И? Шо ако се шират муабети? Зошто да е срамота ако си имала 50-100 партнери? (карикирам) Баш заради тоа што е Балкан, и знам како размислуваат. Нека не живеат во илузија дека жените не уживаат во сексот, исто како и мажите.
Јас го знам тоа. Ојле и Дојле ионака се глупи, глупи ќе останат и нема јас да ги просветам, ниту па ќе се сексам со нив. Не ми е срам, ама нема да докажам дека не ми е срам со лупање бројка на маса во кафич и на потенцијален и на непотенцијален партнер. Не е важно. Не ни треба да е важно.
Те разборам шо сакаш да кажиш. Ама за да стигнеме до моментот кога нема да е важно, прво треба да го поминат процесот на еукација за тоа дека и жените сакаат и уживаат секс исто како мажите. Пошто сега, кај нас, и тоа како е важно за многумина.
На дечко што е современ, созреан и способен да биде во врска со жена нема да му е битно девојката каков живот живеела. Нема ни да те праша, следствено нема ни да му кажеш. На сељаци кои од прво видување те напнуваат да им предадеш дел од интима за тие да одлучат дали сакаат само секс или врска нема што да им кажуваш. Не сме родени ние жениве да ги созреваме, да правиме жртви и документарци за да можат да еволуираат од закржлавена форма во човек со правилно расудување. Немам попаметна работа ќе му се правдам некому што сум правела пред него. Аха, важи.
Се нервирам за вакви работи... се нервирам за дискриминацијата на жената во општеството... А дискриминација има по сите параметри. И ако звучам милитантно/нервозно/арогантно, причината е што ми се креваат сафрите!
Ама ние ако не се избориме за рамноправност, тие никогаш нема да ни ја дадат на тацна. Зошто би? Доминантни се. Тие влечат конци. Нивната вредност е на пиедестал. Кој се откажува од престолот доброволно? Историски е докажано дека секоја рамноправност на одредена група со мејнстримот, е постигната со борба на угнетените.
Според мене изворот е во менталитетот и воспитувањето. Не може на машко детенце кои уште оди во градинка да го прашаш: ,,имаш девојка?", или уште пострашно: ,,колку девојки имаш?" Што поголем број, божем подобро... А за женското дете: ,,мала си ти, дечко кога ќе пораснеш". Или добро познатото: "машко е не му се познава него" и тоа често и од жени кажано.
Ете, ова е еден од најбитните пристапи кон решавање на проблемот. Родителите да не ги делат децата по пол, уште од раѓање. Тој циклус мора да биде прекинат. Ама од друга страна, не гледам баш воља кај голем број родители, да го направат тој чекор.
Или едноставно можеш да не се замараш да се докажуваш. Јас не би се објаснувала со некој нов човек на тема минато. Немам енергија за да го учам да е нормална личност како што кажа @KateKane. Ако влегувам во врска со нов човек очекувањата ми се да е веќе зрел човек. Ако не, немам страв да бидам сама.
Ама ТИ немаш ништо заедничко со тие кои мислат дека за маж и за жена се уживањата различно дозволени. Односно можеби си комшивка или роднина или клиентка или работодавец нивен ама ментално и емотивно си на друг колосек. Зошто би се борела со ветерници? Стално ќе има за и против абортус. Стално ќе има за и против предбрачен секс. Стално ќе има за Зајко и за Грујо. Карикирам и јас сега. Немам време да ги оправам тие шо другачие мислат, чисто онака дека ми се ќефна, имам работа и обврски други.и немам интерес за тоа, ако имам слободно време со другачији активизам ќе се бавам . Но прво ми се моите обврски и задоволства а оправањето на светот за мене е еднакво со оправањето на себе си. Другите сами нека си се оправаат. ( Ама знам дека нема)
Не мисли на врска ниту те почитува. Како бе не ви се згадува од вакви секундата кога ќе го постави прашањето, па уште се мислите дали да излезете втор пат, трет пат?
@Sweetlove_0312 не е страшно да те праша тоа, ама понатака, откако веќе ќе се запознаете и зближите на некој начин. Вака од сам старт, не е соодветно. Ти што му кажа, како изреагира?
Поинаку се прави тоа. Со едуцирање на децата од мали дека имаат еднакви права и слободи, без разлика на пол. А ако сретнеш ваков, само ќе го одминеш. Кога сите жени ќе го одминат и ќе остане не**ан, може ќе му текне да се запраша кај е проблемот. Може и нема да се запраша и само ќе плука по цел женски род, ама нема поента да се троши време и нерви за едуцирање на луѓе што не сакаат да се едуцираат.
Е јас немам друга работа, и пошто не правам ништо профитабилно, барем нешто непрофитабилно да придонесам на општеството.
Аха секако. Немам попаметна работа ќе го оправам некој сељак кој во 2021 година не се научил што значи зборот интима. Ако тој не знае, има друг што знае. Кога јас нема да го удостојам со одговор, нема ни ти, ни уште неколку девојчиња да видиш како ќе прекине да прашува. Премногу им се попушта, затоа до ова дереџе сме стигнати.
Јас му реков дека ваква врска со секс од прва несакан и токму вика и ова е дел од врската и ми рече ќе правиме и други работи ама и ова го расположувало него.
Одговорив погоре. Вие не едуцирајте, јас ќе едуцирам. Барем не се обидувајте да ме спречите во намерата, колку и да ви изгледа налудничава Иначе, мислам дека решението е да им се каже се' ко шо е, и да не си прат фантазии дека ние само клепаме со очите и чекаме нивниот “свет пенис да не спаси од чедноста“.
Има време кога ќе се расположува. Сериозно уште комуницираш со човеков? Ти ли беше членката што праша, да не сум помешала?
Се разви дебата, тотално превид направив дека некој има проблем. Мое лично мислење е дека тешко. Убаво јасно се гледа што му е најбитно - сексот. Не дека сексот не е битен, ама исто битни се многу други работи како почит, комуникација, карактери. А ако цело време тема му е секс, очигледно другите работи не го интересираат, а според тоа не го интересира ни сериозна врска.