Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Вака според мене очигледно не е таа единствената што има тежок карактер... Ти и никако не си пробал да ја сфатиш според ова бидејќи цело време таа е виновната што ти така си направил, ако ја вистински сакаш разговараш и решаваш се што те мачи во врската и никако не правеш работи зад грб. Ова што си го направил не е во ред никако(сепак не може таа да е изговорот дека карактерот нејзин те енатерало на тоа), тоа си го направил од себичност за да не останеш сам ако дојде случај да имаш резерва... Не знам што да кажам можеби е подобро ако ја сакаш да ја оставиш да си најде некој што нема да и прави работи зад грб. Јас да сум во нејзина ситуација не би ти опростила. А доколку ти даде уште една шанса чувај си ја девојката(сите имаме тешки карактери, но ако вистински сакаш некој нема да имаш такви стравови да правиш нешто зад грб).
     
    На Darlingzz, thelittle17, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    Тотално се согласувам, и само да додадам,дека тој тежок карактер е можеби и последица на твоето однесување @couple9 ,ако ти значи девојката играј со отворени карти,пробај скроз отворено да разговараш ако имаш позитивен фид бек океј ако не ,next...
     
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    :puke:
    Требало да и кажеш на девојка ти како си се чувствувал кога она ти се понашала така. А не да се тешиш со бившата.
    Сега веќе ја изгубила она довербата во тебе.
    Џабе сега ти текнало дека ја сакаш, можеби не си ја изневерил физички, ама психички и те како.
    Што е со изјавава -"се плашев да не останам со празни раце"? Одвратно. Очигледно ти сакаш да бидеш со некоја цело време, било која. Т.е. не сакаш туку мораш, според тебе.

    Јас да сум на местото на девојка ти, не би те ни погледнала веќе.
     
    На Darlingzz, Purplelilac, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. couple9

    couple9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Не е напишано тоа у смисла ако не ме сака сегашната девојка да и се вратам на бившата, него да имам некој до мене, а не да се навраќам на бивша.
     
  5. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    @couple9 и делот со трета особа и од твоја и од нејзина страна малку нејсен ми делува ? Што сакал авторот да рече со ова ?
     
    На LadyLollypop и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Првен ти треба да научиш малку да бидеш сам, сингл. Малку да се пронајдеш себе си. Ако скокаш од врска во врска, ќе ти се случува ова. Треба време да се прилагодиш дека со бившата си завршил, па на нова да се посветиш.
    Зошто толку се плашиш да бидеш слободен некое време?
    Се надевам свесен си дека си внесол 3та личност во врската.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. couple9

    couple9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Имаше период кога се каравме и таа пишуваше со трета личност и беше на раб на излегување со него, за малку ќе идеше со друг.
    А јас пишував со другар за една друга девојка, т.е ја коментирав
     
  8. couple9

    couple9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    После бившата девојка планирав јас долго време да бидам сам, ама сегашната девојка ми пиша после неколку дена откако раскинав и со самото пишување и комуницирање се заљубивме и засакавме.. Ете, можам да кажам и дека несвесно било.. И кога ја засакав и се осетив преубаво, немаше назад..
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.394
    Пол:
    Женски
    Ок, двајцата сте згрешиле, ако сакате двајцата ќе ја решите ситуацијава и ќе продолжите, под услов да си ветите дека нема да правите вакви работи затоа што еве гледате што се дешава кога се повторуваат грешки.
     
    На thelittle17 и Martka им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @couple9 Знаеш како велат? Што ќе посееш тоа ќе жнееш.
    Не сте ми јасни, имате проблеми во врската, не наоѓате компромис да ги средите посебно пак затоа што девојката е инаетлива а прва прилика одите кај бившите само затоа што егото ви е нула па наоѓате начин како да си го кренете.
    Зошто сте во врски од кои не сте задоволни? Или најдете начин да најдете златна средина или секој по свој пат а не се повредувате меѓусебно а потоа на фемина барате совети вака не беше, така беше.
    Кога ќе размислам, двајцата сте исти, она пишувала со трет, ти си пишувал со бившата, не сте цвеќенца и двајцата.

    Сам да бидеш не е лошо, пронајди се себе си, размисли што сакаш во животот, во љубовта, на секое поле.
    Нови врски цело време не е добра работа ако не си завршил со претходната.
    Понекогаш изреката - Клин со клин се бие ве тера да правите грешки.
     
    На IRBBB, sunshinebabe, LadyLollypop и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Добро, има и вакви случаи кога новата љубов ни пристигнува брзо.
    Сега прочитав погоре дека и она си пишувала со друг? Ти како реагираше на ова?
    Ако сте се договориле на некој начин да си пишувате со други, тоа веќе е друга приказна.
     
  12. couple9

    couple9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Не сме се договориле, него имавме проблеми тогаш и се каравме многу, а јас пишував само со неа и ја гледав само неа.. Додека она предизвикана од проблемите што ги имавме тогаш пишуваше со трета личност неколку дена и се договараше да излезе со него, но сепак не излезе.
     
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.295
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ја сфатам потребата при секоја кавга одма да пишуваш со друг, а гледам честа појава е. Многу незрело.
     
    На sparklie, Blue.Sky, Darlingzz и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    Штом ти е на срце ,значи има многу работи и во кој ти одговара девојката.Инатот е мала работа ако се најдете на муабет и све остало.Скрши го мразот и разговарај.Твое е да пробаш.
     
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Многу е незрело при првата кавга да земеш да пишуваш со друга личност. И за тебе и за нејзе зборувам.
    Седнете разговарајте, ако сте спремни за компромис и ако можете да ја вратите веќе изгубената доверба, добро. Ако не, секој по свој пат, ништо страшно. И во следната врска малку позрели постапки!
     
    Последна измена: 9 декември 2020
    На H.VAGA, busybee, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Многу е глупо чувството кога знам дека дечко ми крие нешто од мене и јас сама дознавам,а тој си ќутел и си траел ко ништо да не било.

    Ко кец на десетка си пишувал со бившата,ќе и помагал...

    Хеј,стоп!!!
    Кога имаш проблеми во врската не треба да бараш утеха во други туку да седнеш со ладна глава да размислиш.
    Не е инает во прашање туку си ја згазил, си направил да се осеќа помалку вредно. Ете тоа е, ни ја не би двапати по исто гомно да газам.
     
    На thelittle17, *Amethyst*, MeowMeow и 11 други им се допаѓа ова.
  17. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.854
    Пол:
    Женски
    Па ете знаеш какво е чувството некој што го сакаш да се допишува со други. Сте го поминале тоа и сега ти истото на неа го правиш. И не само со било која, со бивша.
    Не е во ред ни нејзиното, ни па твоето. но ете сте го надминале тој проблем и сега го коментираме сегашниов. Не сметам дека ова ти што го правиш е океј, само зашто и она направила нешто слично. Твоето било криење со месеци. И без разлика на тоа што не си направил ништо, сепак си мислел на друга. Колку и да сакаш да ја задржиш, не верувам дека тоа ќе ти дојде лесно. Доверба премногу лесно се губи, а доста тешко се гради.
    Тоа што ти твоето пишување и зборење, го гледаш како ништо и како нешто што е океј, нема да ти помогне.
    Мора да сфатиш и на неа како и е. Немаш никакво оправдување за стореното.
     
    На thelittle17, MeowMeow, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  18. couple9

    couple9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Веројатно и не знам како е да крие некој од мене нешто такво, јас бев сигурен дека таа немаше такво нешто да ми направи ама не ја исклчував можноста дека ќе ме остави. Јас знаев дека е 100% искрено затоа што кога се случи тоа таа да договора средба со друг, утредента самата ми призна се и ми покажа чат.
    Таа и самата е свесна дека тогаш погрешила и дека правела работи во инат на мене и очекуваше тогаш прошка од мене затоа и барем на зборови тврдеше дека е спремна да ми прости кога нешто би дознала лично од мене а не од некој друг.
     
  19. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски

    Премногу инает имате во врската, алал да ви е како се трпите меѓу себе, колку време сте заедно? Ова сега ако си го правите од инает, во иднина може навистина тоа да се случи, не само од инает.
     
    На thelittle17, *Amethyst*, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  20. couple9

    couple9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    8 ипол месеци.