Тане не знам како те трпи, еден саат не би те трпел со вакво понашање. Дај ми контакт од него молим те, да му пишам да бега што подалеку да се спаси момакот.
Нарцис малце? Мислам дека многу погрешно е ова размислување. Демек нема да најдам поарно, како така ќе туркам во врскава. Класичен синдром на ниска самодоверба има дечко ти најискрено вака. Јас најискрено не би сакала да сум со дечко што мисли дека нема да најде поарно па затоа ќе си седиме во врската. Сакам да сака да е со мене, заради мене, колку и несовршена да сум, не зошто нема да може да најде друга.
Јас пак не сакам да мисли дека таму некаде има поарна па да му фуфка дали да остане со мене или да проба со друга. Ваљда ако ме сака, ме сака зашто имам нешто што кај друга не го гледа, иначе сеедно би му било дали јас или друга.
Па ако те сака нема да помисли да прави нешто со друга. И да е подобра. А најдобра на светов ти гарантирам не си, и јас сум свесна дека не сум. Побогу тоа е една врска, мааните да си ги прифаќате и несовршеностите, не да сте заедно зошто сте совршени или зошто немате самодоверба дека ќе најдете друг. Не значи дека ако постои таа подобра од тебе ќе оди да ја фати неа. Најдобра за него не си, всушност не ни постои нешто такво, како најдобар еден човек за друг човек.
Епа тука е проблемот... Треба да сфатиш дека сме луѓе нормално е да гледаме и дека ако му е убава некоја слика или ако му е убаво да гледа порно не значи дека тој сака и ќе отиде со друга. Има огрооомна разлика помеѓу гледање порно и намера за секс со друга. А гледање порно само по себе не значи ништо.
Најдобро изгради подземен бункер и најди дечко со кој ќе живееш во него. Без телефони, тв и социјални мрежи воопшто,и без другари,другарки чисто душичката да ти е мирна. Ако сака да излезе слободно камшикувај го,кој е он да искача надвор а ти толку си го чувала при слепи очи. Не смее да иде нигде без да праша. И така ќе си живеете среќно до крајот на животот.
Толку ли сте несреќни што нечие мислење напишано во тема морате да го испревртите и морате да навредувате?
И досадни сте некогаш со тоа ниска самодоверба па ниска самодоверба. Треба сѐ да прифаќаш во врска, и што ти смета и те повредува за да имаш висока самодоверба? Ок, за секоја следна негова грешка помирете се да не испадне оти немате самодоверба. Макар и неверство, не си ја кршете самодовербата и останете во таа врска. Баш напротив, ако имав ниска самодоверба, би ќутела и би оставила да биде по негово. Баш оти се ценам и сакам да ме цени се бунам кога не ми одговара нешто во врска а не да ќутам ко муле. Научив да покажувам став колку и да не му се допаѓа тоа на другиот.
Никој не навредува тука, ама не можете да разберете дека пишаното мислење го гледаме со други очи. Кај нас ваше пишано мислење е објективно. Објективно гледаме на ситуациите и гледаме да ви воочиме во некои работи, а вие упорно идете со тоа дека некој ве навредува наместо да се запрашате дали и каде грешите.
Не споредувај неверство, со дудлање на порнич. Ти ко да не си ја чешаш кокошката, ај важи. Не го сметам за проблем, затоа што не е проблем. Камо само таков проблем да имам цел живот.
@buba4e89 не бе, тука за некои само тапшање по рамо! Како тоа дт да глеа порничи? Раскини одма! Како тоа дт да гледа слики на др? Раскини! и се така...
Во ред те разбирам тоа. Ама те молам кажи ми кај реков јас дека сум против соц мрежи, тел, тв, другари и другарки. И дека сум љубоморна и опсесивна.. Баш во секој пост пишувам дека сум против љубомора и посесивност.
Никој не рече дека тоа си го кажала, ама разбери дека гледано од страна тие муабети така личат. Да не гледаат порничи машките, да не следат девојки, да не гледаат девојки по социјални мрежи, да не погледнат некоја кога се движат надвор... Нели така личи муабетот што ти го доловија членките? Затоа и со сарказам одговараат оти буквално на тоа личи, за да забраниме да не гледаат на страна дај у тунел/пештера некоја да ги затвориме та само нас да не гледаат.