Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Тука има нешто... да нема не би се согласил дечкото другар му да пишува со некоја друга на фб и да се претставува ко него... мислам која логика е ова? Другаров сака да и се пушта на девојкава,а се претставува во друга личност? :^)
    Поразговарај си сериозно со дечкото, дај му до знаење дека нема да го толерираш тоа.
     
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    И мене ми е многу чудна целава ситуација,на што личи таа глупост да пишува тој од фејсбукот на другар му? неможе да си направи негов профил? мене тука нешто матно ми е,и плус тоа што го сменил однесувањето кон тебе...поарно испитај си ситуација некако и не му верувај слепо на дечко ти,мене овај муабет со фејсбукот ич не ми држи струја...прв пат слушам вакво нешто :o
     
  3. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Па добро тажничка ,како што видов имаш 27 г,сигурно и дечко ти тука негде,и стварно не ми е јасно да прави такви работи на фб :^) плус не одите малку време,7г е бајаги ,сигурно имате стекнато доволно доверба меѓу вас,за да не дозволите некој нешто да ви сруши,мене ми личи детско однесувањето на дечко ти,а тој не е мал за да му верува на другарот негов ,или да го наговорува на нешто ако овој не сака...јас исто имам долга врска ,врсничка сум ти и не би дозволила вакво однесување...ако тој дргар почнува да претставува опасност за врската тогаш дечко ти нека одбере меѓу вас двајца-ако те сака ќе те одбере тебе,и одтука ќе видиш дали оди тој со тебе од навика или не.....ако те сака,ако планира нешто со тебе бидејќи веќе возрасни сте,ќе те одбере секогаш тебе,и секогаш ќе си му пред другите...ама вакви изговори на 27 или олку и да има год, не му личат :fubar:
     
  4. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    дефинитивно ми нема спас од другар му.. вчера славевме годишнина и спиев кај дечко ми .станавем кај 12 и почна дечко ми сакра да прави и еве го другар му уште 12 кај него нацртан..и наместо кога виде дека и јас сум таму планираме фамилијарен ручок да си оди си остана на ручок после си продолжи да си седе до 5 часот како без осет дали сакаме сами да си останеме..и мене ми пукна филмот кога рече дека сака да дојде со нас и на кафе и земав си отидов и ги оставив сами да одат на кафе....цела недела се заедно, па и викендот ми го зема..без осет...и ајде вечерта наместо убаво да си поминам со дечко ми јас и он кавга околу дургар му...и ми вика дека нема причина да се лутам на него дека неможел да го избрка коо му е дошол на гости..јас упорно сакам да му укужам дека не се лутам на него туку на другар му оти е без осет и поарно да му каже дека викендите ке биде со мене и ако има време ке се виде со негоо..можеше другите другари да не остават сами да си прославеме ама не и он, мора да биде присутен насекаде околу мене....намерно ме провоцира...а јас дефинитивно неможам да глумам у негово присуство дека е ок нешто кога не е..... :@
     
  5. gjavolceto

    gjavolceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    Имам врска 1 година.. се е во ред во неа, тоа е и проблемот. Многу арно не е на арно.. Тој нема направено некоја сериозна грешка што би му замерила за да му раскинам... фин е, мил.. во секое време достапен за мене.. ќе направи се за мене.. задоволна сум од него.. Но..секогаш постои некое - но. Јас сум човек кој сака промени, поточно не можам без промени.. Толку ми е монотоно што не ми се ни излегува со него. имам правено муабет со него за оваа тема ама сепак што може и тој..прави се што може за да ме задоволи.. Проблемот е тоа што јас почнав да посакувам други.. прв пат ми се имза случено кога сум во врска да загледувам и да посакувам други..не знам што да правам.. Од една страна смртно ми треба да сум сингл.. а од друга не знам што би правела без него..... избезумена сум периодов..не знам што да правам со себеси.. Совет?
     
  6. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    А од друга страна пак бараш проблем кај што нема проблем !!!! Многу бил добар со неа бе !!! АЛОООО СВЕСТИ СЕ!!!! .. Значи следниов факт ме толку многу иритира што нема зборови да го опишам тоа - Докажано е дека полише од пола од женската популација би трпеле да се во врска со некој што ги малтретира, ги третира како да не речам нешто најдолу, одколку да се во врска со некој што ќе ги третира правилно, ќе им покаже дека навистина постојат дечки кои што ЗНААТ што значи да си во врска, знаат што значи компромис, толеранција и ПОЧИТ, знаат што значи да бидеш добар !!!! Еве го фактов се докажува и со тебе...Значи на сите вас ми доаѓа да ви шлакнам по една така воспитна па да се свестите што праите....Знаеш што, ај малце запрашај се што праиш? Имаш покрај тебе дечко кој што како што кажа самата СЕ ТРУДИ ДА ТЕ ЗАДОВОЛИ на секаков можен начин, кој што НЕМА НАПРАВЕНО НИКАКВА ГРЕШКА, кој што те сака, така? Иако го знаш ти ова, сепак не ти е доволно, зашто дечково не е покварен, не те малтретира, не те контролира со избуви на љубомора од типот неможе да излегуваш ќе седиш дома и такви ствари.....ТИ НЕ ГО ЗАСЛУЖУВАШ ДЕЧКОВО!!!!

    Ако до сега не ги имаш здогледано фактите, еве ги, тие се!!!!! Имаш најдено кец на десетка, па од тебе зависи дали ќе упропастиш нешто или не....Зашто верувај дека ако упропастиш, дечково ќе си најде друга која што шансите и не се мали дека ЌЕ ЦЕНИ се што праи за неа и начинот на кој што ќе ја третира....Е тогаш тебе ќе те удри тој филм на депресија !!!!

    Јас би ти препорачал да отспиеш и да си среќна што имаш таков дечко покрај тебе, зашто безброј девојќи мечтаат за дечко кој што ќе ги третира правилно !!!!

    позз
     
    На mims-89, Dushica-sk, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    мистери,немој да бидеш толку строг,ако девојчето и покрај тоа што има добар дечко,не е задоволна во врската,не значи дека и треба и фали некој да ја малтретира,понижува..не го посакуваат сите жени тоа ако така мислиш..ги има сигурно и такви шо уживаат да бидат жртви,не викам не,ама тоа се исклучоци.
    може дечкото едноставно не е вистинскиот за неа.може и фали нешто,немаат заеднички интереси итн..незначи ако некој е добар со тебе дека мораш да останеш во таа врска,иако не си исполнета ,задоволна.незадоволството порано или покасно ке исплива на површина.таквата врска е подобро да се прекине на време отколу да се претвори во несрекен брак.барем според мене,па сега кој како милува. ;)
     
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ок тоа, ама девојчето кажува дека се е ок у врската....Премногу било добро, па многу арно не е на арно....Според мене си бара проблем кај што нема проблем....А за ова што кажува дека и е монотоно, па нека превземе нешто она у тој случај. Немора да чека на него, ама превземањето не у смисол да иде со друг..Зашто врските СЕ ГРАДАТ, не се едноставно дешаваат...Се гради, се работи на врската и нормално е у секоја врска да има периоди на монотонија, но минат тие периоди...Мене ме изиритира тоа што она место да побара да најде решение, помислува да отиде со друг :^)

    А за горе наведеново во право си 100%, не викам не....Ако не е среќна нека го остави, нема потреба да го измачува дечкото....Но сепак она напомена дека НЕ САКАЛА ДА ГО ИЗГУБИ....Може и изреагирав јас малце превише критички, но ме штрекна тоа дека побрзо помислува да отиде со друг од колку да се потруди да поработи на врската...
    :) :) :)
     
    На Phyramide, karak и sesilija им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Да се надоврзам, не знам зошто е тоа така бе, цело време се жалиме демек леле какви се машките и после наидува некој стварно фин кој ни оди ептен по ќеиф и одеднаш велиме леле се е глатко, се е супер и се ствара некоја монотонија и досада и тогаш наидува некој тип онака мистичен со сексапил и забораваме на сите добрини и размислуваме за изневерување |(

    И што е најтрагично финиот ќе се разочара скроз и после и тој нема да биде ист, нема веќе да ги почитува наредните девојки, иако можеби нема да бидат како неговата бивша (знам такви примери)

    Јас лично не оправдувам вакво инстант рушење на врската како кула од карти заради тоа што настанала монотонија или се навлажниле гаќичките по некој друг тип :tmi: Јасно дека има искушенија, ама сепак прво треба да се проба да се решат проблемите доколку ги има, да се направи нешто да се освежи постоечката врска, а ако не човечки да се раскине пред да се оди со другиот.

    Ама пред се треба добро да се измери на кантар, колку вреди да се остави едното заради другото :!:

    Чудни сме ние женските, ама мислам дека и машките се такви или не? :wasntme:

    Јас мислам дека во секоја врска фали по некоја кавга, некое несогласување, не за друго заради сексот кој што доаѓа после смирувањето :lol:
     
    На Phyramide и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    ти изреагира од машка гледна точка,се стави во улогата на дечко и затоа ;) јас како што го разбрав девојчево не мисли да отиде со друг,туку се фака себеси како загледува по други,што порано не и се имало десено кога била во врска,што незначи дека ке отиде со некого...едноставно врската им ја зафатила монотонија па сега "тревата во дворот на комшијата и се чини позелена."другите машки и се чинат поинтересни позабавни од нејзиниот дечко,зошто го научила нејзиниот веке како дише.а уствари со кого и да си после некој период станува навика и се познато.и со најголемиот забавувач на свет да си ке ти стане здодевен пошто ке му ги знаеш репликите.тоа е едната варијанта на случајот..а другата е онаа што ја пишав претходно.може дечкото не е вистинскиот за неа само и требало време да го свати тоа...
    на сите нас,и мажи и жени ни треба љубов.сакајки ја љубовта некогаш заглавуваме во врски со личности што можеби и не ни одговараат толку,ама навикнати сме премногу или ни е страв да останеме сами,се плашиме дека нема да го најдеме никогаш тоа што го бараме,дека идеален партнер не постои.а како ке знаеме дека неможеме да го најдеме идеалното ако не го бараме?а од друга страна пак вечната потрага нема смисла.да останеш сам цел живот не е решение.и тогаш што? :?:
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Неможам да зборувам за други сеси, па ќе кажувам од мое лично искуство... :tmi: Да постоеја такви периоди кај што после 2 месеци ми стануваше монотоно и раскинував за "to move on to the next one"...Али поминаа тие периоди и настапува период во кој што мислам дека сите сакаат стабилна врска без ролеркостери, тука една стабилна врска во која што има почит, взаемно разбирање, толеранција, помагање, учење, итн итн итн... Се е изгледа до тоа во кој степен на созреаност сме...Во пубертет нормално е да ни лета и мозок и да ни вријат хормони и се тоа по ред. Но поминува тој период, созреваме, стануваме сериозни и размислуваме по логички и по реално.Затоа ако почнува да станува монотоно, Do something about it !!! Постојат многу различни начини да ја "зачиниш" врската...Нормално најлесен е новитети во сексот....Everybody's happy :) :) :) hahhaha
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ќе се надоврзам само на последниве две реченици со познатата изрека - за секое лонче има капаче....Нормално не постои идеалност, но затоа постојат критериуми и компромис. Мислам дека секоја индивидуа си има критериуми со каква личност би била задоволна, па затоа и повеќето од нас кога ќе најдеме личност која што исполнува голем дел од критериумите се согласуваме да сме со таа личност, а за тој ако можам да го наречам недостаток или несовршеност, правиме компромис. Но сепак мислам дека во нејзиниот случај е дека го познава дечкото премногу долго, па е она како што то нарече ти тревата кај комшијата е по зелена :D :D :D
     
  13. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    ко ке ни се придружи пак девојчето,ке ни појасни да не нагагаме ;) :D
    а кога сме кај тој компромис,ах да беше лесно да се постигне компромис,поготово разумен компромис. :D
    мене многу ме интересира како им доага на лугето тој момент,тој лудиот камен,да кажат тој е тој,или таа е таа...сакам да слушам такви приказни.има секакви случаеви,пример еден пријател со кој си зборуваме многу отворено,ми има кажувано дека пред да се омажи имал врска со две девојки.со едната одел многу подолго и ја сакал повеке,а со втората пократко и не ја сакал толку многу.а ја зел за жена вторава.и сега се кае.и кога го прашам -па добро што си гледал тогаш,како ти текна ја зимам таа,ако не си ја сакал многу?и ми вика незнам така ми текна одеднаш се деси.. :?: како тоа така им текнува одеднаш?
    п.с ја отидов на спиење утре читам ако има коментар :hai:
     
  14. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Има коментар :D хаха btw Good Night / Good Morning !!! :)

    Ахх тоа е вечна дилема...Дали таа личност е онаа вистинската...Нема некаква формула за тоа, а и тешко некој да измисли таква формула хахахха....Ама затоа ние самите сме тие кои што судиме и пресудуваме дали таа личност е онаа вистинската со која што би можеле да поминеме цел живот. Тука мислам дека еднаква улога играат како малите ситници така и големите работи. Во зависност од физичката убавина пред се карактерот тука игра главна улога, зашто сепак решаваш цел живот да го поминеш со таа личност и баш таа личност ќе игра најголема улога и ќе има најголемо влијание врз тебе и твојот живот. Тука пак ќе се навратам на оние критериуми кои ги спомнав претходно и во зависност од тоа на некој начин одлучуваме. После тоа за да се реши некој на таков чекор важни е пред се мислам партнерите да имаат исти или слични сваќања, интереси и погледи кон животот, зашто во спротивно ќе имаат различни приоритети и кај и да е нема да успее. Начинот на кој што се третираат партнерите, дали има почит и разбирање. Каков е партнерот во време на криза, (зашто секоја врска си има ups and downs), дали знае да ти даде совет, да ти посочи ако нешто не праиш како што треба во смисла ако сакаш да се откажеш од работа а он не мисли дека тоа е најдобро решение...Значи едноставо да функционирате како целина. Затоа и баш препорачувам партнерите да се запознаат подолго и малце подобро пред да се решат за брак....ова не значи да одат 10 години :D :D Ама сепак ми ја сваќаш поентата што сакам да кажам. Едноставно ако се надополнуваат партнерите, тоа е тоа....Тоа истовремено не значи дека за секој од нас постои само еден партнер на светот....Постојат многу, само зависност е кои од овие партнери ќе ги запознаеме и ќе им дадеме шанса да се докажат....На крај пак се сведува на нашата лична вештина и особина на пресудување и проценка на луѓето... :) :)
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Ја секад велам вака, ако родител или друштвото не ти ја расипат врската, нема кој...како знаат тие ни швалерката не знае. Абе не се карај туку едноставно повлечи линија, речи ајде да раскинеме тогаш, нема да му биде баш сеедно. А доколку се понаша како да му е сеедно, ништо чудо баш тој да сака да излезе со девојкава, па сакаат двајцата да видат каква е...има вакви случаи, едниов да ја проба, па на другиов да ја “препорача“...сељачизам...

    Ако типов не престане со глупости откако му речеш дека ќе мму раскинеш, не те ни заслужува, бегај подалеку, уште си млада, годините поминати ич нека не те кочат. Знам тешко е, ама подобро да бидеш со некој на кого му значиш и те почитува, отколку вака...

    Со среќа :)
     
  16. gjavolceto

    gjavolceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    Ви благодарам што успеавте да одвоите малку време за мојов проблем..

    Значи, во врска никогаш не сум изневерила, ниту пак имам во план да изневерам. Муабетот ми беше дека почнав да загледувам други, а не дека трчам да бидам со друг..што ми е чудно, пошо кога сум во врска со некого никогаш не загледувам друг...
    Е сега, тој е фин мил добар срце.. мене ми е кристално јасно дека е дечко што секоја девојка би го сонувала.. ама што ќе ми е сето тоа.. кога едноставно фали нешто во врската.. нешто што не е тоа тоа.. Ме разбирате? Јас ценам се што прави за мене.. и тој тоа го знае.. ама не ми е тоа тоа... Не сакам да го изгубам затоа што искрено се плашам да сум сама, а тој ме научи каква сум и што сум и покрај сите мои маани ме прифати.. а од друга страна сакам да сум сама пошо едноставно не знам колку ќе издржам во ваквата врска, кога немам воља за ништо да правам со него..
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    е ова проблемче ме потсека на познатото сакам да се е**м несакам да ми влезе. ДЕвојко одлуките дали да се биде со некој или не ги донесуваме самите ние. Форумџики како нас твојот проблем неможат да го решат затоа што едноставно неможеме да го осетиме тој флуид кој го има или нема меѓу вас. Дали ти го сакаш или не треба со трезвена глава да си размислиш. Не треба да се плашиш да останеш сама, па впрочем подобро сама отколку да не ти е убаво и да се мачиш и кога тогаш се ќе заврши. Одлучи си што ке правиш и донесиси одлука вистинска само немој после да пишуваш го сакам , плачам или има друга како да му се вратам. Затоа постој таа изолација и време на размислување што можеш да направиш понатаму и колку си спремна да донесеш вистински чекор.
     
  18. gjavolceto

    gjavolceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    не ми е јасно зашто поголемиот дел од вас сте осудувачки настроени.. зар е лошо што ова сакав да го извадам од себеси? зар е лошо што се плашам да го кажам на глас, па еве тука се обидувам да го извадам од себеси овој период? па секако дека вие форумџиките нема да ми го решите проблемот.. само сакав да слушнам едно мислење од некого без никакво осудување! грев ли е што сум збунета?! зар сум направила нешто лошо со тоа што сум збунета.. фала му на Бога чиста сум и пред дечко ми а и пред себе.. зар лошо е што го кажав ова јавно.. зар лошо е што не можам повеќе да го чувам во себеси?
     
  19. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    Драго девојце стварно претеруваш,треба да го цениш тоа што го имаш,и да пораснеш (немој да ми се лутиш на искреноста ),за да не се фатиш еден ден,дека плачеш поради тоа што си го изгубила или недајбоже дека оној другиот те малтретира.Заборавиги тие работи,се е убаво,фино,добар е,ама фали нешто,не фали НИШТО,фали да уживаш.Ти давам пријателски совет,уживај во она што го имаш,зашто ретко кој може да го има тоа.Покрај таков човек секогаш ке се чувствуваш како вистинска,жена,дама незнам како да се изразам.На почетокот на врската и јас размислував како тебе,но сватив дека имам цело богатсво покрај себе.Тој дечко мене наскоро ке ми биде маж.Многу сум срекна што имам таков човек покрај себе.И јас на почетокот не бев заљубена во него,но со текот на времето го засакав.прво е разбирањето а потоа доагја љубовта,она заљубување на брзина е само СТРАСТ.Добро размисли.
    Пријателски поздрав од мене и ако имаш уште некоја дилема повели и прашај
     
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Јас би да искоментирам за постовите на сеси и мистери . Ако се ти е така глатко и фино и дојде некој друг , фати си го ама остај го првиов . И јас многу се нервирам од такви , а бе суперрр е , ме частии , ме пазии , ме мазии , ама овој другиов ми е привлечен |( :fubar: Место да си го чуваат они би да шараат околу . Ама па кога ќе видиш ако си мислат дека друг им е попривлечен можда е подобро фин дечко од таа да се спаси ;)