Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Fernanda

    Fernanda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Незнам дали сум вљубена во дечко ми...не чувствувам пеперутки во стомак....ме интересира дали секогаш кога сте со личноста која ја сакате кога ке ве бакне ги чувствувате пеперутките,и треперите..јас не :| ХЕЛП!
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074

    Ќе отидеш ќе се поздравиш, ќе му се смешкаш, ќе го прашаш да не сака да се приклучат на вашата маса со другарите, играј, биди супер и опуштена да те забележи дека си кул девојка :)
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    ^ ајде ке направам нешто..фала ти :*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Кока ти незнаеш што чувствуваш ние навистина не можеме да ти помогнеме. Но ај ќе се обидам си размислувала ли да го оставиш? Како ќе ти е без него??
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Фернанда да го сакаше навистина немаше да напишеш вака во темава :)
    И љубовта и сакањето немаат врска со оние пеперутки :) тоа се чувствува само кога почнувате да се запознавате, на почетокот на врската кога ќе се затрескаш, потоа тоа чувство на пеперутки го снемува, но знаеш дека не можеш да се замислиш без него, во иднина се гледаш со него, за се што правиш се гледаш со него ;)
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Стварно неможам да разберам зошто секогаш се случува вака со нас.... на почетокот на врската се океј, со сето внимание, а кога се повеќе минува времето се се намалува неговото внимание кон мене. 100 пати му имам кажано за тоа, а тој ми вели дека тоа се ситници, дека се замарам со мали банални работи... но јас неможам така мене тие работи највеќе ми значат... и кога се лутам него никаде го нема, а тој кога е лут секогаш се трудам да ја решам ситуацијата... и сега сум многу лута,веќе незнам што треба да правам, дали премногу јас замарам,дали нему му е здосадено , ве молам за некој совет? :worried:
     
  7. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Разговарајте за тоа зошто е така и кажи му дека ти смета таквата ситуација.Ако сака да ја поправи работата значи дека не му е здосадено.Направете нешто ново,нешто интересно што дотогаш не сте го правеле за да смените монотонија.Ајде не се секирај се случува,ако се сака се може да се среди.Поззз :*
     
  8. Fernanda

    Fernanda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Денес имав шанса да го оставам...но ме разубеди :| велејки ми дека тој на секој можен начин ке ми докаже дека неможе без мене,дека ке направи се за мене и сл.Мене ми падна тешко и морам да размислам со ладна глава,што-како ке биде во иднина..инаку како ке ми е без него незнам..би продолжиле како другари мислам...
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Па штом така размислуваш според мене ти не го сакаш :!:
     
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Додека не ти дојде жешко под газето и додека не осетиш дека можеш да го изгубиш нема да знаеш дали го сакаш. Се додека он те моли и ти вика дека не може без тебе ти нема да знаеш како е без него од проста причина што знаеш дека ако ти се присака пак ќе бидеш со него. Такви сме ние луѓето, тоа е во нашата природа.
     
    На bla20 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kikk-i

    Kikk-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Вака...одговори си на овие неколку прашања искрено и ќе знаеш дали си заљубена или не..
    Дали си среќна кога вие двајца сте сами или мора да има и некој друг во ваше друштво??
    -ако си среќна кога сте и сами, тогаш тоа Е љубов!
    Дали се сложувате меѓусебно?
    -ако секојдневно се карате па се смирувате, се повредувате и се правите љубоморни еден со друг, тоа НЕ е љубов.
    Сеуште сакаш да излегуваш со него или тоа го правиш само ради реда?
    -доколку сакаш да излегуваш тогаш тоа Е љубов!
    Можете ли да бидете потполно отворени и природни еден кој друг?
    -ако сте неспособни да си ги искажете чувствата, тоа НЕ е љубов!
    Дали го третираш како личност или како предмет?
    -доколку излегуваш со него само затоа што изгледа добро, само затоа што ќе ти ја плати вечерата или само затоа што ќе ве повози со колата или слично, тоа НЕ е љубов.
     
    На butterflyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Не отворив тема за мојот проблем бидејки еднаш отворив но сега сакам да ве прашам за неколку совети.
    Неколку од форумов го знаат веке мојот проблем со момчето.

    Значи вака иде,ме канеше на кафе неколку пати,му реков кога ке оздравеам,тој се согласи...имаме секој ден муабети,се зезаме, разговараме на озбилни теми,коментираме слики заедно на линкови и се смееме...како најдобри другари.Кога и да ми е тешко тој знае,и ми дава помош без да му побарам.На моменти е толку добар што не го ни заслужувам.
    Но тоа не е проблемот,да преминам на главното.

    1:Постојано се сомневам во него дека има друга а можеби и не е така,секогаш кога мислам дека бил со друга испага дека имал работа или бил кај сестра му на посета.Постојано мислам дека ме лаже за некои работи ама траам.Не му споменувам,немам право пошто не ми е дечко а има шанси да бидеме во блиска иднина ради тоа што сме многу блиски и се мувавме.
    2:Почнувам да чуствувам дека понекогаш ме избегнува и дека не сака да зборува со мене а тоа го осетив пред малку кога беше на фејсбук и се исклучи веднаш кога се вклучив јас(али интернетот му е слаб и на моменти се случува да заглави и да не може да ми пишува,денес ми пиша прв пред да се случи тоа болдираното )
    3:Некогаш знаеме да се испокараме за ситници и да ме побара подоцна и да ме моли да се смириме,јас сум толку наивна што веднаш му простувам.Али не можам веке вака.

    Знам дека има нешто што се случува со него...Од едно обично мување се сменија работите во однесувањето,почнува да ме третира ко другарка а некогаш ми се додворува индиректно.Збунета сум.
    Се потрудив да најдам друг,да го заборавам ама толку многу ми го заврте паметот што дури и не знам како се викам :D
    Доколку го прашам што е проблемот зошто ме одбегнува тој ке негира....
    Веке не знам како да се однесувам со него.Дали да играм топло ладно иако тоа е многу детско или да се откажам или трета опција и најризична да му признаам дека чуствувам нешто кон него(ама се плашам од неговата реакција бидејки е непредвидлив).Мислев ке се среди ама ова веке ми станува шпанска серија.
    Момчето многу ми значи ради неколку работи кои ги имаме поминато и ради тоа што ми има многу помогнато во моментот кога ме напуштија сите и немав дури подршка ни од родителите.
    :worried:
     
  13. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Штом бил со тебе и во најтешките моментии мислам дека на еден начин ти докажал дека му значиш,а сега од некои такви ситуации да често носиме такви заклучоци дека можеби те одбегнува,да можеби го прави навистина тоаа од причина што можеби не му даваш до знаење дека веќе сакаш врска а не обично мување :)
     
  14. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Кога ми побара врска му реков дека не сум сигурна и дека ми треба време зошто тогаш бев раскинала со веке бившиот.А и не бев многу сигурна дека ја збори вистината,дека сака врска со мене или се само заебава,пошто ја изгубив довербата во секое машко па дури и самодовербата во себе,па тој еднаш ми кажа другарка си ми а еднаш ми се додворува што не знам и јас како да се однесувам и да му дадам до знаење дека сакам врска со него.Многу сакам да го видам но мислам дека никогаш повеке нема да се случи тоа :(
     
  15. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Сега не разбрав зошто повеќе да не се видите,се немате веќе или ?
    Сепак мислам дека најдобро е прво да веруваш во самата себе,да си ја повратиш самодовербата бидејќи ако стапиш во врска мислам дека сепак твоето лично ЈАС ќе си го запоставиш,затоа прво биди си тоа што си! не дозволувај едно машко да те направи помалку вредна од тоа што си,ако сакаш пиши му (сега незнам во какви односи сте уште), дека сакаш да одите на кафе,разговарај со негоо на таа тема,ако те сака и ако му значиш верувај нема да те одбие и ќе биде среќен што на еден начин има шанса кај тебе .
    Се надевам дека ти помогнав малку, чекај можеби некоја од девојките ќе даде и подобар совет ;) сепак не очајувај знам дека не е лесно се наоѓав во слична ситуација и тоа многу по зафркната а сепак успевам некако да стојам на земја ;) позз и пиши ни што си решила
     
  16. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Па не знам,се плашам да не се откаже од мене,да престане да ме бара,ама сега пак ми пиша и ми кажа дека ке е отсутен во текот на целиот ден зошто имал проект,ме смири малку тоа,се е во ред сега за сега,џабе ги преовеличувам толку работите.Но и едно нешто друго ме буни.Неговото друштво во Скопје исто така е и мое,сите се дружиме оддамна.Од кога се смувавме тој секогаш ме вика на само да се видиме и да го поминеме денот заедно.Дали тоа значи дека пак сака да проба нешто?На почеток бев ладна кон него што тој веднаш осети :lol: и почна да се правда.Ме праша што ми е и му кажав нешто друго,ама ја смирив ситуацијата.

    Што понатаму?
    Јас решив да одам до крај и да се борам за него,зошто е мој и прв си го видов,не го давам на ниту една шмизла да ми го земе :D

    Во врска со мојата самодоверба одамна ја имам изгубено,со негова подршка се обидувам полека да ја вратам и кога ке зборуваме следниот пат ке му се заблагодарам за се и ке му кажам дека мн ми е мил. :$ Само држете срека да не ја зезнам работата. :D
     
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Ако те сака нема да се откаже толку лесно од тебе, можеби сега се прави ладен ја игра и тој таа играа со цел да види дали ти е сеедно,сепак ние девојчињата секогаш ги преовеличуваме работите и често не е како што сме мислиле дека е затоа не се грижи ако си решила дека сакаш да бидеш со него не го губи времето ;) па и да стапиш прва во акција не е ништо страшно напротив машките им се восхитуват на девеојчињата кои се храбри :rofl: а за самодоведбата, да убаво е што сега покрај него ја градиш но најубаво е кога го правиш тоа за самата себе а не за некој друг :) бидејќи може некој ден таа врска да престане и твојата самодоверба повторно ќе ја снема нели ?!?!!? затоа најди некоја причина во самата себе а не во некој друг.... најискреноо се надевам дека ќе биде се во ред и не се плаши да кажеш се што сакаш,се што ти пречи ;) :*
     
  18. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Многу сум конфузна во последно време,не знам што чувствувам..Имам дечко,идеме 4 месеци,помлад е од мене 2 години.На почетокот бев ептен загреана по него,толку ми беше ахх..Сега се ми стана рутина,секој ден исто.Идеме само малку време,а веќе се знам со неговите дома,и тој со моите,ја третираме нашата врска како ЕПТЕН озбилна а не сакам да е така.Oстанува на преноќување кај мене и јас кај него,интимни сме и се тоа...Јас сум му прва на него,логично е тоа со неговите 16 години.Лугето околу нас велат дека нема долго да трае оваа врска,бидејќи воопшто не си одговараме физички,а мене ми се допага тоа што се знае за мене а сепак ме сака.А јас него не сум сигурна дали е така.Го изневерив еднаш,а ми се чини ќе го направам тоа уште многу пати од причина што се оладив.Знам тоа не е љубов..Но,проблемот е како да го оставам или да му дадам до знаење дека не сакам толку да е сериозно,а да не го повредам?Пробав еднаш и почна да ме уценува демек ќе се повредил,јас сум му била се во животот,многу е драматичен |( ..
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ако не ти оди врската, ако не ти е убаво, стави крај и готово. А она дека ќе се повредил е причам ти причу. Немој на сила да се тераш сама себе да ти е убаво. Или ти е убави или не ти е убаво, не се премногу оптеретувај. АКо мислиш дека ти е рано за вакви врски сериозни, во иднина внимавај. А тоа што преноќевува кај тебе е зошто ти си така дозволила.
    Решение ти е да си решиш, или го сакаш или не го сакаш.
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Yawn не дозволувај да те уценува така. Само драматизира, верувај ништо нема да си направи себеси |(
    Само по тој факт што се вадел со такви уцени е јасно дека заслужува да го оставиш.
    Тебе треба да ти биде важна твојата сопствена среќа, ако ја немаш со него - ја немаш.
    Искрено разговарај и кажи му дека сакаш поопуштена врска, ако и така не оди, едноставно не оди и готово.
    Ајде, поздрав :hai:
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.