A вака @Martka срце, дада да ти каже нешто тебе. Ти што работиш во животот освен што тука лупаш глупости дека 90% од шоферите ги вараат сопругите, девојките, собираат жени по патишта? Дали правеше анкета и стигна до овој број? Се додека некој со пот ги заработува парите за мене е тоа чесна работа. Сега ќе ти каже тебе дадичка еден пример. На моја другарка нејзиниот сопруг е камионџија, исто и братучед ми е камионџија, нон стоп на пат, јади пиј и спиј и ако имаш среќа ќе најдеш за ефтино мотелче да се истушираш и да преспиеш, очи да склопеш и пак на пат, а не пак да имаат време да собираат по улица жени и да се клецкаат. Од кај ви се тие муабети не знам. Не велам дека нема такви примери aма 90%. Бројки од ракав вадени. Ах бе, престанете со навреди, омаловажување. Не сте ништо повеќе од нив.
Демек ако тука работи во канцеларија е и угледен (стави професија по желба) не може да собира проститутки и да изневерува. Тоа не зависи од професијата туку од карактерот на човекот.
Ако се водиме по примери сите знаеме индивидуи банкари, менаџери, продавачи, угостители, сметководители и 1000 други професии кои ја варале жената. И сеа ќе генерализираме, абе бегај од банкари, кретени се....глупости
Затоа центар врие од станови на саат што де издаваат. Ние кога гледавме за стан, повеќе имаше такви што се издаваа на саат, него за кираџии. Таман за канцеларискиве на пауза
Ама тоа ми е поентата. Тоа е ствар на карактер, не на професија, ниту на тоа дали живеат во ист град или е врска на далечина. Тој шо сака да те изневери ќе појде на мочање и ќе те изневери. Не треба да е камионџија. И ова го пишувам, познавајќи двајца едниот камионџија, другиот превозник кои отворено си кажуваат дека по пат застанувале и бркале работа со проститутки. Слободни луѓе, никој не ги чекал дома. Тоа не значи дека сите се такви. Како што не значи дека некој адвокат кој живее со сопругата, не го прави истото. Или доктор. Но, има и такви кои и 20 жени голи да им се слечат, ќе се свртат и ќе си одат. Секој со карактерот. Еден куп предрасуди во темава, ќе прочита некое девојче чиј татко е камионџија и шо ќе си мисли? Ама не, овде што на ум тоа на друм...
Женскици знам дека грешам и дека сум глупа , ама не можам да замислам дека веќе не ме буди неговиот глас за добро утро и дека не ми пожелува добра ноќ. Знам дека иако искочи гнида , сепак тој беше овие 4 месеци постојано до мене , не сакаше да ме слуша тажна , ми помагаше за било каков проблем ми беше утеха. Ме третираше како кралица и сега наеднаш го снема. А јас постојано и додека спијам размислувам шо се деси и зашо искочи све вака. 5 дена немам отидено ни на кафе , душава ме боли срцево ми се кине. Како да продолжам понатаму?
Си имала живот и пред него, сети се како било пред него, сигурно подобро нели? Немој да си го сјебеш животот и психата анализирајќи секоја негова и твоја постапка, верувај ми дека не вреди. Испаднал идиот, твое е да најдеш сили и да продолжиш понатаму. Се е навика, а за секоја навика има и одвика. Која е поентата да се измачуваш кога тој не мрда со прст за тебе?
Ама нишо повеќе ми нема смисла. Песниве шо ги слушам на тв постојано ме расплакуваат. Ваљда знаете како е да ве боли душата, нишо ми нема смисла. Имам камен у срцево , не можам да си опростам и помирам шо ми направи. Ем помал од мене а вака се измајтапи со мене. Па и кога ќе ми текне дека само 2 пати имавме однос и тоа првиот пат умрев од болка , не крварев ни првиот ни вториот пат ама солзи ми течеа од болка. Нојќе не спијам од тага од болка. Пола човек сум веќе. Се ме потсеќа на него , ми фали премногу.
Сите барем еднаш во животот сме го поминале раскинувањето. Тешко е, ама за човек кој вреди, а за него да стопираш се? Не доаѓа во предвид. Гледај си за себе, да бидеш подобро. Ако ти се плаче, плачи, олесни си, секој има право да има лош ден. Но ова ќе те направи посилна личност, немој да дозволиш со месеци да тагуваш. А следен пат, не избрзувај со запознавање на тетки, стрини, вујни, сексуални односи и шта год ако не го познаваш доста добро и секогап тагуваш на ваков начин ако раскинуваш. Сте имале секс, взаемно задоволство, си заминал, испаднал идиот, живот иде даље. Не е прв и последен.
Ќе помине...Само знај дека не заслужуваш тоа да си го правеш сама на себе психички да се измачуваш. Ослободи се од мислите и мисли дека така е подобро што бидело што порано, си видела каков е и дека тебе те чека некој 100 пати подобар. Знам дека не е лесно, но што фајда од нервирање и мислење? Животот продолжува биди многу похрабра од што си и избори се за она што го заслужуваш
Ќе помине верувај ми. Вредиш многу повеќе и цени си се себеси, остави си простор да поминеш низ емоциите, ако ти се плаче, плачи. И јас преплакав едно раскинување тука на форумов, ама помина и тоа и сега си викам како можев да бидам толку будала. Верувај дека се се случува со причина, има големо зошто ова се случува сега, и нешто многу поубаво те чека понатаму. Гледај да си наоѓаш обврски, да немаш време за мислење многу, и гледај да се гледаш со другарки, знам дека нема да ти се прави ништо, ама мораш да се буткаш.
@Kjara15 знеме сите дека е тешко, со тек на време ќе ти биде подобро. Само престани да анализираш што, како, зошто било, престани да си го враќаш филмот и да мислиш на него и некои моменти што сте поминале. Со тоа правиш да ти е потешко. Прифати го тоа што се случило и продолжи напред со верба дека така било најдобро и дека ќе бидеш пак добро, ќе бидеш пак среќна, сакана и ќе сакаш.