Да се надоврзам. Не е актерката или актерот во прашање. Не е дека виртуелно ве изневерува или како и да имаше некоја напишано поназад. Луѓето гледаат порно за самиот чин, задоволството кое го доживуваат. Па и кој гледа во типот? Секогаш е типката во прв план и нејзините реакции Не сте подобра и поштена особа со тоа што не гледате порно туку си скратувате задоволство
Добро, јас го изневерувам маж ми, јас не знам, ти знаеш повеќе од мене за себе. Што знам, може и некое тешко психичко растројство имам па си мислам дека не го изневерувам. Како може да говориш за мене конкретно, т.е да ме сеопфаќаш во твојата генерализација. Тезиве ти немаат никаква потпора, освен проста шпекулација. Јас посочив на членката првично дека нема потреба да уништува врска за нешто што е глобално и секојдневно. Ти можеби не сакаш и не гледаш, што не значи дека некој друг не го прави тоа, а сепак е нормален човек како тебе, како и сите други. Не ја стигматизираш мастурбацијата, но како што пишав, некој не може да доживее задоволство, сам со своите мисли. Не е срамота да гледаш, постојат за да имаш моментално задоволство кое не можеш моментално да го добиеш. Еректилна дисфункција може да се јави и од ред други фактори, не поврзани со гледање на порно и не значи дека сите што гледаат имаат проблем. Демек ти се загрижи за нечив проблем, а всушност идеата зад самата индустрија ја плукаш. Никој не те тера со сила и ти наметнува работи кои не сакаш да ги правиш, истовремено не можеш да се расфрлаш со термини и предрасуди кон оние кои не го делат твоето мислење. Се додека ми рециплицираш ќе враќам, иако нема поента да се врати, затоа што она што го даваш како теза е смешно и неприкрепено со факти како пример горенаведеното.
А па ако се од Франција може да гледаат порно, само нашите мажи не смеат оти жената ќе била навредена, па што бара он со нејзе во кревет, нека оди кај таа со големите цицки Значи ако на мажот му се присака, не може сам да се испразни додека гледа порно, според вас попаметно е да оди со различни партнерки а? Аххх....
Девојче, да ме читаше, ќе сфатеше дека кај мене нема толерирање други и нема толерирање порно оти за порното имам мислење кое нема тука да го образложувам (не е дискусија за во Љубов и секс). А ако ме читаш и пак не сфаќаш, не знам што да ти речам. И така кажи си, се плашиш дечко ти незадоволен да не оди со други и затоа правиш компромиси. Полека сите ќе си дојдете на моето. конкретно и генерализација не одат заедно, ама ај и јас фатив да ви објаснувам. И доста се нервираш што не можеш да ми наметнеш.
Ти од што не се плашиш да не оди по други, затоа не му дозволуваш да погледне друга? Можеш и да го врзеш на ланци дома, сигурна ќе си дека кога ќе помине згодна жена по улица нема да ја погледне, и дојди после кажи ни дека тоа го правиш затоа што не се плашиш
Ако мој партнер гледа или тргне по други, јас ќе го откачам оти тоа ме лади, а не оти се плашам, и не знам уште колку пати треба да ви повторам. Ќе си одберам нов на кој јас сум му најинтересна за да ми ја одржува страста. Може на луѓе со деца, со имот вложен/заложен во брак да го наречам, им е тешко да сфатат како нешто може да се згазне во секунда од ќеф, ама јас на тоа не морам да мислам и ќе си живеам како ми е мило на душата, сигурно не како кажале на форум дека треба.
Најинтересна, само ако е амиш. Колку контролирачки ли треба да биде една индивидуа за да има право на изјаснување дали ќе гледа партнерот порно или не. Дали сте сериозни?? Не е рационално размислувањето, ти не го поседуваш човекот па да одредиш што ќе прави. Сериозно мислиш дека луѓе поради зачувување на бракот, семејството или заедничкиот имот "дозволуваат" мажите да им гледаат порно?? Еве да речеме утре имаш сопруг одбран по твои критериуми. Што ако успешно ти сокрие дека се задоволува настрана додека гледа порно и после години конечно го фатиш на дело...ќе се разведеш? Како воопшто мислиш дека ќе го контролираш партнерот што пребарува на интернет? Не е ова Северна Кореја, побогу.
Еве јас да ти кажам. Одма нема. Инаку и досега ќе ја прекинев врската. Ама ќе пробам да го одвикнам и да направам што можам околу тоа. Оти од едно видео неделно ќе премине во секојдневно, а мене да не ме ни погледнува. И колку порано сторам нешто, толку подобро. А зависник нема шанси да не го приметиш. И моментално пробувам
Да бе у право си како погоди? Ти коа ќе си најдеш некој шо нема да гледа порно, еве ние сите тука у манастир ќе одиме, може? Изгледа сме "ненормални" шо ова нас ни е нормално.
Однеси го на бајачка! Чади со темјан и обеси лук околу креветот. Чаршафите само со крстена вода пери ги. Само така ќе престане. Мислам, побогу...
Ne mi se veruva deka vo 21 vek uste vaka se razmisluva. Nikogas bas nikogas nema da znaete sto pravi partnerot navistina, samo sebe se lazete i izmacuvate so vakvoto ponasanje. Duri i na momenti da prestane, verojatno deka nekogas pak ke pocne. Mislam deka problemot ne e vo partnerot i vo pornoto. Tuku vo samata individua vo momentot koga saka da stavi zabrana na nekogo. Avtomatski toa znaci nemate samodoverba. No ne ste vie tolku vinovni, tuku onie koi ve trpaat.
Не ми одговори на ниту едно прашање. А еве ти пак, зошто пробуваш да измоделираш некого? Еве јас да ти кажам: Затоа што карактеристиките што си ги зацртала за твојот совршен партнер кој не прави ништо што тебе не ти се допаѓа се нереални. И во најмала рака ќе создадат контра ефект. Забранетото на многумина им е слатко. Зошто веднаш скокна со претпоставката дека е зависник? Што ако гледа само повремено? Зошто си создаваш слика дека ако гледа порнич не го возбудуваш ти т.е. девојка од реалноста?
Ти праша дали ако во брак би открила дела гледа, ќе го напуштам. Јас ти одговорив нема одма. Значи дм не е зависник, гледа ретко. И да океј, се пали на мене. Ама ако навреме не престане, тоа ретко ќе премине во често. А тоа виртуелно задоволување ќе стане секојдневие. Има такви примери и воопшто не се наивни. Имам зборено. Ми вели некогаш се опуштал со тоа. И се случило на еден канал на тв да дадат порнич. И не ми се допадна како почнаа лиги да му течат, а јас бев до него. И со мене е таков, ама џабе јас ќе бидам најсекси пред него ако он кога ме има и мене и порничот, не ме одбира мене. Пак ли е до мојата самодоверба кога гледам на дело што се случува? И да, некогаш негативната особина треба да ја смениш а не да велиш дека некој те моделира или дека треба секој да те прифати таков. Оти ако куп не те прифатат, може да е до тебе. А богами он ќе си остане сам ако продолжи. Едит - крајно понижувачки е да ме одбие демек неќел, ама порнич може. Значи не е до неќење.
Немој жити се не и да давај совети за бајачка, може стварно ќе оди да го одвикне, а од таму ќе и речат дека се работи за некоја црна женска со две очи и ќе и искубе коса на невина девојка
Еве ние тука еден куп сме шо кажуваме дека е нормална ствар, а вие сте 2-3 шо сметате дека е не нормално.