Не е, оти му браниш за порно Следен пат, пушти му ти, дај иницијатива, што знаеш, нешто кинки ќе падне. А на крај краева, што не го прашаш каков жанр гледа, може му е срам да ти побара, а може на двајцата ќе ви се допадне да експериментирате во сексот. Ама не очекувај дека ќе најдеш некој што не гледа порно, ако тврди спротивно, ЛАЖЕ! Или ќе се крие како глушец во дупка. Нема маж што не гледа порно. Порано немало како, морале часописи да купуваат, сега се е на располагање. Да отвориш на секој маж во хистори, ќе начекаш порнхаб, редтјуб и останати, освен ако е паметен и гледа преку инкогнито. Не сме глупи ние жените, ај ти, ама мижиме
Oн со или без тебе ќе продолжи да гледа. Ќе гледа дури и кога мислиш дека престанал. Во врска треба компромиси, без разлика за што станува збор. Не мора да е за порно или нешто друго, ако ти или тој не сакате да најдете компромис тука нешто не е во ред. У врска треба взаемна среќа. Кога едниот веќе не е среќен, веќе нема назад. Ама добро, кај мене е така.
Колку си сигурна од 1 до 10? Ако не си видела, не значи дека не гледа. Мислам и зошто би гледал во твое присуство. Нека не те лажат. Да не биле гледани, немало да се направат толку филмови. Порно индустријата има поголем профит на годишно ниво, од стандардната филмска индустрија. Што мислиш на што се должи тоа? Ако не зборуваат за тоа, не значи дека не го прават.
Абе никој не ме лаже мене. Знам и тврдам. И не може да постои жена која не гледа порно по своја одлука, а да не постои маж кој не гледа. Нема никаква смисла.
Вашата врска не е здрава. Ти му браниш работи коишто реално не ги прави само тој. Не е единствено машко што гледа порно и не,не е страшно, а со тоа кога тогаш ќе мораш да се соочиш. Немој да ми кажеш дека кога ќе помине некое згодно момче ти не го меркаш? Или може викаш ,,Цане,,( како и да се вика лепотанот,лупам) мој е најубав. Ко мојот ,,Цане нигде нема. Да речеме дека ти ете не си загледала машко, не треба ни он ?? Ти сама треба да си свесна дека од тебе, од мене има поубави девојки, појаки во тело со сите атрибути, но тој Цане се одлучил за тебе, зошто едноставно му одговараш ете. Со секое забранување ( а, ова се банални, глупи работи) ти само го оддалечуваш од тебе и тука никој не е крив, туку ти и само ти.
Сте слушнале за нешто "лојалност" што не значи "робство", "присвојување" и сл. Доста тропате глупости не ни прочитав се' пошо не можам да се изначудам. Сите вие што викате дека партнерот или партнерката може слободо да гледа порничи, да манијачи други, сигурно вие немате самодоверба оти сте го прифатиле тоа како што е пошо така ви е најлесно. Врска е меѓу двајца, и истите тие доколку сакаат можат ЗАЕДНО да гледаат порничи и сл. И каков е тој збор "па он е машко, на него му се дига" и шо? Демек ние жените немаме нагон а? Кој век живееме бе? Ако не дајте харем да му направам на дечко ми, божее свашта, сте заборавиле што значи поимот "почит". Мислите дека врската се состои само од љубов и секс, ама ако тоа ве прави среќни продолжете ..
И да, ниска самодоверба е ставање забрана. Ама за таквите како вас, што си забранувате себе си да не му кажете на партнерот дека нешто ви смета.
Не, баш знак на намалена самодоверба е да се плашиш дека не си доволна па било која друга жена(макар и некоја што "постои" само виртуелно) ја гледаш како закана дека лесно може да бидеш заменета.
Јас не се плашам да бидам заменета, ако се плашев ќе си ќутев и немаше да го кажувам секогаш тоа што ми смета. Едноставно НАМЕРНО "палење" на друга е малку бљеак
Колку ви е забегана дискусијава. Ако гледал порно таа го палела, таа нека го задоволи. Ок. Вие изгледа не сте свесни дека вие сте го избрале дечкото/мажот, а истовремено и тој вас за заедно да поминете дел од животот. Не велам цел живот, зашто сте живееле и пред него, а можда и ќе се разделите, затоа дел од животот. Тоа вклучува секојдневни ситуации, моменти, нервози, радости... Меѓусебно “трпење” на секакви расположенија. Да, и сексот е дел од тоа. Но, факт е дека чим сте одреден период заедно вие си одговарате и си ги задоволувате потребите емоционални, сексуални, секакви. И навистина самодовербата ви е толку мала што мислите дека таа некоја порно глумица тој би ја избрал наместо вас, кога би можел, за да го помине тој дел од животот сп вас? Тргам од себе: јас на дечко ми сум му помогнала во многу сегменти од животот, по консултација со мене донел некои клучни одлуки, сум го слушала кога имал проблеми, сум му била поддршка кога изгубил родител итн. и гледам дека сексот со мене го исполнува, дека ужива, дека сака да имаме секс, иницира итн. и ни на крај памет не ми дошло дека ако тој се пали на некоја порно глумица би ја избрал наместо мене. Да, го возбудил чинот во видеото и тоа го довело до свршување и толку. Кликнал на Х-от горе и толку од глумицата. Не ве разбирам како може ова да ви е проблем. Просто е глупаво за ова да се карате. Како можете толку сами себеси да се понижувате со тие фрази “таа нека го задоволи, неа нека ја земе” итн?
Имам самодоверба, немам ништо против на гледање на еротски филм. Да, сеедно ми е. Затоа што и јас тоа го правам. Еве, во брак сум и ниеднаш не сме се скарале за таква банална работа. Ако сметаш дека тоа е проблем, разговарај, немам ништо против, твоја врска. И не се работи за непочитување, туку за исфрлање на сексуална енергија. Не се палат на жените, туку на актите. Можеби надополнува нешто што не го добива. Наместо да ја негираш неговата сексуалност, прашај го, што го возбудува. Сакам да го имам овој проблем, навистина. Затоа што е толку банален и прост. Баш ме интересира што би ви одговорил партнерот на оваа констатација, освен што ќе се пукне од смеење.
Не ми се верува што читам Искрено јас да сум на место на дечко ти и после ваква изјава или забрана у иста секунда те оставам, некој да си даде толку за право и да ми каже на што да се палам, што да гледам на нет, фала ама не. Ако е уште со тебе го жалам детето.
Кажав поназад. Може да речам за рандом тип - еј убав дечко. Ама нема да замислам како би го ебела и дали он е подобар од дм. Како што не сакам за мене рандом типови да си замислуваат у глава како ме клецаат. Многу машки ги малтретираат девојките, физички и психички и сексуално, па тоа не е причина да оправдаш поединец, зашто и други го правеле истото. За моја врска друг не може да одлучува. Башка сигурна сум дека и сам ќе види дека донел правилна одлука ако се одвикне скрос. И моментално знам дека гледа многу ретко и пробувам со убаво да му кажам, да ме сфати.
Хм. Ми мешаш работи некако. Мислам дека погрешно гледаш на причината поради која тој гледа порно, или пак не го образложи проблемот убо. И викаш ти смета, повеќето од членките ти викаат дека е нормално. Ќе му кажиш, па фино лепо ќе си гледа скришно. Не е ова нешто на кое што можиш ти да влијајш.
Во таа реченица што ти ја болдирав ти лежи цел одговор, а тоа е дека проблемот е во тебе. Шо некој рандом тип ако се загледа онака во тебе ти ќе отидеш и ќе му речеш : ејј абе ти може си имаш бујна фантазија ама не можеш да ме клецкаш, а он сиромашкиот мисли да не го заборавил бољерот уклучен и случајно во тебе се загледал и замислил. Не секое загледување во тебе значи дека сака да те клецка. Може го потсеќаш на некоја девојка, другарка, сестра небитно и му евоцираш убави спомени. Бев на кафе со другарки и помина едно дете. Го загледав не оти сакав да се ебеме, ами оти многу ме потсети на брат ми ( со кој што живееме далеку). Така да намали малце со тие забраните затоа што така колку и да си убава, добра не ти вреди, ти ќе изгубиш, а не тој.