Ама што се напаѓате толку меѓусебно јас незнам. Секоја индивидуа е различна, секој си бара што му одговара. Ако нештото неможеме да го промениме или го оставаме зад нас и отвараме ново поглавје во животот или се помируваме со ситуацијата и живееме на тој начин. Секој си е одговорен за сопствените одлуки и тој дечко и на членката ако се осеќа толку загрозен зошто му брани да гледа порничи, нека седне нека и каже дека несака забрани или незнам што. Неможеме ние овде да и судиме колку е она лоша, не бил нејзина сопственост, а тој си тера така.
Така е. Исто и членката нека не ја насочува целата енергија да го одвикнува од гледање порничи и нека си најде некој што не гледа. Стварно не ми е јасно како си наоѓате дечковци кои не ви одговараат и после сакате да ги изделкате по ваш вкус. Општо ова, не за членката.
И тоа од ракав. Вие со сиот ум овде убедувате било кого да толерира работи кои не му се допаѓаат од партнер и да оди контра своите принципи? Јас, штом некого сум одбрала помеѓу многумина, јас одлучувам што и како ќе прифатам, за кои работи има компромис, за кои не. Се водам според моето доживување и едно е кога сум сингл, друго е кога со некого сум во љубов. Тогаш некои интереси, навики се менуваат, фокусот, страста преоѓа кон особата и ова е нормално да биде обострано. Е сега, ако тој почне да си го занесува мозокот по други (жени, гради или газови), ондак чао-пријатно, комотно ќе може и на мене само од далеку да дрка и да си фантазира. Туку читајќи ја дискусијава, повеќе не ме чуди од каде оваа сурија зафатени (оженети или во врска) мажиња кои пробуваат среќа насекаде и гњават девојчиња на интернет. Од женска популација по дома им е вкоренето што ќе им дојде во тиквата да си прават кога се жени во прашање. Чунки маШ е тој, понагонски настроен и како така некоја кучка смее да има посебни побарувања од маш, уште ако е маш од македонија, зачетник на белата раса или како беше.
Кои совети кое поминување? Јас велам само дека сум интроверт, дека се дружам со одреден круг на пријатели, дека сум лично за себе против отворен профил на соц мрежи, против додавање на соц мрежи луѓе кои не ги познавам лично (некои кои не ги познавам а да ги додадам/прифатам може пример пријатели на мои пријатели) . И дека барам таков сличен на мене јер не знам како би функцуонирала пример со екстроверт а и со некој кој заследил 5000 безразлика машки или женски.. На тоа добив коментари изгради си бункер пикни се таму, затвори го дечко ти у подрум итн итн. Тоа е совет?
Интровертноста нема врска со ова. Заследувањето други особи на социјални мрежа е резултат на љубомора.
Јас не сум љубоморна личност. Против забрани во врски сум. Не знам зошто е тешко да се сфати дека не живеам таков начин на живот..
Каков проблем во мене каков јас начин на живот ќе имам? И според тоа да барам некој со слични ставови како моите..
Сите потајно ќе гледаат порно и ти нема да знаеш,порното не ти е проблем тебе,имаш друг проблем и тоа е тоа.
Не ти држи вода муабетот, ама ич. Она на што алудирав, е дека се фаќате за глупости. Маж во врска што гледа порно и гледа девојки на интернет, не значи дека те изневерува, или нема почит, или не си му доволна. Нагласив претходно, се додека остане еднострано, сосема е невино. Сакаш да кажеш дека кога ќе ти излезе некој убав дечко на инстаграм, нема да го провериш? Премногу преувеличувате. Не е дека само мажите имаат хормони, кажав и јас дека го правам истото. И немало ни еден ден од нашата врска или брак, каде сум посомневала дека си пишува или дека ме изневерува. Скоро една деценија сме заедно. Навистина не знам како ги сфаќате тие работи, ама ич не допираат до мене, не знам како да се објаснам.
Аман веќе со тоа порно. Не знам колку пати пишав дека не сум против гледање и дека сметам дека е нешто нормално. Ама кога веќе нема што да се каже мора да се испрврти.
Со ова се согласувам, го делиме истото мислење и цело време истото го пишувам одновно и одново,како да немам друга работа. Проверувам. Гледам што е убаво за гледање.. Сите гледаме и нема потреба да се дискутира дали е тоа ок или не. Ама, по не знам кој пат, едно е гледање друго тоа што јас збрам за соц.мрежи, ама изгледа како на различен јазик да зборим.. Нема потреба ставовите за соц мрежи да ги нарекувате љубоморна и посесивност. Ја цитираше другата членка, но одговорив и јас зошто и мене ме нападнавте со таа љубомора.
Јас незнам што уште се објаснуваш. Сигурна сум дека ќе најдеш некој сличен на тебе. Еве и јас делам мислење со тебе и несакам и немам потреба од отворен профил и не прифаќам личности кои не ги познавам, исто и мм. Едноставно тој/таа некој/а што ме додава, а не ме познава незнам која е потребата да ме има во пријатели, освен ваљда од радозналост и затоа немам потреба мојот приватен профил да го гледа некој повеќе од што јас ќе дозволам. Порано кога бев сингл и ете така ќе прифатев некој симпатичен одма идеше во напад на лајкови, ај да се видиме со некој глупи комплименти кои ти ја поминуваат границата и ајт делит, чао. Не се замарај, секако ќе ти испревртат муабети.
Па јас не те цитирам тебе, да ти проповедам ако истото го мислиме. Цитирам член кој смета дека горенаведеното е изневерување, непочит, не знам ни јас што.
Браво кога веќе немаш што да кажеш мораш да испревртиш. Терај по свој памет и не очекувај на форум тапшање по рамо. Тука сите ти кажуваме што е погрешно ти упорно се инаетиш. Инаети се, не знам зошто воопшто сите се трудиме и замараме со тебе.
Тоа шо сакав да го напишам го пишала @GrimTheReaper , камо мене да ми беше најголем проблем шо гледа дм порно Демек вие не гледате па проблем ви било шо дечкото гледал.