Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.463
    Допаѓања:
    22.277
    Пол:
    Машки
    Влегувате во ептен deep тема, а момаков за кого ја почнавте темава е еден обичен дркаџија и тоа од оние закоравените што мислат сите девици го чекаат него.
     
    На MeowMeow, Lima24, Lady D ❤️ и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.266
    Пол:
    Женски
    А ако му речам дека не сум била во врска до сега како ќе изреагира ? :rofl: Зашто мора вистината да им се каже
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Вајлдке , тој што сакам да знае, ако сакам, ќе знае.
    Ојле , Дојле и Шојле да ме расправаат дали сум "светица" или "радодајка", ич не ми е предизвик. Нивните пореметени мозоци да ги преобраќам со богзнае каква вистина, још мање...не дека ќе седнам црна волна да влечам и да ткаам, и да тажам, си стојам зад своите постапки, АМА пред себе и пред најблиските и најдрагите. За просветителство на тврди глави немам време. На ЛГБТ особа во конзервативна закоравена средина, не би и препорачала да се аутне. Зашто може да настрада од будали со вжештени глави. Не да се крие цел живот, туку да си најде место под сонцето и да е независен подалеку од Благодарево село весело.
    Така да ниту прашувам, ниту кажувам, и да, точно, приватност е и јас со кој сакам ќе споделам што и да е,нема на барабан да тропам за сите да сфатат дека сум современа.
     
    На MeowMeow, Purplelilac, crimson и 12 други им се допаѓа ова.
  4. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Абе на прв дејт не се прашува тоа, каков муабет.
    На прв дејт фино и лепо се запознаваш не толку длабоко, да препознаеш хемија, шанса за втор состанок и слично. Тие прашања за подоцна се.
    И ако сака девојката, никогаш нема да дознае момчето колку партнери имала, жениве како што можат да ги извозат машкиве, никој не можи.
    И доста ми е од стандардите, жената се правда ако има повеќе партнери а мажот фраериште у градот.
    Ајде бегај... (facepalm)
     
    На hermosa, sunshinebabe, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  5. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    На прв дејт можеме да разговараме на мнооогу други теми, а тоа да не е мојот сексуален живот. Се разбира доколку има капацитет дечкото да размислува за нешто друго. Тоа го нарекуваме интимен дел од нашиот живот и не чувствувам потреба да разговарам со некој што не го познавам.
     
    На MeowMeow, CoverGirl10, sunshinebabe и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ете ова ми беше поентата.
     
    На AgentGinger му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    А од кај ќе знаеш, освен од машки кои се фалат колку имаат "поминато"? Како прво, многу неверодостојно, и уште повеќе неверојатно. А да не зборам колку е долно кога машки билдаат его со тоа што би понижиле некој, уште полошо ако навистина биле интимни со таа личност. Ваквите се вистински "курви" во душа.
     
    На Осе, thelittle17, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Од вакви ко тебе си пати цел машки род...
    Предмет на исмејување :puke:
    А тебе што те има поминато пола држава што предмет си?!
     
    На Lady D ❤️, crimson, raww и 12 други им се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Бројката не е нешто за криење, според мене.
    Бројка како бројка, не значи ништо.
    Уште повеќе па, зошто мажите да се фалат со голема бројка, а жените да се срамат?
    За мене не е некаква информација од големо значење. Битно да ми е убаво тука и сега, сите имаме минато од кое нема зошто да се срамиме.
     
    На Martka, Flower27, LadyLollypop и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Нека не биди на првиот дејт, на 10тиот нека биди, на 100тиот.
    Исто е кога ќе те праша, еднаш, ќе дадеш одговор.

    Работата е: Каков одговор ќе дадеш?

    И уште побитно, и никој да не ве праша, како се чувствувате за тоа колкава е вашата бројка?

    Сакам чувства да ми кажите, не бројка.

    Ајде, баш ме интересира.

    За потенцијален партнер зборувавме, не за Ојле, Дојле и Шојле.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Многу длабоко копаш.
    Што е должен некој да ти открива своја интима на форум?!

    Малку почит кон туѓа приватност да се има,би било супер.
     
    На MeowMeow, Purplelilac, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Епа тоа е проблемот во патријархалните општества, што и бројот на сексуални партнери е табу тема.
    Да не прајме муабет за нешто повеќе од тоа.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Абе каков проблем, тоа е приватност разбираш?!
    Исто ко што тебе те интересира колку партнери имала Трајанка толку Трајанка не ја занима со колку партнери си била ти.
    Сфаќаш?
     
    На Lima24, Veta и Осе им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Муабетот беше за кажување на бројката на потенцијален партнер, не мене.
    Ти сфаќаш?
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Ние со дм коа се фативме бевме 18 па очекувано беше да сме вирџинс и двајцата. По некое време рандом падна таа тема на муабет и си кажавме шо како.
    Сум имала досега само еден. Ама ко што не е океј муабети дека некоја со повеќе е што знам распуштена или лесна, така и јас неќам да слушам дека сум неизживеана или со еден кур не се умира... И второво е сељачки колку првово.
     
    На S.W.A.G, deskarada, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Вајлд бројот на мажи кои имаат многу партнерки ама на крај бараат девојка со мал број партнери (наводно тие со поголем број не се достојни за сериозна врска или брак)е многу голем. И затоа често жените се кријат, оти што ќе речат комшиите, цел град ќе ја зборува, никој нема да ја сака после.
    Инаку се согласувам, тоа е моја приватност, не би ја споделувала со секој, исто како тоа што не се согласувам некој да се фали со бројот на партнерки. Ај барем знаеме да бегаме од такви што прв збор им е бројката колку жени "легнале".
    Со партнерот би ја споделила и интимата, немам проблем тука. Тоа што нудам, тоа и барам.
     
    На H.VAGA, Alisa22, deskarada и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Не знам дали би била со маж што "го поминале" пола град жени, ама 100% сум сигурна дека апсолутно никогаш не би била со сексист како тебе.
     
    На Purplelilac, noteforself, Ambrosia и 3 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.332
    Пол:
    Женски
    Оф господе златен.
    Ќе прашувал наоколу каква била, па ќе одлучел што сака со неа. Колку за информација за секој човек може да кружат гласини, има многу неизживеани мажиња со скршено его што девојка ако им лупне корпа одат и кажуваат секому како ја поминале.

    Не ми е верно како може да си дозволите муабет од страна да ви диктира каков е некој човек. И како простотилук може да ве насочува како да постапувате. Посељачки од тоа некој да ме препрашува за интимен живот ми нема, нема што некој да го интересира за мои врски, забави и што сум правела. И поголем turn off ми нема, поарно за Грујо и за Заев да ми збори отколку за мое минато.

    Едно од најголемите црвени знамиња ми е ова, најлесен начин да изгубам интерес.
     
    На Bella •••, LovelyGirl3, MeowMeow и 24 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Чувства реков, не бројка.
    Искрено, баш поради тоа што има многу кои судат по бројката, затоа треба да им се кажува.
    Да не живеат во фантазија дека секоја баш нив ги чекала за секс.
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.397
    Дарлин, ако потенцијалниот партнер испадне дека не е потенцијален партнер индид ни оддалеку, туку неотесан и закоравен , тој прво што ќе направи е дека ќе им раскаже на Ојле и Дојле колкав е мојот скор.
    Така се шират муабети.
    Овде каде живеам на никого не му е гајле со кого се сексам јас нит па мене ми е за некого гајле освен за себе и маж ми, а кога ќе дојде време и за ќерка ми, не во смисол да и бранам нешто туку да бидам тука за неа ако побара совет. Ти живееш на Балкан ко шо знам, а на Балкан се други правила на игра кај добри 70% од лугето...оваа не ја земај буквално процентажата..
     
    На tina2018, buba4e89, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.