Искрено да ви кажам на сите, доста те со муабетот: Не ја кажувам бројката, оти е приватност. Зошто да е приватност? Зошто нив да не им е срам да ја кажат бројката? Зошто за мажите бројката е за фалење, а за жените е за срамење? Нека ме праша кој сака. Секому кажувам колку сексуални партнери сум имала. И ако некој не може да живее со тој дел од мене, тогаш не може да живее ни со мене. Оти реалноста е таа. Јас сум таа што сум. И ова што сум сега е прозизвод на целото мое животно искуство, вклучувајќи го и бројот на сексуални партнери. И муабетот: “Секој е втор“ - е најголемата противуслуга која можете да си ја направите
Се надевам само девојките и тебе добро те проценуваат. Бидејќи штом си бил со некоја која цел град ја има "поминато" и тебе значи секоја лесно може да те помине. Гледам големи стандарди имаш, но за тебе како да не важат истите. Не оди тоа така.
Ne mislev od ovoj aspekt. Tuku da prashuvash nekoj za seksualno iskustvo, bez ogled na pol. Toa mi e isto kako da prashash kolku plata zemash, kolku zarabotuvaat tvoite?
Секако. Но ако тоа веќе е критериум за него, нека го нуди и тој истото а не само да го бара од партнерките.
Да, ама како ќе се тргни стигмата за женската сексуалност, ако сите мажи мислат дека 99% од жените биле само со 2-3ца? Ние не можеме ни статистика да напрвиме од што е табу муабетот за бројот на сексуални партнери. Па и да е од научен аспект, сите ќе кријат и ќе лажат. Зошто?
Затоа што тоа е нешто приватно, интима. Што има на сите да им се правда некоја девојка со колку спиела?
Se soglasuvam so ova. Ako imala povekje partneri e kurva, a ako imal povekje partnerki e fraer. Mn zatucani razmisluvanja
Не го бирав, па да изберам. Дали е правдање или кажување или информирање пак е интима и не знам што е чудно што не сакаат некои девојки да разговараат за тоа. Нивна тело и нивна работа е дали ќе знаат сите за тоа или никој
Да, зошто да не? Како и било кое друго прашање. Колку подобро за побрзо време ќе запознаеме, толку побрзо ќе знаеме што сакаме со таа личност... и дали нешто воопшто. Не викам со листа прашања да одиш на дејт, ама ако дојде уз муабет тоа прашање, не гледам проблем.
Не бев арогантна, туку сакам да кажам дека ако речеш 'се правдам', тогаш одговорот на прашањето за бројот на партнери, го доживуваш како 'правдање'. Не треба да се правдаме за ништо. Треба да се прифатиме такви какви што сме. И кое е всушност 'правдањето'? Помала бројка е 'правдање', или поголема? Или пак детално треба да го објасниме секој сексуален однос, со митигејтинг околности? Нема ништо за правдање.
Не ,не е за неадренталци кои не знаат дека тоа прашање не се поставува на прв состанок. Особено за такви кои се распрашувале по град ,па сега и мене ме прашува ,за шо -за потврда ? Не велам дека треба да е табу тема ,ама не е тема ни за на прв состанок!