Ама 22 години има дечкото де, не знам кај виде ти 26. Значи разлика нема меѓу нив никаква. Двајцата се тука некаде со години, двајцата не работат, двајцата живеат со родители. Проблем настанува од двете страни. Да живееја настрана ќе имаа интимност, да работеа двајцата ќе се частеа по ресторани. Ако девојката живееше сама и работеше, а тој не, проблем ќе беше. А неможе да е проблем, јас го частам, тој мене не, ама парите уствари со кои го частам се од моите дома. Ако на девојката и студи, ќе му каже или во кафиќ или не излегувам. Кога ќе се видат нека си плати секој своето, пошто пари земаат од дома. И толку. И таа ќе излегува со него по ладното одвреме навреме и тој ќе седнува в кафиќ одвреме навреме. Ништо комплицирано.
Со парите од дома може и пандора алка сака да си купи, ама не може пошто треба да изиграва спонзор, да купува куртони и да части. Што има врска од каде е потеклото. Битно има и си може. Мислам зошто да ја напаѓам ради тоа?!? И тебе ти давале твоите џепарац, па убаво ли би ти било, наместо да си го гледаш кеифот за себе, да треба за друг да го даваш.
Па добро бе имате ли малку човечност, осет и соочуство кон другиот. Каков е овој начин на изразување? Какви се овие совети? Во животот секој има право што сака да биде. За греота, девојчево се уште ве чита
А кој ја тера сосила да ги дава парите? Сосила никој не и ги зема. Може да рече, сега јас ќе купам кондоми, следниот пат ти. Ако не купи, нема секс де. Просто и препросто. И ако си одлучила дека нема да работиш туку ќе студираш, нема што некој да плаќа за твојата одлука. Не зборам дека нема да се частите со дечкото еднаш, два пати. Ама ако те части супер, а ако не, никому ништо. Нема да очекуваш.
Исто ако тој одлучил нит да работи нит да студира, а тие пари што ги има да ги троши на спортска, нема што некој да плаќа за неговата одлука.
Ама така ќе беше ако сосила и ги бараше парите. Ако и викаше јас не работам ама ти купувај кондоми, ќе беше така. Ако и викаше ај на кафе ама ти плати, ќе беше така. Ама пошто не е така, таа не плаќа за негови одлуки. Таа плаќа за нејзина одлука. Фино лепо може да му рече 50/50. Еднаш кондоми ти, еднаш јас. Една вечер ќе шетаме на ладно, една в кафиќ.
Абе реално на 20 години ретко кој не земал пари од дома. Затоа по пола, ако некој некогаш изрази желба да почасти, ок. Само сега на сред пандемија баш и нема место за компромиси, седење по кафичи или за барање добра работа. Јас би оставила да помини ситуацијата, би стегнала заби уште некој месец (се надевам), па после ако нема желба да промени нешто секој по свој пат.
Тоа и му го рекла, само што не му било приоритет да дава пари за кафе (како да збориме за инвестиција од илјадници евра), а не 60-70 денари во маалски кафич.
Ништо што да речеш, неа и се други очекувањата и колку и да се трудиме тука, не можеме да смениме ништо. Исто и првиот пат, со колата. Еве сеа таа провоза, и се стресија еднаш рачињата и татичко не ја дава веќе колата. Не е лесно кога зависиш од други... Никој не му ја знаеме ситуацијата на дечкото дома каква му е, зошто нема работа и дали навистина не бара или не може да најде од Х причини. А ливче во кладилница може да чини и 20 ден, не мора стрикно 100/200 како шо пишаа погоре. Во Скопје кафе за 20 ден има само на кафемат.
Девојката треба да си најде некој што сака исто што и она @Sarichkaaa немој да си го трошиш времето и животот со некој кој и не го интересира многу за тебе
@Sarichkaaa он како повозрасен треба малку да е свесен за некои работи, а ти не си должна да го финансираш и плус да го возиш. Утре-друг ден ќе чека од тебе сè друго, а ти ќе тапкаш во место од фрустрираност. Мене не ми се допаѓа делот со спортската - ако има пари за ливче, ќе има и минимум 70 денари барем(!) за неговото кафе. Работа има куп, ако му се работи.
Не дека некој некогаш ги слуша советиве, ама ај ќе пишам мислење. Не знам зошто некои се фативте за сокчињата и частењата како главен проблем, кога тука најбитниот проблем е локацијата за средба т.е. непоклопување на размислувањата во тој правец прво и основно. Јас лично ја разбирам девојкава дека не сака да се измрзнува постојано затоа што навистина со загаден воздух и минусни температури не е баш за шетање секоја вечер, но од друга страна го разбирам и него ако не сака да оди по кафичи бидејќи сепак тоа е право на личен избор кој сметам дека партнерот треба да го почитува во ваков период. Она што ми влегува тука како чудно е одењето во кладилници. Сметам дека ако се има страв од вирусот нема воопшто да се изложуваш на ризик освен ако не е неопходно. Јас колку што знам без коцкање се живее, а исто така знам дека кладилниците моментално се едни од најнебезбедните места каде може да отидеш со оглед на тоа што (барем кај мене) мислам дека слабо почитуваат било какви протоколи и мерки. Значи АКО тој реши да се чува од зараза со непосетување и на кафичи и на кладилници, а ти не сакаш да мрзнете надвор на клупи по паркови, тогаш единствената опција за гледање ви е дома кај едниот или другиот. Е сега услови можеби немате идеални, ама ако се работи за неколку месеци и ако на двајцата ви е битно да успее врската, тогаш треба да бидете подготвени да направите и таква жртва. Кога станува збор за тоа што не те честел. Јас сум човек што генерално сакам сама да си плаќам за се', ама некогаш ете знам да прифатам и гест. Од друга страна со цело срце сакам да почестам, ама ако од еднаш-двапати не прифати другата страна тогаш не настојувам затоа што и таквото убедување ми е ептен незгодно и без врска. Гест како подарок без оглед на сумата која е вложена, кога е без посебна причина највеќе ценам и ме радува и мислам дека таквите треба да ги има понекогаш во врската, бидејќи сепак се одраз на внимание, досетливост, емотивност, култура и јасен знак дека ти е битно личноста која ја имаш во животот да се почувствува убаво. Но, кога станува збор за вакво специфично време во кое останал без работа, не би замерувала. Баш напротив, не би ми паднало ниту на памет дека токму сега такво нешто изостанува во нашиот однос. Секако, ова го кажувам ако се случува само сега, а не во целото ова време во кое сте заедно. И последно и не помалку битно е дали и двајцата имате амбиција да се осамостоите. Доколку ни едниот, ни другиот ништо не прави по тоа прашање, а воедно не сте подготвени на никакви компромиси, тогаш само џабе ќе се измачувате кога на крај сепак сево ова ќе резултира со прекин. Размисли во кои аспекти и карактерни особини сте на слична фрекфенција, а за кои се разликувате. Тие кои ви се дијаметрално спротивни дискутирајте ги отворено. Само тука гледам некакво решение. Среќно.
Не се правете дека не сакате подарок од партнерот. Не ни мора да е некој wow супер фенси и скап подарок, нешто најобично, само како знак на внимание. Секој жив човек го сака тоа. И што ја укривувате девојката дека на 20 години сеуште нема свои финансии. Се собрале 2-3 тука на форумов и само истото па истото, морало и студирање и работење, они така правеле. Важи. Не велам дека не е убаво тоа да си самостоен, па сите сакаат да бидат самостојни ама некои факултети не може да студираат и работат, просто е невозможно. И се разбира дека девојката нема да сака да се моткаат на минусни температури во парк и на клупи да седат, немаат по 15 години. А секој може да одвои 60 денари за кафе, кога може за на спортска. Му било страв од корона во кафич ама не и во кладилница.
Неколку пати го читам постов и не ми е јасно како за дечково зборуваш во сегашно, а не минато свршено време.
Познавам еден куп парови кои што исто така немале или немаат услови да се гледаат дома а одат подолго време. Ако навистина го сакаш тогаш не гледам проблем да излезеш и да прошеташ, да пешачите.. не бара од тебе нешто што не можеш да направиш. Додека не живеевме заедно со дм, идеше во 23ч после работа да ме види макар на 5 минути, а некогаш и остануваше до 3 часот и си одеше на -20 до дома пешки. И пак истото би го направил за мене иако сме 5 години заедно. Не ти бара да го испраќаш и сама да одиш, туку шетате заедно, а верувам дека имате и можност да разговарате додека пешачите, не се деловни партнери па да мора да седнувате секогаш на ручек за разговор. Морате да правите компромис, еден ден ќе прошетате, друг ден ќе седнете на кафе ако имате можности. И ние на почетокот поради една ситуација не можевме да одиме дома па пешачевме, битно ни беше да се видиме и да поминеме време заедно макар било и на улица. Како што кажа, чим нема работа можеби навистина штеди ако фаќа спортски...кога ќе има работа тогаш ќе те почасти. Ние имавме лош период во кој ни јас ни тој не работевме 4 месеци... никогаш не сум му рекла зошто не ми зема сокче или не ме почасти кафе. Што имало тоа сме јаделе и пиеле, никогаш не сме ги делеле финансиите на мои и твои. Секогаш биле заеднички ама ние така се поставивме уште на почетокот. Можеби вашата врска не дојдена до тој степен, не знам колку сте заедно, колку години имате. Како и да е, во врската секогаш треба да има компромис, и да се прилагодувате бидејќи не е секогаш се сјајно и