Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Па многу се различни твојата и нејзината ситуација.
    Прво кога дечко ти немал работа не идел по кладилници и да го троши и тоа малку што го има, туку верувам дека пак за заеднички работи ги давал. Плус барал работа, одлучил да го смени сето тоа, па потоа се средило се. Минлива и привремена работа била неговата невработеност. Друго е некој да не сака да работи и огромен финансиски товар да паѓа на партнерот. Плус вие сте седеле дома и кај него и кај тебе, девојчето нажалост го нема тоа, живее во преполна куќа/стан или што и да е.

    И пречи очигледно штом пиша овде, ама затоа се трудиме да и објасниме, затоа што за раскинување најлесно е. Ова нивново мислам дека може да се реши ако тој си ги смени навиките и и посвети неа повеќе внимание. Секоја вечер во зимно време да се шета не е решение, како сакаш гледај на нештата.

    Не е убаво луѓе, го замислувам муабетот, еј неам пари ај да шетаме вечер. Ок. Што праиш сега? Еве до кладилница. Не е убаво.
     
    На Juicy, sparklie, thelittle17 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Ги читам коментарите и навистина се чудам. Зошто да не очекувам подарок од партнерот? Или да ме почасти во ресторан? Платата не е ни моја, ни негова, туку заедничка, затоа што домот е работа на двајца. Дури и кога бев во врска, не гледавме мое, твое, туку баланс за двајцата. Кога сум имала повеќе јас сум купувала, плаќала, кога имал повеќе, обратно. Епа еднострана ако е љубовта, авантурите, доживувањата, па и плаќањата, што ќе ми е. Што има лошо да очекуваш некој букет, предмет, што год од партнерот? Јас едвај чекам нешто да го изненадам, а и едвај чекам мене нешто да ме изненади. Да, можам се сама, но зошто да не си правам интересно, послатко е кога нешто одамна што сакаш, да те изненади некој, отколку сам.
    @Sarichkaaa батали го. Времето што го троши на спортска, може да го инвестира во праќање на CV. Ако сакаш да работиш, ќе работиш пошто зашто. Ако чекаме да ни падне од небо некоја добра работа, може ќе дочекаме во нареден живот. Сум работела буквално пет различни работи, што врска немаат со мојата струка, само без пари да не останам. Трчав, барав, не седев во место и да кукам како немам работа. Не е оправдување, иако ситуацијата е моментално лоша. Работа има, во магацин, маркет, контакт центри. Колку да вади за достоинствен живот. И не, не заслужуваш таков дечко.
     
    На Veta, thelittle17, sunshinebabe и 11 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Имав и дечко кој живееше во куќа која што само што не се беше распаднала, со две соби, едната дневниот престој каде што спиеја неговите а другата неговата која ја делеше со сестра му. Немавме приватност ккога бевме кај него. Секогаш кога одев кај него домашните беа дома. Мајка му ќе ме пречекаше со некоја зготвена манџа или пржени компирчиња.
    Одеше сезонски секое лето во Германија да работи 3 месеци, и татко му работеше, платата не му беше редовна.
    Парите спечалени од странство ги трошеше за школарина за сестра му и него, седеше во студентски и се хранеше од боновите кои ги добиваше секој месец. Неделата трошеше по 500 денари едвај, а со другите ги подмируваше сметките некогаш за дома и за студирање.
    Кога идев во неговиот град кај што студираше често дремевме во студентски дом. Јадевме што имаше.
    Сме шетале на високи температури и не ми пречело, имаше кола едвај купена и ја купи откако завршија со сестра му студирањето и не го терав да се возиме.
    Требаше да мрчам да ми купува чоколада и носи во ресторанти и да пиеме кафиња иако знаев дека има пари на сметка и да се возиме со колата ?
     
    На sunshinebabe, Different7, lonely222 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.234
    Пол:
    Женски
    И што треба сега, медал за скромност да добиеш?

    Извини вака, не дека сакам да те напаѓам, ама се претерува со тоа не очекувај ништо, зашто баш од тоа во случајов на членката, дечкото се навикнал таа да допринесува скоро за сѐ, па убаво му е и не сака ни со прст да мрдне за нејзе.Мислам, како за комшијата да е дискусијава, а не за подолга врска.
     
    На tinka-mace, Juicy, Emy867 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Повторно споредуваш два различни случаи.
    Во твојов пример дечкото се трудел да заработи и тие пари ги инвестирал во подобра иднина, односно школување и придонесувал дома, односно си имал визија за иднината и се жртвувал за тоа.

    Нејзиниот ниту работи, ниту инвестира во образование, ниту има некаков план за иднината, освен играњето спортска и ваљда надежта дека без труд ќе се збогати. Значи проблемот е што е крајно пасивен и неамбициозен, а не што моментално не излегуваат никаде. Не се работи за привремена ситуација како во твоите примери, туку за ситуација што не само што нема да се подобри, туку и ќе се влошува.
    Сега можат да се откажат од кафето кое чини мизерни 70 денари, а во иднина што би правеле?
    Ќе се хранат во народна кујна и ќе чекаат донации?

    И зошто упорно за излегувањето ја користиш фразата "да ја носи на кафе или во ресторан"?
    Тоа подразбира дека тој целосно ќе ја подмири сметката, а девојката сто пати кажа дека таа сама си плаќа, дури и него го части, ама типот ете пак сака да си шета на минус 20.
     
    На thelittle17, sunshinebabe, Jana06 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Пак не ме разбираш. И не можеш да направиш паралела за тоа што ти зборувам јас. Твојот дечко е типичен пример за човек кој е вреден, ако треба и до Германија ќе отиде, ќе спечали за да си се едуцира, ќе гледа да направи нешто од него во иднина. Со тоа покажува дека е вреден и таа ситуација во која биле била привремена. И самата ја пиша "последицата", oдносно си купиле кола.

    Другиов не работи (не знаеме дали бара воопшто работа, ако бара тогаш е друга ситуација, затоа и во првото мислење ја прашав членката).

    Едно е да немаш моментално, друго е да не сакаш да имаш. И препрочитај уште еднаш убаво што вика таа, дека и смета тоа што нема компромис со него, дека и смета што парите ги дава по кладилници, а за да излезе со неа нема никогаш, дури ни некој најмал гест нема направено. Да сакаш во толку години врска некој да ти направи најмал гест не е ништо чудно, не значи дека е пијавица која сака да живее врз негов грб.

    Едит: Со @Asparagus не сме иста личност :D ако ни е исто последново мислење.
     
    На thelittle17, sunshinebabe, Jana06 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    17.559
    Пол:
    Женски
    Не е исто затоа што е затворен простор, може некој од келнерите да е заразен, ова не е вообичаена ситуација и затоа го пишав тоа дека треба да се земе во предвид, тргнувам од мене дека од кога е ваква ситуацијава ни не помислувам да седнам во кафич и ресторан, ни па ми е дојдено да си правам кеиф по цена на моето здравје и најблиските(не знаеш неговите дома во каква здравствена состојба се). Друга работа е тоа што она веќе е во врска со него две години и самата кажува дека ја сака, ама не и обрнува внимание како таа што сака. Штом имаат различни интереси значи дека не се еден за друг. Знам ваков пар, кои и пред брак имаа тотално различни интереси и погледни во животот, стапија во брак и сега пак е исто, заедно живеат само како цимери не како брачен пар. Затоа девојкава треба да си го реши проблемот навреме.
     
    На Purplelilac, IRBBB и deskarada им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @Asparagus и @KateKane ве разбирам и двете.
    Само што уште кога видела дека нема компромис и нема иднина можела да прекине уште тогаш, не да чека толку. :)
     
    На IRBBB, eliesaab, СуперДевојка и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Вика дека се сакаат па затоа
     
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.178
    Пол:
    Машки
    Мене ме чуди само како со секој нареден пост девојката пробува да го оцрни уште повеќе дечкото. Онака од лошо, кон полошо. Има ли крај?
    Еве сега дознавме дека таа и кондоми купува.
    Што ќе е следно? Дека и гаќи му купува?

    Не знам дали бара совет, или само сака да си се претстави во подобро светло пред нас затоа што некои не ја оправдуваа за нејзините барања.

    Smells fishy.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Да бе ќе троши пари на каприц као нови гаќи коа може тикет да уплати.
    Иначе мене друго ми мириса fishy.
    Тоа што сеа брзо постираше сликица во која мажите го носеа на грб цело пошироко семејство ама сеа се потресуваш што некоја е незадоволна што мора да мрзне надвор пошо дечко и нејќе пари за кафе да даде.(за неговото кафе поточно).
     
    На Emy867, thelittle17, Jana06 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Будала. Место да си најде некој бизнисмен и со него да се ебе, да ја шета, па да има зошто да лепите етикети, таа дошла тука, бара совети како да си ја подобри врската и како може да направат за да си ги средат проблемите. Прави секакви компромиси, мрзне надвор и дише чад пошто сака да го оцрни и ние тука него да го плукаме а неа да и се клањаме.

    Е сеа греши што кажува како што е, инаку ние треба по правило да сме видовити за да знаеме како да и помогнеме.

    А да прочиташе од почеток ќе сфатеше дека и гаќи би му купила пошто го сака, пошто и е дечко и е убав гест за да го израдуваш некој што го сакаш. А тој неа ништо, нула.
     
    На Emy867, Veta, thelittle17 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Моментот кај што не работат двајцата ми боде очи.
    И кондомите, и кафињата се купени со пари од родители.
    Муабетиве дека кај партнер смета кога нејќе да троши пари за кафе, за кондоми, за внимание на девојката ќе ми беа ОК ако работеа двајцата.
    А вака, мене чудно ми е што знам.
    Ко што реков, несакање да оди на работа, играње спортска и слично, се работи што кај партнер би ми сметале и да е турен од пари. Пошто неодговорност е во прашање.
    И пари да си имам свои и повеќе од доволно, нејќам партнер што игра спортска.
    Не за да ми ги даде парите од спортска мене, туку за самото играње спортска, ме разбирате.
    А вака пари од родители, двајцата живеат со родители...
    Во иста позиција се двајцата.
     
    На tina2018, *Amethyst*, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Разликата е што она е 20, тој 26. Некој не може да работи кога студира. На 26 што е причината?
     
    На tinka-mace и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    Нема разлика.
    Ако очекувам од партнер да е независен, треба и јас да сум.
    А има многу, многу што работат и студираат во истовреме.
     
    На thelittle17, eliesaab и deskarada им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.395
    Пол:
    Женски
    На tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Па има многу. Јас сум ги правела двете, ама можев да ескивирам. Има факултети, каде не може да ескивираш. Предавања имаш цел ден. Нешто преку ден, па вежби попладне. Како да работиш, мислам и да сакаш не можеш да изведеш.
    П.С моја грешка за 26. Како и да е, секој треба да си живее како што си замислил. Утре нема да му текне на моите, твоите совети, туку ќе си ја чука главата зошто животот си го троши на личности што не и носат среќа. И воопшто не е за судење, некој да има свои желби и барања, особено ако се косат со сопствената среќа.
     
    На Emy867, *Amethyst*, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Само што таа не очекува тој да е независен, туку да направи компромис и да седнат на кафе, исто како што таа прави компромиси и се ашка на ладново.
     
    На Emy867, thelittle17, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Според мене, нема потреба да се карате за ова. Разбирам дека сте млади и си сакате интимност, целата оваа ситуација треба да ви биде мотив плус да вложувате во себе, и да си створите утре ваше катче. Самата кажа летово сте шетале по кафиЌи, што значи дечкото сепак прави компромис, а тоа што последниве месец дена не сте биле, не е воопшто трагично. Поради ситуацијава поготово, ни јас не сакам да идам по кафиња и да пијам од филџан што набрзинка го поминале со вода. Башка, дечкото те вика и кај него дома, не викам дека не си во право што ти е непријатно со оглед на тоа што ја дели собата со брат му, но еднаш во месецот ако појдеш, никој нема да каже дека си без осет. Околу купување сокчиња и частење, не треба ни да размислуваш. Не е тоа доказ за почит, еднаш ти, др пат тој. Поготово кога партнерот не работи, треба да имаш разбирање за ситуацијата. Ако си го почастила затоа што си сакала и си имала можност воопшто не го пререкувај тоа.
     
    На thelittle17, lonely222, IRBBB и 7 други им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.405
    Точаче да не сакаше да пишеш во СДК:)