста што ја сакаш
Не мора пари да троши за гест да направи. Ако не сака било каков гест да приреди тоа е веќе друга работа. Смешно е да чекам некој сок да ми купи.
Имам право ако знам дека има пари а е циција. Зборуваме за 50денари, еднаш месечно шо ќе ги даде, просто не ми се верва колку цепидлачите. Океј е.
Не знам колку години сте и зошто не работи но ако имате над 20 и немате работа или желба да работите за пристоен живот сега можеби не но понатака нема да можете да се издржите еден со друг