Фала ти што ми читаш мисли бидејќи не можев да се изјаснам. Плус ако сака заедно ќе пуштиме не ми е проблем кажав, ама коа видов дека полна листа од девојки ми се стемни..
Да не ги цитирам мислења на други кои напишаа исто мислење како моето. Само мене ме нападнавте.. И не ми се верува што како папагал повторувам едно исто, тоа не го читате туку одма скокате за друго кое исто е испревртено.. Што е поразлично тие што пишале исто од моето мислење? Немам ништо против никој од вас (па не ве знам за да имам против) и не ми е намерата да се карам на форум ама ова стварно не е фер. Ако не ви се допаѓа мое мислење не мора толку да напаѓате. Не можам да премолчам на ова и затоа и го напишав ова мислење. Очекувам повторно да се испреврти..
Он може да ја гледа у сексуална конотација како ти шо викаш и пак нема да знаеш. Не е решение 24-7 да им бидете обезбедување, и шо ако следи или гледа други? Па социјални мрежи се, ако не у манастир да ги пратиме таму сигурно нема никој да гледаат.
А од што ти се стемни?! Да не си бремена случајно... Драма за ништо правиш,направи разлика меѓу гледање и допирање во живо. Исто така додека е на работа и му се присака, му се дрви што треба да прави?! Да те чека да му идеш на работа или да си го издрка набрзина во веце?! После ќе биде леле ме изнервери,леле што има таа што немам јас. Grow up девојче,прифати го таков како што е,со забрани, правила ништо не бива.
Леле дај не мешајте глупости. Порно може да те упропасти психички. Има такви случаи и воопшто не е наивно
Ами шо и да консумираш многу, не е на арно. И да голташ вода премногу можеш да се удавиш, а сепак не можеме без неа, нели. Олабави малку и гледај малку од позитивна призма на гледиштата. Некогаш и од порното може да се научи нешто и стимулира можеби плус.
Дејче многу лично го сфаќаш анонимниов форум и многу му се притресуваш. Различни карактери и мислења, искуства од девојки и жени кои се ова го поминале. Совети се тоа, само што нема тапшање по рамо и лигавење, туку онака директно ви се кажуваат мислењата. Toughen up
Ееее Танче, пробај, пушти некој клип и олабави се. Ќе го тераш секој ден да гледате заедно. Јас пак поштувам добра порка со приказна. Кога на домаќинката ќе и се затне сифонот и ќе дојде спасителот, ем сифонот, ем другиот сифон. Сепак се завршува со среќен крај, како љубовна романса Што има подобро од филм со хепи ендинг?!?! Може плус да научиш нешто, нова поза, нов фетиш, што год.
Дај пример? Гледање рандом женски од USA на инста исто така може да те упропастат психички? Па побогу, јас имам фолоунато и женски и машки затоа што ми биле убави/секси/интересни. Ама никој од нив не сум помислила дека ми е подобар од дечкото.
Не и навалувајте. Како и е ќеф нејзе, така ќе тера. И не е единствена, само што луѓето не ги разглабаат своите ставови со вас, затоа ви е чудно од нејзина страна. Еве јас не би била со некој што гледа порно, би се оладила од човекот и раскинувам за тоа без око да ми трепне. Сигурно нема против себе и оладените чувства да одам. Не постои причина дури е во врска со мене енергијата да се расејува напразно. Ем порното ствара зависност многу почесто отколку што луѓето мислат. Затоа некои не можат ни да се опуштат ниту да доживеат оргазам без порно. По дискусии низ нет често сум читала такви случајни признанија “гледам порно и топ ми е затоа што инаку не можам да се опуштам“ или “не е тоа тоа“, и од жени и од мажи.... само ко и секој зависник, не се свесни дека порното е веројатен причинител зошто се оневозможени. Ама јас не им се мешам и не им пропагирам да не гледаат порно. Што сакаат нека прават. Не ме тангира нивниот начин мене зашто тие не ми се дел од интимата. А и кога би ми биле дел од животов, не планирам да ги оправам. Едноставно, ако некој не ми одговара, а нема желба и волја да се смени, го исклучувам. Така за се, па и за ова.
Па сигурно си чула за некои што раскинале зашто дечково ја заменил девојката со порно. Со тек на време никакви чувства или страст или било каква поврзаност веќе немало оти него му одговрало повеќе виртуелно да се задоволи. А сето тоа почнало од едно видео неделно, дури и месечно. Не мислев на буквално упропастување него да му смени перцепција за девојката. Да не може да се возбуди од неа, туку да мора од порно. И ова е лошо.
Лично, многу сум против порно ама исто така сум доволно свесна дека ретко има чоек шо не гледа порно. Не е секој зависник, некои си гледаат ретко, по потреба, да се откријат себеси. Нема да раскинам на некој ако гледа порно, пошто иако јас во слободно време плукам по порно, сериозно сфаќам како е поврзано нагонски и дека ете, ако гледа сега ќе гледа и покасно. Ништо страшно. Страшно е ако е зависност ама од секое правило има исклучок, па така и тука. Ама во исто време сфаќам некој да неќи партнерот да му гледа порно. Затоа сите одбираме шо ни одговара пошто и да сакаме, не можиме, а не ни смееме да забраниме нешто на друго живо суштество. Јбг.
Да се надоврзам н амуабетот со порно филмовите. Зависник од порно и зависник од секс се две разчични поими. Ако падни нивото на тестостерон кај машкото и памела да му се слечи ке му биди одбивна. Се е до хормоните а гледањето порно не е апсолутно страшно само шо не се реални. Кај секое машко има сексуален нагон и пад на сексуалниот нагон а то нема апсолутна врска со гледањето порно. Кај жените незнам како е ама кај машките порното неигра улога во сексот во реалност пошто во реалноста е сосема друго.
Мхм, мисли си. Зависник од порно често избегнува реален секс оти со девојка не може ни да се возбуди или да сврши. Мора да гледа порно за да се случи тоа. Му ја извртува реалноста.
Не би раскинала нити ако гледа порно нити ако постојано гледа женски на инста (кои не му се достапни). Недостапни од типот, манекенки, глумици, блогерки бла бла. Ако го приметам дека разгледува профили на девојки кои се од некое поголемо негово друштво, од факс, односно некои со кои може лесно да стапи во контакт, тогаш веќе е проблем.