Не, само памти си ги лагите Немој вака во лага да те фане и женска ти, се надевам нејзе си и кажал колку точно години имаш
Здраво. Прво да кажам, машко сум, се мислев прво да пишам на кајгана форум, ама мислам дека ова е вистинското место. Ми треба совет од женска гледна точка, очајно. Девојка ми во последно време е ептен "пропадната", тажна, депресивна. Има катастрофални домашни проблеми за кои ниту таа, ниту јас не можеме да направиме ништо, осудена е да ги трпи. Знам се што и се случува и секогаш сум тука за поддршка, ама таа последниве 2-3 месеци навистина многу опадна, се затвори во себе, не и се излегува, не и се прави муабет, мноогу е емотивна и секогаш одбирам зборови за случајно нешто да не ја налутам и дополнително да ја повредам, не е сега време и за такви проблеми. Сакам да направам нешто кое што барем малце би ја усреќило и би и ги тргнало мислите од сето тоа, ама буквално никаква идеја немам што би можел. Комуницирав со другарка и, пошто сепак таа ја знае многу подолго од мене, ама на крај дојдовме до заклучок дека единствено нешто што можам да направам е да сум тука за нејзе. Се трудам на многу начини да ја "подигнам" барем малце, пред некоја вечер во 1 на полноќ ми рече и се јадело сладолед, сите бензиски низ градов ги поминав за да најдам и да и купам, ја зедов, првите 15 минути беше супер среќна се смееше и на крај завршивме плачејќи. Не може на вечер да спие од страв од што е анксиозна, вчера до 4 сабајле не заспала а од 8 полагаше колоквиум, не знам што да направам веќе. Разговаравме за на психолог, се согласи и таа да оди, отиде два пати и уште полошо и стана, психологот и викал само леле душичка знам како ти е. И викам да одиме кај друг, нејќе. Нејзе единствен спас и е да се тргне од таа куќа, вика дека не може веќе да издржи таму, ама не може никаде да оди. Милион пати ја имам молено да дојде дома, разговаравме и и кажав дека сум спремен и да ја земам (за жена) и дека уште одма би ја зел за да ја спасам, ама не сака, вика нема шанси пред да завршам факултет, плус само година ипол сме заедно. Ја молев да дојде барем да спие со мене навечер пошто сама и е премногу страв и седи до сабајле, вика нема шанси моите ќе ме отепаат. Не ми останува ништо друго, освен да пробам некако нешто да направам што стварно би и направило барем да ги одтргне мислите, а стварно немам веќе идеја што, додуша секој ден се трудам и имам направено милион работи за кои што знам дека и е мило и ја прават среќна, но тоа е привремено и веќе после некој час пак е истата. Цел живот и било желба да има куче хаски, пред месец дена најдов и и купив, се прерадува и на крај татко и го зел и го однел некаде, не можам да опишам колку многу плачеше после тоа. Полошо направив.... Ми се кине душата веќе, само на неа мислам и дење и ноќе, ако случајно имате мислења и совети од женска страна би ми биле добредојдени...
Дали трпи насилство дома? И ако да, зошто не пријавува? Доколку она нема, дали имаш ти можности да овозможиш некое привремено живеалиште под кирија, па да живеете заедно, и кога психички ќе се подигне, заеднички да вложувате за него? Предложив живеалиште под кирија, бидејќи претпоставив дека сѐ уште живееш со твоите. Не знам колку год имаш, и каква ти е домашната ситуација...
Не трпи физичко насилство, туку психичко. Инаку јас имам свој стан, спомнав веќе дека и реков да ја земам или барем за спиење повремено да доаѓа кај мене, ама таа не сака, а за спиење нејзините нема шанса да ја остават. Се мислев некако јас со нив да правам муабет, и го спомнав и на неа тоа, рече немој не знаеш какви проблеми ќе се направат.
@Mar413 ќе бараш добар психотерапевт и ќе одите. Доволно е што си покрај неа и и' даваш поддршка. Проблемов не се решава туку-така, треба време.
И психичкото насилство се пријавува на надлежни институции. Јас да сум на нејзино место, да ми е животот пекол дома, би се префрлила на вонредни студии, (за да можам да работам), и би се отселила под кирија, макар и во една соба. Не може никој да ја спречи, полнолетна е.. И би побарала нов психотерапевт.
Имаме доста разговарано на таа тема, рече ете пробав, веќе не сакам. Во ситуацијава можеби најдобрите психолози може да сме јас и другарка и, сепак е друго да ти дава поддршка некој што знаеш дека те сака и му значиш, отколку некој што знаеш дека онака ради реда те советува пошто тоа му е работа. Самата таа вика дека поминала и полошо сосема сама и дека е само период (под период подразбирам ова што е ептен пропадната, иначе проблемите од кога ја знам ги има), ама јас не сакам да си дозволам само така да го поминува периодот и само да стојам до неа, би направил се само за да ја видам насмеана.
Мајка и и рекла ако си заминеш од дома, ќе се откажам од тебе како мајка и затоа е приморана да седи таму барем додека не заврши факултет.
Дали си сигурен дека не трпи физичко насилство, може се плаши да се отвори во врска со физичкото насилство, обично психичкото и физичкото насилство одат во паќет, за жал нема друг начин да се спаси девојката од оваа ситуација, бидеќи главниот проблем поради кој таа лошо се чувствува е токсичната средина во која живее и тоа и го предзвикуваат токму нејзините родители, навистина ова е една од најлошите ситуации бидејќи таа на некој начин зависи од нив иако е полнолетна, единствен спас и е да се одсели од таму. И да работи со писхијатар и психолог пак ќе мора да се одалечи од таа токсична средина, без да се оддалечи од нив не знам како би имала напредок.
Според ова, таа особа (“мајка”), секако ќе се откаже од неа, бидејќи девојката секако еден ден ќе го напушти домот. Така да, треба да собере храброст и едноставно да си отиде од таму. Не можат да ја спречат. Можат само страв да и’ всадат (што очигледно го прават), ама повеќе од тоа не можат да направат. Мора да пресече и да се заштити. Буквално ништо не и’ можат доколку излезе низ врата еден ден, и се пресели кај тебе. Не мора да бидете во брак за да живеете заедно.
Да да, сигурен сум, ми има раскажано се. Можеби не се изразив правилно, не дека ја малтретираат нејзе константно, туку нејзините се во брак што опстанал "поради децата", стварно многу лоши работи трпи, не би да кажувам сега се. И секако плус на сето тоа фрустрациите кои си ги имаат тие двајца си ги лечат на неа.
Кажав веќе, не само што имаме разговарано туку ја имам и молено да дојде, барем на некое време за да се смири, ама таква душа има што нејќе да има лоши односи со нејзините и покрај се. Не смее ни една вечер на спиење да дојде, катастрофални проблеми ќе настанат. Затоа прашував барем онака дали може нешто да ја усреќи барем малце во овие периоди.
Таа знае каква е ситуацијата помеѓу нејзините родители, единствено и преостанува да се помири некако со оваа ситуација во која се наоѓа, да се смири психичи, бидејќи залудно се нервира и си прави стресови кои се одразуваат на нејзиното здравје, а при тоа не може ништо да промени, единствено може да собере храброст да си замине од дома. Потребе е добар психијатар, навистина добар, што би и помогнал, ти единтвено што можеш да направиш е да и бидеш поддршка.
НОВ девојко те молам прибери се. Па какви депресии и посегнување по животот, за секс.... не е тој ни прв ни последен. Дигни ја главата горе и крени си го егото. Млада си животот е пред тебе немој поради едно лошо искуство да паѓаш во нервози и да се стресираш. Дотерај се, нашминкај се, прошетај. Сакај се малку себеси. Животот е пред тебе и ич кур да не те боли затоа што во оваа ситуација ти бираш дали нешто си изгубила или не, епа сега избери подобро. Емоциите те надвладале но сега ќе знаеш за друг пат, немој толку многу значење да даваш затоа што сепак си го направила тоа затоа што ти го сакаш и по твоја волја. Сега продолжи понатаму и тоа што било, било само кулирај и не се замарај
Ох, многу е тешко човек да се помири со таквата ситуација, многу им е лоша ситуацијата, буквално е хорор, мислам дека никој од нас не би можел она да го истрпи. Секој ден се нешто ново и уште покатастрофално од претходното и се дешава што упорно ја тоне. Можеби треба со психијатар да пробаме иако нејќе, ама си викам што фајде од се кога пак ќе се врати дома и пак истото ќе го трпи, мислам дека се џабе и психолози и психијатри и се.. Плус, не сака да оди, не можам со сила да ја однесам.
Дека можеш да се соочиш и да бидеш јак во ситуација каде што константно си психички малтретиран, не можеш. Ниту па можеш да го прифатиш ни па да го издржиш насилството ни психички ноту пак емотивно. Добар психијатар може да помогне, не психолог. Не и треба некој кој ќе ја жали, и ќе се соочувствува со неа.На неа и треба некој кој ќе и даде утеха, поткреба, ќе и даде волја за живот, ќе и даде сигурност и ќе и покаже дека во сето ова не е сама. Она е среќна што те има тебе и што вака се залагаш за неа. Можам само да ти кажам браво за тоа колку си посветен. Единствено што можеш да и помогнеш е да и ги отргнеш мислите кога е со тебе, разговарајќи за било што освен за проблемот. Шетајте и излегувајте, колку можете со оглед на ситуацијава. Долги прошетки некогаш навистина се лек. Ти си тој што и е потребен.