Профилов го направивме за да слушнеме и туѓо мислење за нашата ситуација и да не се гушиме во обвинувањата еден кон друг, јас немав намера да пишувам пред неколку дена затоа што и не бев во состојба да пишувам после целиот шок што го доживеав не знаев за ништо друго освен за солзи. Еве денес по 11 дена откако ни се случи тоа, јас уште сум на почетокот и немам никаков напредок. Ако не ја знаете приказната можете да видите во старите мислења пишувани од овој профил, впрочем пишувам тука затоа што уште не можам да прифатам дека тоа што ми се случи е реалност и најискрено срам ми е да кажам на било кој близок затоа што на почетокот на нашата врска сите ме потпрашуваа за тоа колку му верувам и дали треба да му верувам тазе раскинат, а јас глупача го бранев пред сите и одев со главата во ѕид затоа и веројатно сум во оваа ситуација во која сум. Пишувам за било што да ми кажете затоа што мене ми е претешко, сакам било кој нешто да ми каже затоа што не издржувам, се гушам самата со себе. Па еве и мојата страна од приказната може некој ќе ја прочита и ќе ми го покаже правиот пат. Никој порано толку не сум сакала, свесна бев дека е тазе раскинат ама паднав на неговата искреност уште првиот ден од нашиот контакт тој беше 100% искрен со мене и немаше назад со тек на времето сфатив колку многу го засакав и затоа одев со глава во ѕид, демек искреност+љубов, што повеќе да барав од животот? Можеби звучи детски ама јас никогаш не се привзав толку многу со некој како со него и бев спремна што и да ми направи да му простам(затоа што и јас правев лошо во нашата врска) освен неверство но под услов да не прави будала од мене и што и да погреши самиот тој да дојде и каже. Да на почетокот на нашата врска направив и јас огромна грешка ама избројав до 10 и тој беше информиран на време затоа што мене ми тежеше да кријам од некој кој е ИСКРЕН со мене. Имавме многу лоша караница ни јас попуштав ни тој попушташе 17 дена бевме на ратна нога(најлошата караница во нашата врска) 14тиот ден мене ми пиша еден дечко и мене ми се виде како одлична прилика за тоа што тој ми го прави, да му вратам и јас и навистина по 2 дена пишување договорив средба, ама на таа средба не отидов ја откажав во последен момент и прекинав секаков контакт со тој дечко. Наредниот ден се смирив со мојот дечко, тој попушти (тој и беше крив). Истиот ден кога се смиривме јас му ја кажав вистината дури и да го изгубев подобро беше сега да ја знае вистината и да го изгубам отколку да ја продолжам врската но овој пат со лаги и пак кога тогаш да дознаеше, исходот беше тој и во двата случаја постоеше шанса да го изгубам, но со убав разговор дојдовме до заклучок дека не сме наштетиле еден на друг, дека се каам и дека со тек на времето ќе ни биде небитно а од грешките сме научиле. Веројатно затоа што сум глупа го очекував истото и од него ама добив толку јак удар од животот и нож во грб од него што не знам ништо за мојот живот моментално, како се да било една обична лага, се осеќам изневерено. Кажете ми дека сум глупа, било што ми кажете ама мене оваа тишина што немам на кој да се потпрам ме убива, слободно осудете ме ама многу многу повеќе би ме болело кога некој би ми кажал “ама ние нели ти кажавме”...
Профилот го направиме како ПАР, само за да слушнеме туѓо мислење затоа што не бевме со ладни глави и двајцата. Договорот беше да ја напишеме нашата ситуацијата од двете гледни точки(и од негова и од моја), но не бев во состојба да пишувам реферати затоа само тој има пишувано. Односно со задоцнување пишува девојката.
Си искочила многу наивна , сега смирени сте или? Секако вие сте биле скарани , не си отишла ти со друг. Собери сила и издржи , и ја сум у гомнена ситуација.
Не сме смирени, ама не сме ни во врска само имаме контакт - пишување. Од профилов е пишувано, мислење од пред 4/5 дена.
Прочитав тоа ама уште не ми е јасно преку што не можете да преминете? Ти не можеш да му простиш дека пишувал со бившата?
Леле вака кога ќе почнете, заеднички профил, тогаш еден пишуваше, сега друг, нејасно напишано.. Недела, ден кога најмногу се со инспирација троловите.
Мене не ми е воопшто важно што пишувал со неа. Единствено нешто што ме боли е тоа што 6 месеци правел зад мој грб и криел. еве во право си трол сум ја си знам колку моментално ми е трол и колку би сакала да е стварно трол ама од се срце не би ти посакала да излезеш најголема глупача на крај на една приказна
Мој дечко да пишува со бившата макар и за најбанална причина одма го бришам, нема да постои повеќе за мене. Сигурно нема да плачам за некој кој си пишува со бившата ради тоа што се потскарал малку со женската. Така проблеми не се решаваат.
Чекај, ти си со дечкото што пишувал со бившата за да не остане со празни раце? Пред некој ден дечкото што бараше мислење? Каша попара сте направиле. Возрасни сте и седнете да разговарате, се сакате - не се сакате, можете ли да го оставите минатото позади вас и да почнете одново? Не можеме никаков совет да ви дадеме, ако вие не можете да се разберете на маса и да се договорите како понатаму.
Како што разбрав, сте пишувале со трети личности и сте си лути еден на друг за тоа и не можите да си простите,а не сте се изневериле. И ти за инает си пишувала со друг за да му вратиш на дечко ти што пишувал со бившата. Прво и основно, немој да си се понижуваш со то што ќе враќаш се што ти праел тебе. Се спушташ на некое ниско ниво и ништо арно нема да произлези од то, освен можеби да си го нахраниш егото: ако можи тој, можам и јас. Фактички ти само си нафрлила уште и уште проблеми и на крајот тој ќе испадни жртва оти тој само пишувал а ти си договорила средба. Втора работа, инаетот е дел од карактер, ама ниедна врска не се гради на инает, се гради на компромис од двете страни. Еве конкретно ти, прво седни си и размисли си, дали можиш да го простиш тоа што тој го направил, дали го сакаш, дали сакаш да бидиш со него, после тоа ќе си седните на муабет двајата. Доколку сте спремни да си дајте нова шанса, почнете одново, доколку не, раскрстете си фино лепо. Ни први ни последни.
Не си глупа зашто така се чувствуваш. Секој на твое место би се осеќал предадено, изневерено и што не. Мислам дека има голема разлика од тоа ти што си го направила и тоа он што го направил. Во никој случај не го оправдувам твоето, да не ме сфатат погрешно. Но сепак било на почеток на врска, сте биле скарани подолго време, не си ни отишла и си прекинала контакт, али најбитно е што си била искрена. За разлика од тебе он 6 месеци се допишувал, зборел и дур сте биле смирени и скарани, криел, и не бил искрен, колку да не остане со празни раце. И тоа „празни раце“ не ми е сфатливо. Што треба да значи тоа? Да има што да ебе ако му раскинеш? Да не биде без девојка? Никогаш не сум ги сфатила луѓето што секогаш мора да се во врска и да се зависни на некого.
@couple9 Зошто не се обидеш да дознаеш каков бил разговорот со бившата? И двајцата сте заебале работа, единствено што он криел подолго време. Јас како што сфатив тој ја чувал тајнава 6 месеци а не дека 6 месеци бил во контакт со бившата, може сум грешка. Ама, не си ни ти поарна што договараш средби со други. Пробајте разговарајте скроз отворено, нека ти отвори чат ако сака и може (ако нема што да крие, де) па после одлучете што ќе правите.
Не пишувал 6 месеци да ама повремено. 2/3 пати месечно. Ми треба нешто - еве ти, ми треба соврт - еве ти, тешко ми е корона имам ми треба утеха - еве ти. Мене тоа ме боли што 6 месеци дури и еднаш месечно да било (а не било) тој криел од мене дека си пишувал со неа или зборел на телефон. А пораките повиците се е избришано од негова страна во тек на тие 6 месеци за да не видам ја
Во ред ова е веќе скроз друга ситуација. Јас имав сфатено дека само некој период кратко зборел со неа, значи сите разговори биле во рамките на еден месец, а не повеќе месеци. Исто така загрижува што сите пораки се избришани. Е сега од тебе зависи дали би го простила и преминала преку ова, и повеќе никогаш во врската да не го спомнеш. Ако мислиш дека и понатаму ќе те јаде од внатре оваа случка, подобро расчистете.