Абе кои црни принципи?! Оти не сфаќате дека ова е во интимата на една личност. Нема апсолутно никаква шанса да му забраниш на некој, а и зошто би побогу? Проблемот е во начинот како го доживувате вие гледањето порно на пример. Убо имаја пишано членките дека напалувањето е на самиот чин, а вие упорно и упорно па на цицки па на што ти јас знам дека си фантазирале. И ај јас нема две недели да се видам со дечкото на пример и очекувам во тие две недели тој ниту еднаш да не мастурбирал? Па и ако си пуштил порно уз тоа, штоако? Кога оди по улица само долу глава и на никој ама баш на никој да не се опулува? Како да го очекувам тоа од него кога и јас се загледувам на јаки личности дали машки дали женски, а притоа немам сексуални фантазии ни за едните ни за другите. И научно докажано е дека мажите почесто помислуваат на секс од жените и не, не му дава тоа право да изневерат некоја. Оти ги мешате олку работите, навистина не сфаќам.
Сите сме различни и сосема е во ред секој/а да си бара личност спрема себе. Не е филозофија, не знам што толку се иступи. Ако јас не практикувам гледање порно, многу јасно оти ќе си барам таков партнер. Ако јас не следам сештотии на инстаграм, нормално дека истото го барам. Епа, исто и кај вас што гледате порно. Тоа е тоа, се' дури се согласиме дека секој си има свој вкус и свое право што и како да прави/се постави итн. Едит: и не, не мора да менувам некого за мојот начин на избор. Секогаш имам опција да се разминам со личност, ако не е тоа што мене ми треба. Менувањето некого значи залудно потрошено време.
А што има лошо во тоа да погледнеш? Тоа ти прави чувство на изневерување ли? И не, нема да најдете дечко шо не гледа порно. Сега децата гледаат а не пак возрасен човек од 25 години. И тука не зборувавме за наоѓање, туку ако веќе имаш дечко, и да гледа ќе му раскинеш? Не можеш да го промениш, или ќе прифатиш или ќе го оставиш.
@Lima24 реков, сите сме различни. Не би ми пречело да си гледа, но не би ме привлекол ваков тип за да започнам врска. Јас не можам да зборувам во име на членката со нејзиниот дечко, туку зборувам од моја гледна точка и моментална ситуација. Така да, ние двете сме во скроз спротивни ситуации.
@Lifelive Мислам дека внатрешно чуствуваш дека има повеќе од само лајнување туѓи фотографии, и гледа дали ќе му се отвори врата кон некоја од додичките што ставаат малку по провокативни слики. Мислам дека е океј ако тој лајкнува де додека не му мрда опашот вон тоа лајнување. Колку повеќе и забраануваш на личноста толку повеќе проблеми и притисок. Размисли дали има некој внатрешен мотив што те прави несигурна или не.Ако знаеш дека е само лајнување продолжи и покажи доверба во врската бидејќи една врска успева само ако партнерите си имат доверба, ако е другово во случајов време е да се разминете. Ние жените имаме инуиција, кога нешто знаеме знаеме нема потреба од докази едноставно чуствуваме.
Ели потполно се согласувам, но како што Лима кажа, мене не би ми ни текнало на прв дејт да прашам некого за горенаведените работи. А не би ми ни текнало ни првата година. Зарем треба да чепкам во нечив телефон или компјутер да видам што прави. Прво, како ќе знам. Значи сепак вината е во тој што њушка во туѓа интима. Мала е Македонијава, ако ти прави зад грб нешто невкусно, ќе дознаеш, многу брзо. Не можеш да бараш по свои критериуми, конкретно за ова прашање, затоа што е апсурдно да го поставиш in the first place. Ако критериумите се засноваат само врз овие ,,пречки", тогаш имаш многу ниски критериуми (не ти, општо зборувам). Не знам мене побитно ми е, да биде покрај мене без разлика на се, да ме почитува и да ме сака онолку колку што јас го сакам. Критериумиве повеќе ми се, родила ми се маана или немам со што да си го правам животот драма, па ај за порното ќе му се фатам.
Ти благодарам што одвои време да напишеш твое мислење ама јас ниту напишав проблем, ниту побарав совет, а ниту пак сум во врска. Позз
Мислев дека ти бараш.. бидеjќи тоа го прочитав во последните две страни а сигурно дискусијата се одвива многу подалеку и за друг член. My bad
@GrimTheReaper никогаш не ми било потребно да чепкам по нечиј телефон за да знам што гледа. Знам да проценам личност веднаш. За фаќање апсолутно оти не е тешко. Нема ништо скришно така да, кога-тогаш се дознава.
Мене нема никогаш да ми текне сама да пребарувам во телефонот на партнерот скришно, поголема глупост нема. Ниту ми текнало па да го прашувам банални работи како дали гледа порно и слично. Самиот тој уште првата недела од врската ми кажа се што требаше да знам од неговите претходни врски, без јас да побарам. И ни на крај памет не ми текнало да побарам од него да ми каже. Затоа не си правете филмови како гледал порно и замислувал нешто со актерката. Опуштете се, и правете нешто да се чувствувате среќно и двајцата.
Муабетот сосема држи вода за тој што сака да ја увиди реалноста, однесувањето на грото мажи е во прилог. И јас живеам во ова општество, добар проценител на карактери сум, гледам што прават мажите тука, а и познат ми е тој профил конзумент на порно. Дека сите луѓе гледаат порно ко што тврдеше ти, апсолутно не е точно.... но дека сите кои јас ги знам, а изневеруваат или радо би изневериле, гледаат порно - тоа да. Ко еден дечко на другарка (еве исто вака поборник за порничи), зад нејзин грб ни се пушташе нам, и можам цел ден да набројувам други утепани во мозокот како него. Генерално, машката популација не е воспитувана и насочена како што треба. Инаку, тоа што некој физички не изневерувал не значи дека не е ок со идејата, може само да значи дека не е доволно смел, дека трпи во себе поради недостаток на самодоверба или страв. Ама неговите интереси, како преферира да го минува времето, мене за човек ми кажуваат се што треба да знам. Додека твоите ставови се дисонантни. Одново повторуваш дека нема ништо лошо во тие навики, а поназад ти видов фројдовски лапсуз кога напиша дека вие жените знаете што прават вашите мажи по нетот, ама им замижувате. Зошто да се замижува пред нешто кое нели не е погрешно, останува нејасно. А она кое озбилно не ми е јасно е зошто некој би гледал други/порно а е со мене во врска т.е. ме има на располагање. Тоа би било навреда на моите квалитети. Кога слушам дека некој гледа порно во врска, за мене е знак на сексуална неисполнетост или незаситеност и никој не може да ме предомисли. И вака колку убедувате и препорачувате да се гледа, човек би рекол да не се порно снимките не можете да свршите прописно. Не треба да си го обусловувате уживањето од порно, во времето кога јас сум зачната во 90-те, ни интернет ни кабелска имале дома, па ете постоел живот и секс без висење по такви сајтови.... туку ај, ваша работа. Само веќе време е да разберете дека причините некој да не прифаќа порно се мноштво и различни и прекинете да им натурате на луѓето дека тоа треба да се прави, претеравте со наметнување на ваши произволни дефиниции за правилно и погрешно. Јас воопшто не се занимавам со рандом луѓе на социјалните мрежи, и онака мене ретко кој ми е убав. И ќе се повторам од минатиот пост, едно е моето однесување кога сум сингл, друго е во врска. А ако во врска други почнале да ми фаќаат око, по тоа знам дека крајот на врската се ближи зашто не ми е тоа-тоа веќе.
лол Па нормално моите принципи и мојот ќеф ќе ми се побитни од нечиј кур-ќеифлак кој нема врска со мене Џизс. И не спомнав јас забрани, прочитај ги моите мислења пред да ме цитираш. Кај мене има само гитла. Поголема слобода од тоа камо? Слободен избор и последица. Доволно фер.
Значи предуслов за изневерување е гледањето порно според тебе. Многу ме интересира на што се базира твојот податок, дали направи студија за таквото однесување? Сакаш да кажеш дека мене ме изневеруваат или јас изневерувам, а не знам. За да дадеш таква констатација ти требаат години истражување, базирано врз еден тон примероци. Јас не говорам за хронично гледање, секојдневно, повеќе часовно, треба да имаш премногу слободно време на оптег за истото. Туку, едноставно за релаксација. За разлика од тебе, која не верувам дека го имаш извршено горенаведеното, постојат научници кои се занимаваат со разни прашања. Еве само еден линк, а ако побараш, ќе ти излезат бројни истражувања во однос на таа тематика. https://www.google.com/amp/s/www.in...tch-porn-and-it-not-bad-them-5510662.html?amp Не се работи за незадоволство, а можеби и се работи во некои случаи, но луѓето имаат обврски, некогаш се уморни и не можат во секој момент да задоволат нечии желби и потреби. А желбите и потребите не треба да се потиснуваат, ако во моментот немаш расположение од другата страна. Ако ти си на располагање постојано, благо тебе, јас не сум затоа што некогаш имам и други приоритети. Со твоето видување само апелираш луѓето кои се самозадоволуваат да имаат срам и да чуствуваат грижа на совест. Не секој може да гледа во ѕид и да мастурбира, или имаш многу добра фантазија или знаеш како да го исклучиш мозокот од бројните мисли. На повеќето полесно им е да пуштат видео. Така да, тоа е твое мислење, базирано врз апсолутно неточни информации. Пак велам, на повеќето луѓе им е срам да признаат, не сакаат да кажат, избегнуваат разговор на таа тема, затоа што е дел од интимата. Која пак, навистина не мораш да ја споделуваш со партнерот, освен ако сакаш. И нека пише некој, нов проблем, затоа што ми се смачи да терам Ивкова слава за едно те исто.
Аха значи во странство не гледаат порно, бидејќи така ги воспитувале. Тука биле подруго воспитани, жити се? Дали можеш да ми објасниш шо сакаше писателот со ова да каже?
Дали стварно верувате дека има маж шо не гледа порно ? Можи само да не ви кажи. ЈАс имам отворено зборувано со дечко ми на таа тема и јас не го распрашував сам ми кажа. Не е некој зависник од порно, ама нормално дека гледа некогаш и низ муабет ќе си кажи. ЈАс не сум љубител на порно, ама имам гледано, не тоа ништо чудно ни страшно. И зарем мислите дека мажот памти какви цицки имала актерката, мислите дека тој ја памти после тоа ? Јас имам доволно самодоверба и некоја порно актерка таму не ми е гајле ако гледа, кога е мој. Некогаш би гледале и заедно, баш ме интересра како би изгледало тоа
Кој спореди мажи во странство со мажи од македонија? Не ме цитирајте колку нешто да пишете. Ама на овие од Македонија уште порното им фалеше и комплет се. Ми импутираш ставови. Јас никаде не стигматизирам самозадоволување. Туку сега го спомна евентуалниот проблем што го посочив пред некој ден, неможност и при самозадоволувањето да постигнат уживање без порно (што не е чудно да се должи и на самото порно, некоја умерена зависност или почетна фаза). А кога некој е изморен, за да се одмори можеби е логично да се наспие, наместо да губи време пред монитор. Така што, нема место за виктимизација, за се може да се побара решение ако се сака.... ако се нејќе, ок, нема потреба од компромиси ни од другата страна ниту врз неа да се врши притисок како што ти и некои други мислите дека треба. Тоа го велам цело време. Не заборавај дека зборуваш за избор на туѓ партнер, бараш од девојки да воведат ист критериум како твојот, а не се сите исти како тебе. За изневерувањето кажав што имам, сега и за тоа да повторувам? Не знам од кај се сите тие зафатени мажиња кои бараат авантури на страна чим по дома сите се верни. За статии, 10 ќе ти најдам каде се тврди спротивното. Professors Jennings Bryant and Dolf Zillman have been researching the effects of pornography for more than 30 years and have concluded that when it comes to porn use “no rigorous research demonstrations of desirable effects can be reported.” Porn can lead to decreased sexual performance. A recent NoFap survey of pornography users found that 19 percent suffer from premature ejaculation, 25 percent are disinterested in sex with their partner, 31 percent have difficulty reaching orgasm, and 34 percent experience erectile dysfunction. After committing to no masturbation/porn, 60 percent of those on NoFap felt that their sexual functions had improved. And 67 percent had an increase in energy levels as well as productivity. И за варање има, гугл се што сакаш да прочиташ вади. Дека Тед Банди се мотивирал од порнографски материјали и така натака. Како сакаш можеш да ја носиш водата. И да, подобро е тука некаде да се откажеш оти на сите кои не ти се во табор им реплицира веќе, доста е. За разубедување се има време и приоритет е нели.