Оф леле, не е ова хероин па да почне со малку и после да премине во секојдневие. Може да има периоди кога 3 пати дневно ќе пушта порничи или цел месец да не пушти. Но, факт е дека и во брак ќе пушта. И дали стварно мислиш дека он го бира порничот пред тебе? Верувај дека го гледа како обичен филм и сака само што повеќе да се возбуди за вашиот секс да биде подобар. Немате никаков проблем во овој поглед, остај го човекот да живее. Ако седнеш и гледаш со него или едноставно го оставиш на раат, може само подобар да ви биде сексот. И не е понижувачки да те одбие, а да пушти порнич и двајцата да се задоволите. Баш тоа укажува дека е опуштен покрај тебе. Колку пати сме го направиле ова со маж ми, ќе се гушнеме и ќе заспиеме. Едноставно не е секогаш до сексот туку само сакаш да се опуштиш. Тоа што мислиш дека си му единствена опција на дечко ти ми брца во очи во секое твое мислење. Мислам твој живот ама штом толку го заболе за твоите забрани и што мислиш ти за порничите, верувај не си му. И не знам зошто си во врска со него кога ја користиш секоја шанса да го омаловажиш, а се жалиш дека тој те понижувал со порничите.
Па ако не ти се допаѓа што тој прави значи дека не ти одговара како партнер, би требало да го прифатиш со сите доблести и маани, евенезнам. Ама ако си решила да бидеш Џепето, повели, knock yourself out. Дека ќе остане сам, немој да бидеш толку сигурна. Подобро признај дека имаш проблем во врската и работи на тоа - велиш те одбил. Можеби запрашај се ЗОШТО би одбрал порнич?? Сама си одговори на прашањето за самодовербата со тоа болдираното. Како воопшто очекуваш да му бидеш секси со размислувањево..не можам ни да го наречам уназадено... во минатото не биле толку без имагинација. Човек да се запрепасти колку сте наивни. Еден период можеби ќе ти го вози филмот дека ти е послушен, демек не гледа порничи, ќе минат години, ќе го фатиш на дело и трудот ти пропаднал во вода? Што ќе сториш тогаш? Ќе моделираш некој друг? Дај, молим те.
Не ме бира мене оти не сум му доволна. Ете кога ги има двете опции на располагање, барем тогаш да ме бира. Оти извртена му е перцепцијата за тоа што е секси, што му е убаво на око. Ако престане да гледа, ќе нема што друго да го напалува освен јас и нема да гледа подалеку од мене. Крај крајова, нема да му овене ако не гледа. Не го терам да престане да јаде, туку баш навика од која нема корист.
Ако престане да гледа точно е дека нема да му овене, ама не е точно дека нема да гледа подалеку од тебе. Баш тогаш ќе гледа рандом девојки на улица...
Ако ова сега ти претставува проблем, дали ти се замислуваш до овој човек во брак... со деца? Бидејќи тоа не е проблем, ама за тебе е. Што решение имаш? Цел живот ќе се трудиш да го одвикнуваш?
Аман бе не ве бирал вас, не сте му доволна поради порното... Кога може ќе имате секс, кога нема можност а му се присака ќе гледа порно, чисто физички и за релаксирање. Сè што е надвор од нормала не е во ред но да му бранам на партнер кога нема можност за нешто повеќе меѓу нас е бесмислено. Гледа, завршува работа и исклучува. Освен некој тинејџер, кој созреан човек ќе анализира што гледал и ќе ја споредува партнерката со тие на видеата..па и во некој екстремен случај ако е така, јас сум ваква, ако му одговара океј ако не нека бара каква што наумил. На крај сепак, што ќе ми е некој на кој не му сум доволна. И не е порното проблем, и на слики, видеа, инстаграм, филмови, секаде може да наиде на такви сцени, екплицитни работи и сл. Ако не му си доволна и без порно нема да му си.
Како да не сте читале членки кои се жалеле дека дечкото ги одбивал, а си гледал порно цело време. И не верувам дека ќе ѝ речете дека тоа е нормално да прави така. Мене не ми е нормално машко да одбива за порно. Или за само на себе да си удоволат, не на девојката. Себичност, јбг Ама вие како сакате.
Па никој не рече дека е нормално да избере порно покрај девојка. Забрани за кога е сам е проблемот. Кога нема да може да има секс ќе гледа порно, кога ќе може да има секс, ќе има. Не знам зошто се испревртуваат муабети. Едно е да те одбие и да гледа порно, друго е кога не може со партнерка да пушти видео и да се релаксира. Вие и второто го забранувате.
Ете мене и првото ми се случило. Еднаш-двапати ама се случило. И затоа подобро воопшто да не гледа отколку да има било какви ситуации.
Па ова не ти е веќе црвен аларм дека нешто не е у ред со врската? Никој никогаш не би одбрал порно пред партнер. Со сила Тане ништо не оди, колку труд и да вложуваш.
Танче да не се повторуваме едно те исто. Имаш одбивност со причина. Порното не би преставувало проблем ако нема друг проблем во врската. Е сега се поставува прашањето дали воопшто има сексуална енергија меѓу вас двајца. Очигледно дечкото си има некаков проблем, дали со тебе, дали со себе. Можеби преувеличуваш, можеби ситуацијата е алармантна. Разговарај, не поставувај забрани. Можеби она што ќе го чуеш, нема воопшто да ти се допадне. Со оглед дека си сеуште млада, не мораш да седиш во таа врска каде се чувствуваш неубаво, споредено, во втор план. Веќе се разјаснуваат работите. Затоа не можеме да се разбереме. Немаш проблем ти со порното, туку со самиот дечко. Едит. Мислам дека Танче ме игнорира Тажна сум
Жал ми е што го читам тоа. Ама со забрани ништо не се решава. Така само се наталожуваат проблемите наместо да се побара решение ако и двајцата се спремни на тоа. На долг рок забраните само лошо ќе донесат.
Уште веднаш да одиш. Таму ваљда ќе немате интернет и ќе прекинеш да одредуваш туѓи критериуми за партнер. Глеј си ги твојте блиски и не ми кажувај мене. А тоа никој не погодуваше, ти сама го напиша дека партнерот или порно ќе ти гледал или ќе те изневерувал, без двете не можело демек. Прво читајте што е пишано наместо да поставувате веќе одговорени прашања имплицирајќи поинакви одговори. “Сериозно ова, сериозно она.“ Сите вие истомисленички досега нешто ми извртевте. Потенцирав дека кај мене нема забрани и присилби, таа ми пишува тука диктатор, контролор, фирер....па дури и да сум сето тоа, тебе што те засега? Вие можете на непознати да им се мешате како да се постават во нивна врска, јас сум немала право на партнерот да му кажам ако нешто ми пречи и да го напуштам ако нешто навистина не ми одговара пази логика. И после јас Северна Кореја, кога тие се оние кои очекуваат сите унисоно со нив. Господ да чува. А амиш, а хроничен дркаџија пред монитор, исто ми се фаќа. Ко можеле пред 30 години да имаат секојдневие без лесно достапно порно, без висење на ххх сајтови, се може и денес. А зошто овие години се придвижија нештата во извесен правец, јас знам и е за во друга тема. Некој кој не ги сфаќа тие работи и е искалапен ко мнозинството....нема што јас да правам покрај него и да ми биде партнер. Ако гледа други, значи не ме сака мене (како јас што сум губела интерес кога сум почнала да гледам во други, ми станувало монотоно), и нека иде у пм. Плус, јас имам јако либидо и ако наместо да се занимава со мене одбира на друго да го троши набојот, не ми ја цени убавината и тоа што го можам во сексот, нека се гони. Нема да недостига. Што вие правите во вашите врски ми е сеедно и не ми е репер, нека не ве тангираат туѓите и не туку цитирајте кога не ви е побаран совет за да дрвите како другите вклучително и јас треба спротивно од своето да прават
Па поинаков одговор не ми даде, само верглаш едното исто без валиден аргумент, само колку да реплицираш. Во тој случај нека не те тангира и тебе ние во нашите врски и членките со по децении во брак зошто одлучиле да ДОЗВОЛАТ партнерите да им гледаат порничи, пошто тоа беше темата на разговор, не знам кој дрви, јас или ти. Малку да си се спуштиш од кај што си летнала. Се прашувам што ако налеташ на таков тип кој ќе те изигра дека не гледа порно *или што друго и да бараш веќе* само за да го "вкуси" ова твое либидо до небеса и потоа те остави, о ти, божице на сексот. Точно можеш да правиш што сакаш, кој те спречува? Овде се дебатира, ако не ти се допаѓа премести се во друга тема каде што се зборува за љубов и секс во минатиот век.