Не си моќен да ја промениш ситуацијата за жал. Единствено да ја присилиш да оди на друг психолог, по препорака. Сам човек тешко се справува со психички состојби. Ти може да ја мотивираш, да пробаш да ја насмееш, ама џабе ако гледа на се црно и не и е до смеење. Период е, кој може да трае долго, ако не превземе нешто. Не знам каква и е ситуацијата и што дошло до нејзината анксиозност, но додека сама не сфати дека и треба помош, не можеш да инвестираш зборови. Едноставно секој ден зборувај и, дека ќе и биде полесно ако отиде, дека има решение за се, дека ќе биде подобро. За година ипол што сте во врска, повеќе се ангажираш од нејзините родители, што е навистина апсурдно. Само тоа ти преостанува, секој ден да досаѓаш, инаку и тебе ќе те афектира целата ситуација. Јас не сакав да барам помош, но ми поставија ултиматум, или ќе одам на психолог или ќе раскрстиме патишта. Што беше целосно фер, со оглед дека фигурирав само во врската, не сакав да излагам, цело време плачев, цело време бев намуртена, сама со себе не сакав во просторија да седам. Не велам да постапиш и ти на таков начин, но мора построго, само на тој начин ќе ја натераш да оди, за да работи на себе. Така таа ќе има придобивка, а и ти преку неа. Знам дека има многу психолози и психијатри, чии методи и зборови се целосно непотребни и неефективни. Но, има и квалитетни, што навистина ќе помогнат. На крај краева, може и психијатар да посети, особено ако нејзината анксиозност резултира со депресија. А депресијата е уште потешка состојба, која може во голема мера да и го афектира животот. Тоа можам да ти го кажам, само биди досаден и упорен.
Со сарказам беше напишано . Таа има очекувања и тоа не е проблем, проблем е што се лаже себе си дека тие очекувања ќе и се исполнат. Врска веќе две години. Ќе остане трудна и после ќе кука тука на фемина како живеат во една соба и немаат никаква приватност. Наместо за суштински работи тие се фаќаат за банални работи, тоа ми беше целта. Дечкото си мисли дека го прифатила таков каков што е и дека најверојатно и е јасно во каква финансиска ситуација се наоѓа. Претходно коментирала дека неговите за цел живот не успеале една скапана кола да купат а имаче пари. Можеби и не им е до парите, може никој од нив несака да вози, а може и до парите. Битно таа не треба да осудува бидејќи незнае дали имале или немале и со што се соочувале во животот. Башка самата кажа дека е ваков откако останал без работа. Се фативте за сокот и кладилницата а не за суштинската работа. А лично јас или мм не би потрошиле ни 30 ден за кладилница а не пак 70 .
@Mar413 Ќе се согласам со @GrimTheReaper дека засега тоа е единственото што можеш да го сториш, штом одбива да се пресели кај тебе. Значи мора да посетува стручно лице за колку толку да ѝ се променат мислите и да ѝ се покачи самодовербата, а и љубовта кон себе. Мислам дека само ова би придонело за да еден ден, можеби не утре или идната недела, но после некој месец реши да пресече и си замине од таа токсична средина. Најголемата пречка за да го стори тоа сега е фактот што другите ги става на прво место, пред себеси и пред сопствениот живот, што е одлика на некој кој има ниска самодоверба и не се сака себеси доволно. Затоа советување е првиот чекор, а на тоа јас би додала колку што може повеќе време да поминува со/кај тебе. По можност дома да оди само за спиење, ете да не ги налути нејзините. Нека учи кај тебе, мотивирај ја дека веруваш во неа, продолжи да ѝ бидеш поддршка како и досега што си ѝ бил (секоја чест за тоа), ако имаш милениче ете ќе може да се дружи кај тебе со истото, а за навечер пред спиење можете да зборувате за некои теми кои ја расположуваат, па да може да се смири и да заспие порано. Според мене ова е тоа што можеш да сториш како помош. Се надевам и ви посакувам што поскоро да се одвои од нејзините и да имате убава врска каква што заслужувате и двајцата.
@Mar413 не се согласувам дека треба да бидеш упорен по секоја мера. Место постојано да ѝ велиш психолог, психолог, психијатар итн. ќе резултира само со намалена самодоверба. Онака низ муабет можеш да речеш дека и ти минуваш низ некој период па посетуваш психотерапевт и дека ти помага да го пребродиш. Со тоа даваш до знаеше дека си бараш решение за твојот проблем, што она повеќе може да го гледа како супер предлог наспрема постојаното зборење дека мора да посети.
Нема потреба да се настојува само психијатар, психијатар кога на девојчето дома му е проблемот.Ќе оди на сесии, ќе се врати и што, пак истата токсична средина.Значи, не велам дека воопшто не е потребен, да, ѝ требаат сесии можеби најмногу за да најде храброст да се спротивстави, ама тоа не го сече проблемот од корен. @Mar413 доволно правиш, ја поддржуваш, до нејзе си во секое време и тоа е супер, продолжи така.Но, сепак знај дека кога некој не сака сам да си помогне, твојата моќ тука завршува.Единствено решение е тоа што викаш дека е најтешко, да си отиде од таму.Магично нема да ѝ исчезнат домашните проблеми, со тек на време само ќе се зголемат, а тука ни ти ни психијатарот немате улога.И баш е добро тоа што си ѝ понудил да дојде кај тебе, сепак ѝ нудиш опција за да се спаси и можеби е најдобро да настојуваш што побргу да се пресели.Ќе продолжиш да бидеш покрај нејзе како досега, викај ја почесто да бидете заедно за да ѝ се оттргнат мислите, ама на крајот пак ќе речам, со сила ништо не може да се направи, за жал.
Да, многу убав совет да лаже и измислува ситуации... браво, кај ти текна? Пошо таа не знае кој е дечко и и низ што минува, па оддеднаш него дома ситуацијата му стана слична на нејзината и тој одма појде на психијатар и му помогна. Ок. @Mar413 за жал, толку е твоето. Супер што се трудиш, но единствено решение да е среќна е да се осамостали и живее настрана од семејството на што таа не е спремна засега. Не ја терај да оди на психијатар, тоа треба сама да одлучи, сосила можеш полошо да направиш. Биди и поддршка, утеха, вади ја од дома, правете работи што и се убави, одвлекувај и внимание кога сте заедно и тоа. На крај, таа се враќа таму и тоа е тоа. Жално е што многу млади паѓаат под влијание на родителите и поради финансиската зависност се манипулирани. Многу малку се храбри да спакуваат куфер и заминат. Затоа и нема како да се помогне. Стравот од “што ќе правам ако си одам од дома” е голем, се плашат да студираат и работат, дел се срамат да работат нешто што не им е по струка и трпат насилства и малтретирања. Затоа и нема како да им се помогне освен ете, тоа што ти правиш да ја усреќиш на кратко.
Здраво, денес случајно го земав телефонот на дечко ми да пребарам нешто на инстаграм, видов дека посетувал акаунти на женски кои ставаат "провокативни" слики. Бај д веј имаше и видеа кај што денсаат ..
Мислам дека тоа не е убаво од негова страна.Внимавај те молам тоа може да го прави и со девојки во живо.Од искуство ти кажувам.
денес прв пат приметив такво нешто, а плус, ми рече дека споделиле во група кај што му се другари па затоа влегол да ѕирне Инаку бурно изреагирав и ми рече дека нема потреба од преовеличување
Oк, да, што има врска стварно и ја би гледала убави мажи/машки не е тоа проблемот. Дури и би седнала да коментираме заедно за некоја згодна девојка со него. Ама некако не ми беше сеедно кога видов дека на recent search имаше скоро 10 и повеќе женски акаунти на кои знам дека им има манјачено слики
И јас гледам и следам акаунти на мажи со провокативни слики, и дечко ми исто следи познати јаки женски. Заедно си манијачиме и коментираме, шо има толку трагично во тоа еве не знам. Ако сме во врска превез на очите да си ставиме?? Никако гледање личности од спротивен пол освен партнерот.. Дај олабавете, не ги гушете луѓето контра ефект стварате само.
сори вака ама смотани сте, како го замислувате вие вашиот партнер било дечко или девојка, како предмет што сте го купиле од продавница? “гледал други девојки како денсат, лајкнал слика на друга девојка“ ваков бил онаков бил манијак бил, дај немој да зезате, оние кои не лајкуват па ко демек не гледаат па јас се кладам дека тие трипати повеќе гледаат од овие што лајкуват, ако неможеш со партнерот да споделиш што е убаво а што не да му се восхитувате на некој трет впрочем нели така би дознале можеби што да подобрите на вас од изглед, манир, култура....ондаа незнам што да кажам, па не постоите на свет само вие двајца не живеете на пуст остров сами со себе...смешни сте
пак ќе речам сори и пак ќе речам пресмешни ми се луѓето со вакви размислувања околу смотани кој како си свати и како се пронајде
Мене би ми пречело да се пали нон стоп на други, реални или виртуелни. Затоа и порно не сакам да гледа. Кажи му битно, па види што ќе ти одговори.