Да седев на два стола ама барем му кажав, јас мислев дека нашата врска 2 месеци и толку ќе прекине, затоа кога он можеше да не се замара да најде решение за проблемот две недели и мене да ми скисне. Најважното е што од мене има слушнато, јас самата му го дадов целиот чат, а тој слободно без грижа на совест да си оди на одмор со мене и да си крие. Барем врската не ја градев на лаги и тоа е се што барав од него искреност.
@PetarStarck3 Мене па не ми е јасно зошто девојчето има воопшто дечко ако не е спремна и ако не сака бакнување. Не збориме за односи значи, да речеме тоа е поголем чекор поготово кога се работи за прв пат, ама па бакнување да не сака, а има дечко не ми е јасно.. Секако не ја притискај, можеш да разговараш со нејзе, но мислам дека е попаметно да си најдеш некоја твое годиште, а ако толку ја сакаш девојкава тогаш чекај да дојде моментот. @elmj Секој дечко ке има некаква работа, хоби, желба за нешто. Мојот бивши дечко работеше преку интернет и зимаше добра плата, а хоби му беше да си чепка коли, имаше спортска кола и беше опседнат со нејзе, знаеше со саати да си седи во гаража и да си чепка , да фрла пари на нејзе, што според мене беа глупости, ама тоа е го прифатив таков. Дури некогаш побитно му беше да направи нешто на колата, него мене да ми купи подарок кога имало некој повод.. Муабетов ми е дека ако некого вистински сакаш ке го прифатиш со сите негови желби, секако ако не е нешто ненормално и надвор од контрола. Во твојава ситуација тебе ти смета посветеноста, ама јас мислам дека многу подобро на кучиња да се посветува него на други работи. Имаш две опции да прифатиш или да се разделиш. @Kjara15 Имам другар што девојка што ке ја запознаеше вечерта во диско другиот ден ја носеше дома на ручек со неговите. И ја откачуваше од кога ке го добиеше тоа што го сака. Не се фаќај толку за тоа дека те запознал со фамилија. На некои тоа ништо не им значи. Јас имам врска две години и уште не сум го донела дома. Знам дека ти е тешко и дека мислиш дека е крај на свет, ке помине. Не паѓај во депресии, млада си. Ова нека ти биде "памет" за друг пат. Не избрзувај, не навлегувај толку со некој што не го знаеш доволно за да не доаѓаш во вакви ситуации.
@couple9 Не знам што да ти кажам искрено. И двајцата сте седеле на две столчиња и сте згрешиле што сте постапиле така. Ти да договараш средба иако немаш отидено, тој да пишува со друга. Ако се сакате, најдете решение, компромис, средете си го инаетот и почнете одново. Јас да сум, нема да дадам шанса, искрено. Незрело е, и од двајцата.
Ова би го оправдала само доколку сте тинејџери во раните години. Зрели личности ќе седнат и ќе разговараат за проблемот, ќе изнајдат решение и ако мислат дека треба да продолжат со врската - ќе продолжат. Ништо не се решава со инаетење, или со ,,ќе му\и вратам и јас" така може само да се продлабочи проблемот. Според мислењава гледам дека и тој се кае за постапките,пишува како те сакал и сакал да се смирите, а гледам дека и ти си пишала исто. Па, не гледам пречка за да се смирите, доколку и двајцата си ја сфативте грешката, и двајцата се сакате, можете да седнете да разговарате и да се извините еден на друг со ветување дека уште еднаш нема да криете ништо еден од друг и да правите работи од инает.
Девојко , дали си била некогаш надвор од Мк навечер ? Јас сум била , и замисли колку гужва има баш кај камионџиите . Еднаш имаше над 30 шлепери што чекаа на ред . Знаеш ли колку документи и тракатанци им бараат на граница ? Маж ми запрае муабет со еден ( не ни примаа евра , за да ни дадат српски динари , дали немаа , поим немам што беше проблемот , па така дојде до муабет со човекот ) и тој велеше дека тој додека стигне до граница веќе ќе биде 4-5 часот наутро ( а во моментот на разговорот беше околу 9 навечер ) . И се пожали дека премногу документи им бараат , а мора да се стигне на време до одредената дестинација , рокот е краток , дали една недела , а оние со прехрамбени продукти немаат време ниту кафе да пијат , се во камион прават ( освен мала и голема нужда де ) .. Не зборувај на памет , само тие знаат како им е . Што да речам јас , маж ми е во специјална единица , каде има и жени во тимот . Често имаат терени во шума , принудени да се пресоблекуваат кај стигнат и пред кој стигнат . Да бегам од него ? Не , јас го познавам многу добро и знам дека никогаш не би спиел со колешка од работа , па макар и да е во сосем друг тим , во друга касарна и од друг град . Или јас еве сум цел ден дома . Нели можам да изневерувам и онака знам во колку часот доаѓа маж ми дома секој ден , или кога виси по терени по 7 дена , по 1 месец некогаш .. Не е до професијата , до човекот е . Ма да , не верувам дека ја изневерува , бидејќи до сега многу пати сум била надвор од државава и никаде не видов воопшто луѓе да се движат пеш по патиштата , а не камо ли жени . И онака цело време си по автопат . Каде ги наоѓа жените да го прашаш , желба ми е секс со женско да пробам , а срам ми е од Мк да е жената , што е Мк , мала држава е , сите ќе ме дознаат . Не го теши , не изгубил близок човек . Биди му поддршка , кажи му дека веруваш во него дека ќе го преброди периодов , дека го разбираш . Нему му треба мотивација за да го издржи тој хаос што му се случува на работното место , биди му мотивација . Тоа што се сомневаш , не му покажувај . Дека можеби и си во право не вњлам дека е невозможно , но не покажувај додека не си сигурна дали има или нема трети лица ( сега си 50-50 , ни таму ни ваму ) , но од моја гледна точка , нема трета личност , само напорната работа ( колку е напорна тоа го знаете вие двајцата ) и времето кое го одработува ( 12 часа ) си го прави своето . Јас ќе фатам дома да чистам па се чувствувам уморно кога легнувам навечер . Особено по генералка . А дома сум , никој за врат не ме фатил .
Не сакам ни гиниколог ни камионџија...иначе моја блиска работеше со маж и во болница(нема да ја кажам ради анонимност)ама беа во различен одел...и мажот и беше доктор и си се мувал со сестрата...кога дозна се разведоа...Иначе има тема отворен брак и приказни за превари еден тон...испаѓа дека живееме во таков свет и ретко да се најде чесен....
Ги сакам тие приказни од типот - На вујка ми стрина, е на неа од дете другарка мајка и и кажала. Имаш многу такви приказни во кои и ти не веруваш.
Не се приказни него реални тажни искуства...ама секој нека си мисли како сака...има избор И Бред Пит да е шофер...мене не ми се допаѓа...
Според тебе што професија треба да има за да му веруваш? Пошто и луѓе кои не се камионџии, гинеколози изневеруваат. И мажи и жени изневеруваат. Изневеруваат можеби и тие што мислиш дека не се такви, на пример банкар, поштар, човек што работи во комунално, од каде знаеш може и твојот партнер изневерува/ќе изневерува ама ти го имаш одберено.
Kako gi preboluvate lugjeto koi vi prekinuvaat bez objasnuvanje? So recenicata,, ne sum srekjen so mojata odluka, no nemozam da zboruvam,, Plus toa vi prakjaat znaci deka ve sakaat. A vcera ste se razdelile guskajki najmnogu na svet. Neprospieni nokji, prasuvajki se zosto, zosto vaka.... Posle taa recenica go izbrisav od sekade, no dusata me boli Sakam samo da prestane, da prestane bolkata, sakam da ne se preispituvam vrtejki kako lenta od film se sto sme doziveale. Sakam da ne me boli, nesakam da imam ni edno cuvstvo za nego
Ќе те боли, ќе престане. Џабе анализите и џабе обидот да го молиш да ти каже, ако не сака, нема да ти каже, ако сакал ќе ти каже уште од старт. Или пак само е причина да те остави, поточно го изгубил интересот па не знае како да ти каже. Дај си време, времето е лек за се. Посвети се на нешто друго, некое хоби, читање книги, насочи ги мислите кон нешто друго. Боли, ама нема да биде секогаш така. Продолжи со животот, само тоа ти останува. Не моли никого, стави се себе на листата на приоритетите на прво место а потоа се останато. Без секого се може.
Едноставно поминува . Само од себе . Никогаш не сум се трудела да заборавам некого , да не сакам . Само се фокусираш на себе и твојот живот . Сум ги гледала секој ден бившите и секој ден сум поминувала низ истото , а сум ги заборавала . Излегував со друштвото , во училиште се дружев со позитивни луѓе кои постојано се трудеа да ми ги тргнат мислите од бивш дечко, и едноставно љубовта ( ако воопшто било љубов ) ја снема . Фокусирај се на себе периодов , вежбај , забавувај се колку што ситуацијава дозволува , читај книги .. преокупирај ги мислите и исполни го времето со обврски . Еден ден ќе помине .
Problemot e toa sto me maci toa sto me ostavi vaka. Napravi da mislam deka uste me saka. No ne se borese za nas.
Можеби навистина те сака , но мене ми падна во очи она " не можам да зборувам " . Ако не зборува со тебе , тогаш со кого би зборувал ? Добро , тоа можеби зависи и од тоа колку време сте заедно , во тазе врските претежно е така , но ако е подолга врска , веќе би требало да има отворена комуникација меѓу вас и меѓусебна доверба .. Како и да е , остави не се измачувај . Не ти бил суден . Среќата ти е таму некаде , само дај и време , и ќе те пронајде . Глава горе и среќно .