Да, точно јас сама си пишував се Ама објасни ми која е поентата кога мене некој ме прашува ти увек да се убацуваш со - Танче пишуваше дека е дебела, дека немаат секс, дека ова дека она. Ако сакам ќе одговорам јас, не се мешај у секоја манџа. А ко што реков, си пропуштила апдејт на немањето секс кое беше пред година дена.
Објективна сум само. Штом дебатира за порно,може и да дебатира и за главниот проблем. Тоа не е ништо срамно,ако го прифаќаш како дел од себе.
Не е ништо срамно, ама срамно е ти во нејзино име да кажуваш дали има секс или нема и дека дечко и ја има таа потреба а она не му ја дава. Како можеш да знаеш ти како се чувствува еден човек длабоко во себе за нештото? Може со ваквиот начин на изразување повредуваш нечии чувства за работа која е лична ,а можеби и не е лесна за справување на некому .. Колку бездушни сте па и да се отворила и напишала за неа н3маш право да плескаш некому дел од неговата лична состојба која ја чувствува и за која немаш поим како она лично се справува со тоа.
Не е срамно да се говори за проблемот кој го имаш било каков да е. Срамота е да викаш на тој што сака да ти помогне дека е бездушен. И да имала,и да немала може да разговара со нас и да слушне мислења различни, да размисли. Јас сум брутално искрена си кажувам што мислам нема да ја тапшам по рамо и да и речам нешто за што ќе биде во заблуда.
Мене баш и не ми делуваше како да сакаше да и помогнеш... Сите си имаат мака затоа не се осудува ако можеш да помогнеш некому арно, ако не не му одмагај.
Тоа е твој проблем, не мој. Бегањето од фактот дека си немала секс е всушност бегање од вистината. Колку повеќе си даваш вакви аргументи на себе толку повеќе бегаш од тоа. Така да, ако не си спремен за вистината не си спремен за ништо. Она секако сама се етикетира,никој друг не ја етикетираше овде.
Па остави ја сама да си се етикетира, а не ти уште поише да ја доетикетируваш со осудувачко трачарски коментар во нејзино име оправдувајќи дека тоа е вистината.
Ниту ја етикетирам,ниту осудувам. Не ми ставај зборови во уста каде не сум ги кажала! Последен пат да ти биде ваков испад,мислам бев јасна.
Бубаче Ако сакам да зборам, ќе зборам. Ако не сакам нема да зборам. Ако некој ме праша, ќе одговорам ако сакам. Нема ти што да ме потсетуваш какви проблеми имам или сум имала ако сама не напишам дека тој проблем трае. Оти можеби е решено, ама не сум пишала. Како шо ослабнав, ама ти уште млатиш дека некогаш сум била дебела. Ок бев и? Помина тоа. Затоа остави јас да си кажам што треба ако сакам да кажам, неќам друг да збори во мое име. Ова не еднаш, неколку пати ти се случило да одговараш за мене.
И тебе ти се случило Танче затоа нареден пат кога ќе одговориш за мене тргни од себе. Не ти било прв пат него милионити пат и си звучела грубо. Како и за тебе, така и за мене. Ниту сме глупи овде по мислењата твои може многу да се заклучи.
@Tan4ence Нема позитивна зависност. Ама да речеш дека повремено гледање порно е лоша работа и расипува сексуален живот во врската е смешно. Ако одбегнува секс со мене или очекува нешто што не можам/не сакам само ради порно, да проблем е. Ама инаку не знам зошто би било.
Лоша работа е кога 24/7 гледаш по пет пати дневно порно. Не ти ставам зборови во уста што си се увреџала дубоко ? Што се притресувате тука нели си спремна за дебата. Јас во твојот коментар не прочитав помош или некој совет туку искажано мислење кое си го дала во име на членката дека нема секс со дечко и и дека не му ја задоволува потребата (што неможеш точно да знаеш дали му ја задоволува или не зашо немаме само сексуална потреба) па затоа и се дрзнав да искоментирам затоа што ми се виде недолично и трачарско. Безразлика дали она тоа го пишала претходно или не. И позз
Оди научи што е трачарско прво па дојди овде пишувај. Затоа што некои твои зборови се трачарски,ми скокаш небаре си невина. Прибери се
@Tan4ence одамна те читам по форумот и забележав дека воопшто не си задоволна од тоа како ви тече врската. Не знам дали го сакаш, колку го сакаш, не сакам ни да навлегувам подлабоко но чинам дека не си задоволна од сега. Ако не си среќна, ако те споредува, не знам зошто не си таа што не става крај. Немој да останеш со некого ако не си среќна или ако прави некои работи кои не ги сакаш.
Да беше приберена ТИ ваков прост коментар немаше да пишеш. И да не одиме со оф-топици муабетот го завршувам тука. Едно е да НЕ СЕ СОГЛАСИШ а сосема друго е ДА ОДИШ СО ЛИЧНИ НАВРЕДИ.
Леле тебе никој неможе ништо да ти посочи бре бре. И не се согласувам да ама не те навредив ти ако се вреѓаш тоа е до тебе. Ова е форум и ако не се согласувам јасно и читко ќе си пишам како и сега. Крај не ме цитирај повеќе доволно е.
Среќна сум. Можеби тој не е зашто смета дека во врска треба да остане ист како што бил и да не ми удоволува. И затоа сакам да се поправи. Ама и кога ќе ми згреши, не сум тип што ќе остави да помине и ќе се тргне на страна. Ќе си добие што заслужил. А ова муабетот со порното, само се надоврзав на претходниот муабет на членката што бараше совет, па од таму почна.