На кого му е потребен циција? Денес не сака кафе утре ке се лути за бензинот или новата блузичка на својата девојка/жена
И што правевте во зима на минус 10? Седевте во парк? Не сум знаела дека најобично седнување на кафе, кое патем кажано го делат по пола било каприц.
Како ќе ти се лути за новата блузичка? Планираш да купуваш блузички од неговата плата и не смее да се лути? Не можеш ти да си заработуваш пари сама и да си купуваш блузички?
Заборавате дека државава е во кризна состојба и шо се случува? Мислите сите сакаат да одам по кафичи да се шетаат? Епа има луѓе шо се пазат, пред се за родителите, баби, дедовци дома.
Викан дека сега можат да се истрпат но ако продолжат вака во иднина може да биде полошо сега се поединци ако преќутат на ова и си се земат утре за се ке си замеруваат па нема да можат да живеат од љубов
Па штом се пазат ич нека не се гледаат... а ти да шеташ навечер зимно време цела вечер едноставно не е изводливо.
Не, јас те прашав, дека напиша "никој не сака циција, утре ќе се лути за новата блузичка", планираш неговите пари за блузички да ги трошиш или твоите? Пошто може да се лути само ако неговите ги трошиш. А ако сакаш нови блузички, ќе си заработуваш сама.
Ако не излагаат како ке им трае врската, значи дека без обичните животни потреби не може да се опстои
Ако се омажиш за него тие пари се ваши а не твои или негови што значи се троши од вашите пари за сопствено потреби. Освен ако не си ги делите парите ке бидете сами за себе
Се согласувам дека не се компатибилни. Но за едно не сте во право.Девојката се изјасни дека постојано се прилагодува на опцијата шетање но има поминато многу време откако не се излезени на кафе или бил џентламен додека шетаат да зеде по еден пијалок.Чим пишува спортска,сигурно има пари за да купи ливче. На мои другари родителите им давале пари и им викале за да го почастиш девојчето во средношкоски години(мислам на нивните партнерки).А ако е повозрасен ,работа пак има само многу и пребираат луѓето и во вакви кризни ситуации,значи не му се работи и океј му е од дома да чека. И пак ке повторам, девојката не сака луксуз .. основни работи.
Едно е да немаш пари и да штедиш, друго е заштедата или шо и да е да ја оставаш на спортска. И ај што уплаќа, туку и добива. И, не е во ред ако воопшто се нема понудено он нешто да плати или да купи нешто ситно, ако навистина ти постојано плаќаш сметки и го частиш.
Парите се на тој што ги заработува. Не ти следуваат ексклузивни права над неговата плата само затоа што си омажена за него. Платата на 1ви стигнува на негова сметка. Не може тој да е циција што не ти купувал блузички, а ти не одиш на работа. Тој ако е циција, ти што си во тој случај, мрзелива? После се чудите зошто уште мажите ги подценуваат жените дека се неспособни. Ќе седам и ќе чекам блузички да ми купи, ако не ми купи тогаш е циција. Боже.
Мене лично многу би ме повредило некој да дава пари спортска да пишува, а да не сака да седне со мене на кафе. Девојчето сепак излегува од комфор зоната и пешачи со него често, што значи спремна е да направи компромис. Да, не е должен ништо да и купува, ама штом фрла пари на кладење, може да седнат некаде и убаво да се видат кај што се почитуваат мерки. Ако е за тоа безбедноста во кладилница и во кафич нешто многу многу не се разликува. И не ми изгледа дека бара партнер со стан, кола, луксуз иначе ќе го баталела или воопшто немало да се занимава со него. Неа колку што ја сфатив најголем проблем и е тоа што тој ретко сака да излезе со неа и да се видат. А @Sarichkaaa што прави во животот, студира, бара работа, има некакви планови? Ако е привремено без работа мислам дека ќе издржите, ама ако не сака да работи тоа е веќе сосема друг проблем.
Советов....ако спортската му е побитна од мене, треба скроз океј да сум со тоа? До @Sarichkaaa извини, ама јас мислам дека си се навикнал он ти да бидеш таа што ќе попушташ, ти да му плаќаш, ти да го носиш....и сега така си тера.Остави што те напаѓаат дека сакаш и најмало внимание и убав гест од дечкото, нормално е и не те прави тоа лоша личност.Тоа што денес се се оценува како материјалистичко и разгалено е друга работа и е глупо. Зошто тој да не направи компромис за едно кафе во неделата? Зошто она да прави компромис да шета по ладното?
Не. Човек што редовно игра спортска за мене е неодговорен човек. И милиони да има и да немаме проблеми од ваков тип, и станови да имаме и коли, ако игра спортска пак ќе ми смета. Не заради парите, туку заради навиката. Исто ко што не би ми сметало тоа што нема пари затоа што не оди на работа, туку зошто не оди на работа. Ако не оди на работа од што е неодговорен, и пребогати да се неговите и да му даваат пари, пак ќе ми смета.
Мојот бивши работеше но не сакаше да работи Имаше пари но ги трошеше на јадење како хамбургер и го јадеше на клупа Имаше пари и за кола и за возачка но не сакаше а не сакаше ниту автобус Поентата ми е дека и се да имаш ако не знаш да го искористиш џабе е А да немаш и да не се трудиш да имаш лошо ке биде само за девојчето на него ако не му е сеедно се ке се труди
@Sarichkaaa, ако има пари да уплати спортска, значи има пари и за кафе, ама очигледно се приоритети со прашање. Е сега е време ти да си ги испиташ твоите приоритети Сакаш дечко со кој ќе ти биде удобно на топло, или дечко со кој ќе се мрзнеш зошто коцкањето му е побитно од твоето здравје? Да немаше ич пари сосема различно ќе ми беше мислењево, ама штом има пари за порок не е за жалење типов. Исто, претпоставувам дека пари за кондоми има, ама за да седне со тебе некаде нема.
Јас имам 20, тој 22. Прашуваше членка па прво тоа да го одговорам. Погрешно ме сфаќате, ниту чекам да ме части, ниту да ме развозува со непостоечката кола. Штом сум со него 2години сум го прифатила фактот дека нема автомобил. И ако прочитавте убаво јас го развозував еден период, замислете. Ама не може само ја да правам отстапки, па ладно ми е бе упм да дремам на клупи цело време. Го молам да седниме некаде, ќе бараме каде нема гужва, само да се видиме ко луѓе. Коа веќе не може по дома, не може во кола, да се гледам на клупи на минус 20? И без работа е неколку месеци, зборувам за еден мизерен гест каде ќе ме почасти една лимонада, тоа одамна не сум го дочекала. Прво имав осет, си велев тешко му паѓа тоа што е без работа и као глупачка некоја плаќав сметки или покривав поголем дел од сметката од скромниот буџет шо ми го даваат моите за да не сум достојна едно сокче да ми купи. Не е толку мизерен, има пари. Не сум две години со него без да знам каква му е финансиската состојба, горе долу тука сме двата. Ама повторно ќе речам тоа е мањи проблем, во споредба со излегувањата. @Nausicaa теретот за кондоми некад (често) е и на мој грб. А не се баш евтини, 140 го купуваме пакетче дурекс. А последниве месец/два, кога ќе треба тој да купува кондоми зема од евтините шо не ми се баш најнајсигурни и од страв земам купувам јас. Кога веќе се спомнаа кондомите..
Само ќе ти кажам дека една врска да биде убава да има позитивни вибрации да ја осеќаш и посакуваш...сето тоа не го прави ниту сокчето ниту колата ни пак прошетките, тоа се само сегменти и составни делови од врската, вам очигледно не ви оди, веројатно двајцата сте со различни размислувањеа и идеали (од секогаш ваквите врски не сум ги сваќала) значи една личност ако не ти годи онда зошто си во врска? Ќе речеш долго идеме ќе речеш го сакаш?? Маа не не го сакаш, тоа не е сакање, ти посакуваш човек кој ке те прошета со кој ке излезеш на кафе на пијачка со кој ке бидеш сама и ке уживаш во тој миг и така натаму..и ова ниту е погрешно ниту е за осудување бидејки гледам некој го осудува ова ноо секој си има право на сопствен избор а тој што осудува туги живото нема свој или го е страв да го живее својот па талка по другите и кажува што му чини него а што не. Значи од целава моја филозофија сакав да кажам дек тој човек не е за тебе односно не ти одговара на твоите идеали и замисли на живот и што онда се мачиш со него, барај го нештото во кое ќе се пронајдеш. Во врска не се пронаогате со партнерите и се жалите од нив а што мислите ако би направиле посериозен чекор ќе се смени нешто на подобро? Тогаш “сокчето” е е најзанемарливата ствар.