@Sarichkaaa, од ова погоре напишаново мене ми мириса на тежок материјалист. Ти покриваш и за двајцата, а тој си гледа само за себе. Таа ваша врска е далеку од здрава. едит- сега ти го видов коментарот и воопшто не ми се допаѓа тоа што го прочитав. А ако сега не му се даваат пари за квалитетни кондоми, замисли колку нема да му се даваат пари за пеленки и останати бебешки работи.
Не сака да седи во кафичи и ресторани заради ситуацијава, или ситуацијава моментална е нормална за вас не ве разбирам, сосема нормално е си одиш на кафе, па ако зарази некој од семеството и почине, немаш гајле, важно си тераш кеиф. Едноставно сака да се заштити и себеси и фамилијата.
Еве шетавме, седевме кај него дома, одевме на планина, кај мене дома, наоѓавме начин, беше невработен некој период, немаше возачка и немаше кола, сите пари што ги носеше татко му дома беа испланирани до крај, имав разбирање, не се лутев. Друго е да биде вработен па да не и купи едно чоколатце и да разбирам зошто се лути ама вака? За кафиња не е проблем, ама нејзе и смета што и нема кола, нема возачка, немаат простор каде да седи. Ете има возачка она, зошто не вози таа? Кога се вработи тој, кога се вработив и јас, правевме компромис, некогаш ќе ме честеше, некогаш јас него, некогаш ќе готвевме или секој ќе си ја платеше сметката. Ако и пречи, нека си замине и решен проблем. Не мораш да се согласиш еве, ама тоа е мое гледиште на работите.
Материјалист и торко. Како не му е срам бе, малку машкоста да речи да подарам нешто, однесам негде девојката... он дури и кондомите му ги купувале. xD
Па не би рекла баш дека е материјалист, тежок збор е тоа. Не ми рекол никад да платам јас, или да му купувам нешто. Но ете, не троши пари за работи кои не му се приоритет, пример не сака да иде по кафиња и не сака да троши пари за тоа. Но кога ќе размислам подобро, не ми доаѓа на памет за што се потрошил во последно време за мене, што му е приоритет.. Да не се повторувам повторно, одамна ниту ме частел ниту па ми купил нешто такада изгледа дека врската во целост не му е приоритет да се троши на неа. И не знам како да започнам муабет без да звучам како очајна материјалистка.
Не и смета што нема кола, туку што не сака да седнат на кафе, кое патем, таа го плаќа, туку инсистира да се шетаат. Ако за тебе е нормално на секое гледање да шеташ по улици на овие температури, не знам што да кажам
Ама они немаат простор да одат по дома. Она возела, и го возела, ама пиша дека и се случило нешто и сега пауза прави од возење, што не гледам проблем тука. Плус, мислам во ова новото што го пиша поголем проблем е тоа што искачањата се сведуваат само на неговите желби, односно шетање на ладното. Она сака да седнат на топло, ама магично нема пари еве за обичен чај од 60 денари, ама за спортска да уплати има.
Очигледно коцката му е побитна. Си го направил тој изборот во животот, а ти размисли дали сакаш да бидеш со некого што секогаш ќе ја става коцката пред најблиските. Слушај паталец. Не заслужил да го жалиш, ни да му плаќаш. Не заслужил да жртвуваш ништо за него. Не чувствувај вина за тоа што ќе го одбиеш, за тоа што сакаш добар живот и барем малку внимание. Ич не е наивна ситуацијата. Едноставно, не му иди по гајда веќе. Немој твојата среќа да си ја жртвуваш од грижа на совест или "да не бидеш лошата"
@Sarichkaaa како со ист да излегуваме. Веќе три зими надвор по клупи, до лани барем по кафичи можеше, оваа зима нема ни тоа. Кај него не, не примал гости (оти јас гостин сум) поради којзнае која причина, кај мене не сака срам му било. Епа не знам како планира наредните шест месеци да се гледаме на -20. А ние не сме ич мали за жал. Јас од љубов трпам толку време, ме нервира фактот шо за се' ќе најдат начин освен да допринесат во врската. Како девојката да е лесно заменлива, а се' друго не можи да се замени. За сокчиња и кафиња, никогаш и од никој не сум сакала да части, така да околу тоа сакам чиста сметка и до денар делам. Некогаш и ми се лути, ама таков принцип имам и не отстапувам. Најмногу ради тоа што еве и еден сок да купи, пак женското е материјалист.
После се што напиша ти викаш сака да ја заштити затоа не иде? Во кафич кај што идат двајца без тројца е исто како сами да се шетаат, ќе си најдат место кај што е празно и готово. Инаку биле во ресторан последно, ама она платила, па валјда затоа и биле.
Исчитав се и не е ич наивна ситуацијата. @Sarichkaaa Ќе седниш ќе направиш муабет и се шо си пишала тука ќе му кажиш во лице. Не гледам ништо материјалистичко тука, ако се фати за парите значи само бара рачка ти да си кривата во случајот.
Фемина форумска логика: Ако очекуваш машкото да те почасти понекогаш, тогаш си спонзоруша. Ако очекуваш машкото сам да си ги плати кафињата, тогаш си материјалистка. Види, секој има право да биде среќен Ако за тебе соодветен партнер е некој со кој во зима ќе можеш да седнеш во топол кафич, тоа не те прави материјалист, туку нормален човек. А кој сака да биде жртва на љубов, да шета по ледено зошто партнерот не сака да одвои 100 ден за сам да си го плати кафето, слободно нека си се тапша по рамо како ете, не е материјалист(ка) додека лечи бронхит Не за друго, добра јакна+ топли чизми+ капа+шалеви+дебел џемпер, тие веројатно се поевтини од кафе во кафич, ама ајде, нема врска
И уште ова, да не испадне дека само го напаѓам. Ми обрнува внимание, често иницира да се гледаме, постојано висиме по телефон, знам дека ме сака ама не се труди за мене. Осеќам дека ме сака ама ме зема здраво за готово, мисли дека повеќе не мора да се труди за мене пошто веќе длабоко сме навлезени во врската. Баш и поради тоа што двата се сакаме одбивам да ставам крај на врскава, ама не оди вака, цело време сум разочарана и незадоволна од нешто.. Дефинитивно ќе зборувам денес со него, не можам поише вака.
@Sarichkaaa си разговарала отворено со него? Од место за гледање, па преку тоа да зараблтувате и двајцата и на крај за неговата коцкарска навика?
А зошто се правдаш воопшто. Ако не си среќна раскини, никому ништо. Тука никој не го живее твојот живот, за да почуствува што ти чувствуваш. Со оглед дека имаш 20 години, наместо да му плаќаш на шлепачот, искористи си ги парите за нешто лично и продуктивно. За некое време единствено што ќе се каеш е што си потрошила време. Човек тешко се менува, така да...Живеј си го животот по твои правила.
А што во кафич ќе фати корона а во кладилница не ? Нека бидам материјалист и јас, но мене 25 годишна девојка некој да ме влече по клупи и паркови ? Не, фала. Секогаш гледам да сум дотерана кога излегувам, да се лицкам со саати за да ме носи во парк како деца? Леле и кондоми она купувала. Немојте, дека некој нема 200 ден да искочи на кафе еднаш два пати месечно ете,немора повеќе. Башка девојкава сама се изјасни и она пола плаќа. Јас би се осеќала како да сум во врска со некое дете..
@Sarichkaaa Само побара совет. На крај излезе дечково материјалист, ти спонзоруша. Не се објаснувај, гледаш дека те осудуваат само Мое мислење е дека еден искрен разговор може да смени се. Види што ќе ти каже и како тој размислува во поглед на тоа. Кажа дека те барал и иницирал средби, мене тоа ми значи.
Абе, а прошлиот пат кога пишуваше за колата сите ја осудивте/ме, а дечкото беше жртвс, а сеа она е супер тој не чини? Ок, вие си знаете. Јас викам дека не се компатибилни. Очигледно љубовта не и е доволна нејзе, таа сака и материјално внимание и треба да си најде човек кој тоа може да и го пружи, а и тој скромна девојка која ќе го прифати таков каков што е: без кола и без возачка засега, со шетање и дремење по паркови.