Имаше една што го лажеше сопругот дека забременила од гледање порно, во Кина мислам. Последнава реченица ми е целосно во тој контекст. Танче, сите имаме скриени желби, кои дури и на себе ни е срам некогаш да ги признаеме, тоа не не прави монструми, туку вистински луѓе, од крв, месо и желби. Колку повеќе ги стишуваш, толку повеќе ќе се одразуваат. Ти кажувам како совет. Немаш право и немаш потреба да се лутиш. Истото и за тебе важи. Само на тој начин ќе одржиш здрава врска, во која ќе доминира довербата, но и хармонијата и среќата.
Тие таквите профили не се приватни. И ај да заследи еден, два, па и 5. Не ќе се мрштам за 2 профили што ги заследил, тоа е стварно детски. Ама илјадници, воопшто мене не ми е нормално.
Еве кажи ми што ќе се случи ако следи 2000 такви профили? Ќе му раскинеш? Муабетов ме потсети на темана дечко без кола.
И за да одржуваш среќна и хармонична врска треба да прифаќаш се што прави тој и на се да ќутиш? Мојата среќа каде е? Искрено ми беше до пред година дена да прифатам дека и тој е сексуално битие, зашто при неговото уживање го гледав како манијак кој зад грмушки манијачи девојки со мандалото во раце и стенка гледајќи ги во очи. И океј тоа, помина. Ама сакам да сфати дека треба да има граници. Ако го пали друга, а со мене само физички се задоволува шо фајде? Ако не го палам јас воопшто, зошто е со мене? Да, може да ме изневери и без да знам. Ама не значи дека јас ќе седам мирна и ќе уживам со мислата дека он си ме сака и не шврља на страна. Колку порано откријам, толку подобро.
Кој следи толку, заследува кога ќе си направи профил, нели. Затоа воопшто не би почнала врска со таков. Не би почнала од причина што имаме различни ставови. А ако сум во врска немам ни желба ни намера ни право нешто да му забранувам или слично. Ако во врската почне да прави нешто што не е ок тогаш прво би разговарала без да го осудувам ама би сакала да искажам мое мислење и да го слушам неговото. Толерантна сум, не би раскинувала врска одма, ама ова е др тема веќе.. Само ете, барам некој со ставови слични како моите.
Танче ти не си среќна со твојот партнер. Жалам што сум брутална и искрена, но на секоја тема, зборуваш лошо за него и за неговите постапки. Навистина не знам како функционирате, се надевам подобро од прикажаното. Можеби порничите ти се само цреша на тортата. Размисли, бидејќи процесирам она што читам, дај боже да грешам.
Целосно те разбирам и поддржувам. Бев со еден таков во врска кој секој ден додаваше/заследуваше нови профили на девојки, константно ги лајкуваше и упорно тврдеше дека детски било да му приговарам за истото, за на крај да дознам дека ме изневерил со неколку во рок од таа една година додека бевме заедно. Значи, НЕ Е во ред, не станува збор за безначајни лајкувања кои наводно не смеат да бидат причина за занишување на врската, туку напротив, за мене тоа претставува јасна форма на НЕПОЧИТ и неуважување на она што го има покрај себе, т.е. ти.
Па и ти не би била со секого нели? Сите си имаме критериуми за партнер. Така и јас. Не може да биде било каков, а јас под дифолт да морам да го сакам.
Да. Точно. Затоа велам започнувам врска затоа што ми е прифатливо каков е тој. Ама посесивно е тоа да ќе сум среќна се додека е таков каков што сакам. Не може мислам.. Луѓето се менуваат, партнерот нема цел живот да прави само тоа што сакаме. Некогаш некои работи и те како знаат да ни идат на нерви. Ама се во границата на нормалата.
Епа јас својата среќа ја ставам пред сите други. Ако сака да е со мене, ќе прави некои работи како јас сакам. Ако не, ене му ја вратата.
Не мора да ме изневери за да ми смета, нели? Не го одобрувам ни вака ни така. Не можам да ја согледам потребата. А тебе лично ако не ти пречи - твој избор. Знаеш, не сме сите исти.
А демек оние кои следат илјадници профили следат само познати инфлуенсерки. Демек не кликаат заследи на секој женски профил на кој ќе наиде. инаку и за инфлуенсерките го имам истото мислење. И баш тие не се приватни профили. Нели прво ме праша што ако се приватни профили после пишуваш за инфлуенсерки. Па јас не знам ниедма инфлуенсерка која има приватен профил. Еве кажете ако знаете некоја таква..
Не ја оправдувам оваа забрана како и секоја друга. Мислам дека не си фер со поставување на услови. Сепак тоа си е ваша работа. Можеби и додека те е*е мисли на друга, како ќе го откриеш тоа? Ќе се замараш при секое негово затворање на очи или замислување. Никогаш нема да мислиш дека си доволно добра за него ако за ова вака размислуваш.
Во право си, наша е, поточно моја. А за второто- јас сум доволно добра за него, проблемот е што ако он гледа порничи, значи дека не знае за доста и дека моето не му е доволно. Значи ако гледа, пак е до него проблемот. Мислам реално од мене подобра не може да најде за него и да замисли и мислам дека и сам е свесен за тоа. А дека не можам да знам секогаш дали мисли на друга, точно, не можам. Ама мое е да се уверам колку што можам.
Каква врска има гледање порно со тоа дали си му доволна или не? Ако не си му ќе легне со друга/и а не да гледа порно.