Јас не знам како покрај сето ова негледање девојки на инстаграм, негледање други девојки на улица, ќе те забележи тебе принцот од твоите соништа. Чисто информативно, ти значи немаш никакви пороци, м? Пошо не направи зависници сите тука.
Види, туѓа зависност не е мој проблем. Пишав штом не им е нормално негледањето порно, ондак се зависници и тоа е тоа. Тие ако можат да вреѓаат, можам и јас. А околу зависноста, мене само ми е жал за некои од децата на кои порното им е лесно достапно во денешно време и ќе им се заебе психата. Ама тоа е одговорност на нивните родители, крај краева. Нешто изалудирав во неколку мислења околу причини за негледање порно кои спаѓаат во некој друг подфорум, ама никој не ме сфати, но нема везе, тука не им е местото.
Се слагам дека негледање порно не е проблем, ама проблем е кога некој друг ќе се обиде да го измоделира дечкото/девојката по своја замисла. Некои работи ќе преќутам, не сакам да бидам дрска, само ќе кажам дека некои треба прво да си ги решат своите сериозни проблеми и односот со партнерот пред да се секираат за дали тој гледа порно.
Барем јас имам коњ за јавање. Ти си желна да се расправаш, ниту еден одговор не даде на прашањава, а така страствено реплицираш. Барем издржано да си ги браниш аргументите, туку ти самата не знаеш што сакаш да кажеш.
Кажи им без да ме цитираш, на тие на кои им бил потребен совет, од нешто се пожалиле на пример. Не знам дали приметувате дека од инает ви реплицирам, да сфатите дека вашето може да биде правилно за вас, а кај други луѓе други работи функционираат. Од што им наметнувавте, и тие кои се отворија тука заминаа. Кој колку сфаќа. Ахм, скроз така пишува.
не беше наменето за тебе де. Ниту ти забранив да си бараш дечко што не гледа порно. А може и да не ми се обраќаш во множина...зашто за себе си пишувам, не за некој друг, ниту со некој друг.
Рака на срце, 20-30 страни дискусија за порно набрзина ги скроланав, па ќе пишам општо. Ако некоја ја повредува тоа што партнерот гледа порно има секакво право да му го каже тоа искрено на партнерот. Тука тој генерално има 2 опции за одговор: 1. Да, мислам дека си во право. И јас искрено сакам да престанам. 2. Не сакам да престанам. Мислам дека премногу бараш од мене. Нема да се променам. Било која опција е ок да ја избере. Она што не би било во ред е да се согласи на првата опција, а потоа пак да тера по старо. За мене тука не би станувало толку проблем за гледање или негледање порно, колку што е проблем искреноста. Изиграна е довербата да ветиш едно, а правиш друго. Дали е прифатливо гледање порничи во врска е друга тема. Ама е индивидуална тема, која треба да си ја продискутираат партнерите и да се договорат меѓусебно.
@Аргентина * Очигледно ти нам не не разбираш, а и ние тебе. Затоа што во глобала разговараме за две сосема спротивни дејствија. Зависност и рекреативност. Храната може да биде зависност, а може да ти биде и задоволување на потребите со цел преживување. Истото е. Може да си зависен, а може само сакаш да задоволиш свои потреби со помошно средство. Не знам со какви луѓе си правела муабет, за да констатирате дека сите се зависници, ама моментално читаш група на луѓе кои немаат ништо против, сето тоа да се прави наменски по потреба. Во ред е да не сакаш таков партнер. Ти си го бираш. Но, не можеш да даваш секакви епитети и претпоставки за оние кои решиле да не придаваат значење на самиот чин. Тоа не значи дека немаме самодоверба или си ќутиме или си ја наведнуваме главата. Баш напротив, премногу сум самоуверена дека не ме изневерува. А, не мора ни да знам каде е, ни што е, ни со кој е, ни што прави. Оној кој што те сака и почитува ниеднаш нема да ти даде повод и причина, да се посомневаш. А веќе ако решил, тоа е тоа, нема сигурно вината да ја барам во порното, пошо актерите во филмот сигурно не му говорат.
Немам ни време ни желба да ги прочитам сите страни наназад, ама од тоа што видов и сфатив на почетокот @Аргентина * не би забранила гледање порно, туку веднаш ќе прекине врска што за мене е 10000 пати пофер отколку било каква забрана или поставување услови во врска. Секој има различни работи преку кои не би преминал, и поради кои не би се гледале со дадена личност во сериозна врска. Дали е зависност порното? Може да биде. Јас имав случај со еден дечко по цел ден му беше курот у рака, да можеше цел ден ќе гледа порно и/или би имал секс. Дали јас требаше да му кажам да се менува? Не, мое е да прекинам и да си најдам нешто што мене ми одговара.
Како не се најде некој да побара совет или модератор да ја заклучи привремено темава наместо што се полни со офтопици.Ич не се почитува туѓото време. Ти им велиш не ме цитирајте и така не ме разбирате, еве некои други членки ми ги разбраа мислењата, тие - не, то па то. Некои и со лични навреди се послужија зашто се испровоцирале од генерализирачки пишувања на форумов Проста маса. Ти досега ама баш за се ме разбра погрешно и ми изврти (не дека другите подобро се покажаа). Јас те разбирам, не се секирај. И гледам дека понекогаш ретерираш, ама навалувањето врз други ти стои. Кога влегов во дискусија со тебе со намера да биде кратко, прво паушално напиша дека сите мажи се по порното. Јас познавам мажи со став дека порнографијата треба да се забрани, со некои не сум споделила свое мислење, само сум го слушнала тоа од нив. Значи не беше во право. Колку е точно дека сте зависници, не ме интересира Се додека ми инсистирате како не е нормално (маж) во врска да не гледа порно и ми се нафрлате со лавина од чудење, ќе ве нарекувам зависници. Два пати ви посочив дека пред 30 години немале лесно достапно порно на два клика секој ден, изигнориравте....вие изгледа си мислите дека не уживале луѓето до не толку одамна? Греота тие луѓе. И после отпоров како да не помислам дека сепак се работи за некаква зависност, макар и во блага форма? Вашиве мислења и од таа перспектива уште повеќе ме направија противник на порно, ви честитам. А не се сметај за почовек од тие твои неистомисленици со кои сум разговарала за да спомнуваш какви луѓе биле. И не сме се согласиле за тоа што ти напиша дека сме се согласиле, туку во поинаков контекст. Ама јас ве разбирам вас, туѓо ви е и не го конципирате. Тоа дека ќутите и се наведнувате се однесуваше на вашите поуки ние да го преќутиме она кое ни пречи и да се прилагодуваме во врската. Плус ти самата спомна поназад замижување, така да, јас не го извадив од ракав. Ме лади тоа како постапка и како навика, дебилен конзумеризам ми е исто ко слушање турбо-фолк и ми кажува многу за човекот и неговите вредности, нема начин да објаснам веќе. (сега и со апологија на турбо-фолкот занимавајте се тука ) Навалете повторно со навреди како сум била јас посесивна и контрол фрик иако секогаш сум јас таа што прва се оддалечува од момците, а не сум многу ни за брак, ни деца не ми се раѓаат. Јас немам интерес и корист во оваа дискусија, ко што не се вклучувам и во другите дискусии пошто го знам форумов како функционира, ама ај нека биде овој пат.
@Аргентина * порано немало интернет за да гледаат порно, ама имало весници, значи пак се гледало такво нешто. Не е само порното тема на муабет сега. Имаше членки шо искажаа став дека дури нивните мажи/дечковци не смеат да гледаат рандом жени, познати инфлуенсерки и модели на социјалните мрежи. Тоа никој не може да ти го забрани, посебно не девојче со кое си во врска некое време. Јас разбирам ако машкото следи лајкнува профили кои што се во негова близина, може да реагирате, ама не ми е сфатливо забраната за гледање инфлуенсерки со цицки и газови. Не е лично ова кон тебе, зборувам општо поради што се започна таа тема и дојдовме до порното, да разглабаме дали е правилно или не. Еве има и машки членови на форумот и тие пишаа дека овие забрани не се нормални. Еднаш ако погледнеш порно нема да станеш зависник од тоа. Има, не викам дека нема зависници, ама тие имаат посебна дијагноза. Пробај да гледаш еднаш порно со партнерот па ќе сфатиш за шо правиме муабет тука 5 дена и трубиме едно те исто.
Btw порано постоеле списанија, изнајмување на касети, имаше и кај нас едно кино со порно тематика пред многу години. Така да, имало се што и денес. Ако веќе зборуваме за пред развојот на технологијата во однос на интернетот. Тој што сакал да гледа имал и тогаш опции. Сега е олеснето и достапно во својот дом. Ако се навратиме уште порано, во 70тите, 80тите, не им требало порно, туку имало секс на сите страни, било каде со било кого, оттаму и ширењето на хив на глобално ниво. А уште порано од тоа, распространетоста на сифилисот е доказ за користење на бордели. Кога ќе сумираш, подобро безбедно гледање на порно, отколку блуд, разврат и ширење на болести. Кога веќе навлагам во историја. Едит. Имаше програми на тв кои емитуваа еротски содржини, после 12 часот. Така да, не да имаше. Ако не сте запознаени за одреден период, не значи дека немало.
Ti kazhuva mnogu za chovekot, i negovite vrednosti?? Jas ne znam lichnost sho ne gledala. Site toa ho pravat, znachi site se nemoralni i imaat iskriven sistem na vrednosti? Mn losh zakluchok. Ova e isto kako: ako se napijam alkohol, normalno vo umereni kolichini, sum alkoholichar i nemam sistem na vrednisti i sum nemoralna lichnost.
Океј, мислам дека е доволно на тема порно тука, има друга тема за тоа, Колку често гледате порно филмови, а може и да се отвори нова за зависност од порно. Нека се ослободи оваа за некој на кој му е потребен совет.
Ова два пати го спомнуваш, а многу си грешка. Имаше видеотеки и погоди кои беа најбараните филмови . Ако пребараш ќе видиш дека отсекогаш постоело некоја форма на порно, дури има и зачувани цртежи по ѕидови од пред 2-3000 години. Пробај да се ослободиш малку од предрасуди.