Па ок, и да те тепа, ако се покае прости му. Има и полоши работи, да пример да те држи врзана во подрум. Ама и од тоа има полошо, да те убие, заколи, искасапи... и така, ќе си премолчуваме и простуваме, зашто од лошото има и полошо. Ах бе..
Па и не е толку страшно прашање со колку си имала секс.. Дека не е ок, не е... Али едноставно има такви типци со недоволно искуство (трема) па незнаат што да прашаат и прашуваат тоа што ги интересира и можда ќе им смени нешто во животов.. Ако нешто му мењава тоа... сепак и 21 век сме, за која сакаш и што сакаш можи да разбереш, поготово во помалите градови.. Пак ќе повторам, освен тоа прашање ако се понашал типот океј, ако нема некои испади, ако и се свиѓа.. Не гледам причина зошто да бега од него и зошто да си замине од состанокот..
Шо 'не е ок' во бројот на партнери? Тебе треба да те прашаме со кој прајме, како прајме, шо прајме? Ти нас не прашваш???
Јас лично за да излезам (состанок) со некоја треба прво добро да ја запознаам.. Сигурно нема да прашам со колку била, пошто предходно ќе добијам впечаток и мислење за неа дали вреди воопшто да излезам.. Џабе што е невина ако е проста и без понашање.. Џабе добро понашање и добар карактер кога цел град ја има поминато и е предмет за исмејување.. Сум бил и со таква и со таква... Со вторава барем убаво си поминав
А оти да е 'предмет на исмејување'? Си чул за маж да е 'предмет на исмејување' оти имал секс со многу партнерки?
Да му се смејат на маж? Ја не сум чула до сега. А 43 години имам. И шо има лошо во тоа да сака некој секс? И од кај знаеш дека 'цел град' е? Им светиш?
Џабе тука навлегуваме во друга тема... Не знам ни самиот кој можи да даде одговор.. Зошто женските што биле со 30 машки се курви.. А зошто машките што биле со 40 жени се фраери...
Не знаев дека може да ги имаш сите квалитети, да си добра, фина, убава, културна, успешна ама се' ова да паѓа во вода заради тоа што си имала поголем број на партнери. Бреј каков битен фактор. Прво, ако женска ти сака ти да не знаеш колку партнери имала, нема да знаеш (иако не е твоја работа, ама сепак). А друго, ако налетам на маж со вакво размислување, со извинење ама ќе го заобиколам. Гледаш дека не сме сите идеални. Како што ти не би погледнал некоја што не е ,,невина" или имала број на партнери што не ти се допаѓа тебе, така има и жени што не би погледнале некој што воопшто размислува за ова.
Па сигурно не би бил во врска со женско што ја има поминато пола град... Дали и ти не би била со маж што ги има поминато пола град жени ? ЕДИТ:.. Никаде не пишав дека барам невина.. Али барем да не e пикадо..
Настрана проблемот на членката ама јас на пример не би била со тип ако дознаам дека имал поголем број на партнерки, го имав зборено во друга тема. Нема да се туфкам дали и јас сум само една на листста наместо врска да планира со мене.
Не бе ич не е страшно, туку е некултурно и непотребно. Пикање во туѓа приватност. Само ти и твоите другарчиња мислете си така. Ако жена не сака да дознаете со колку била, нема да дознаете. Џабе ќе нагаѓате дали била со "пола град" или со еден. Т.е. ако немате попаметна работа барајте и ги и бројте и ги претходните партнери... Во врска со темава, вакво прашање да добијам на прв дејт тука ќе биде крајот.
Ова испаѓа дека треба да се вратиме назад во времето каде што се чекало до брак, а сите машки сакате секс во врска ако не легне со тебе неколку месеци не ви се чека. А после сите барате невини.
@covid19 само да ти кажам , после првиот секој нареден е втор....а можи и ти да си прв ама да не знајш дека има втор.
Многу јасно Никој не бара невина пошто ни јас не сум.. Али не би бил во врска (сериозна) со девојче што знам дека ја имаат поминато 30 души... Ми дава до знаење дека не е нешто во ред со неа..