Шо работи дечко ти ако не е тајна? Пробај да го разбереш разговарај со него. Чим и сам се жали најверојатно навистина му е тешко.
Шо е битно шо работи? Дури и само да седиш 12 сати на работно место е мачно и психички си оптоварен, а камоли навистина да работиш без разлика дали физичка или психичка работа. @oblace1 претеруваш. Ем знаеш како му е, ем се сомневаш...катастрофа.
Тоа е моето мислење,Вие лутете се колку сакате.Па 90%вараат по патиштата....Кога ќе видиш секоја работа е тешка на свој начин...Што се однесува до мене си имам став и не би имала камионџија за другар а не пак нешто повеќе...фуј...ама тоа јас сум и гледајќи ја маката на колешката....А Вие тешете се дека има камионџии чесни.....
Женски фала на советите. Не го форсирам воопшто ниту за видување, ниту му ѕвонам на пола сат. Знам дека е гроги и не му е до ништо, не го напнувам, имам разбирање за неговата ситуација. А што работи не е битно, напорно му е секако. Сомничава сум како човек и ете кога го гледам вклучен, а не ми пишува почнувам да се сомневам. Башка не знам стварно какви утешителни зборови да му упатам? Не ме бива ич за изразување емоции.
Не му се десила трагедија фала Богу па да го тешиш, онака само биди си лабава, нека си тече нормално комуникацијата и ќе ти биде полесно и тебе и него.
Не треба да се обвинуваш себе си поради својот сомнеж. Тоа што има премногу работа може е причина за помалку време што го минете заедно, но чим ти гледаш некоја промена, следи ја ситуацијата. Интуицијата некогаш не лаже, ама некогаш знае баш да убоде во центар. Чудно е тоа претчувство што го имаме понекогаш. Се надевам дека не е ништо и ќе го пребродите овој период на криза и врската ќе ви биде уште посилна.
Некогаш човек има потеба да се одмори од сите, да се вклучи на социјалните мрежи без никој да го замара, зошто навистина е напорно да пишуваш со некој ако си уморен и не ти е дојдено до тоа.
Што да сфатам мајке ти? Не, сериозно ме интересира, освен камионџииве, од која друга професија да бегаме?
@oblace1 со самото тоа што работи по 12 часа (небитно што оти секоја работа си има тежина) не можеш да се осеќаш запоставено. Да трае еве да речам два месеци по ред сосем нормално е да се запрашаш дали постои трета личност. Немаш простор за паника, едноставно сфати дека е преуморен (башка може си има некои додатни проблеми на работа кои пробува да си ги реши). Јас не би ти препорачала да бидеш напорна, само следи ја ситуацијата и ако гледаш дека тапкаш во место, пример се јават други нешта.. тоа е тоа. Едит: Ај фил ју. Ама нешто разочарана сум затоа. @Sejfullai
Си почуствувала некоја промена и тоа не е за џабе, како што ти кажа погоре и Billy idol имаш некое претчувство. Ти го познаваш дечко ти најдобро и знаеш колку тие работи за него се невообичаени. Тоа што е вклучен, а не ти пишува може да е од многу причини, а една од причините да не е тоа дека можеби се допишува со друга девојка. 5 дена се краток период да заклучиш било што. Види како ќе се одвиваат работите, па разговарајте. Ако си ќутите двајца, само ќе се мачиш и нервираш. Искрено, никој не е толку зафатен и уморен за да помисли на тебе и да те слушне.
Што не ќе прочитам овде, стварно сум во шок. Какви луѓе, какви затупени размислувања, навреди за нечија професија. Според тоа ги проценувате луѓето, дали изневеруваат или не? Wow.
За да тврдиш нешто, треба да имаш лично искуство, а ти ова го кажуваш од муабет со на тетка ми стрина другарка и сестра па ќерка и. Јас сум била во камион и лично знам каков е патот, работата и нервозата да гледа паркинг кај да најде, а времето го гази и мора да се паркира шо е можно побрзо, да спиеш на игли дане ти влезе имигрант и да те успие па да ти ја земе цела роба, да да ептен им е лесно на камионџиите, баш па шо дома имаат жена и деца и не ги гледа со месеци, и дали има време да изневеруваат и с*кс. Алал да ти е како заклучи
Уште пострашно е тоа што камионџија не би имала ни за другар како што кажа. Значи не е изневерувањето проблемот туку некоја бариера во нејзината глава.
Хаха леле со предрасудиве.. Јас повеќе ги жалам камионџиите, нит деца нит жена си гледаат, жртва е тоа огромна да работиш таква работа. Кога сме кај предрасудите, и жената има слобода да си прави што сака додека мажот е на пат. Ама има секакви примероци во секоја професија па ваквите муабети се излишни.