Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Yawn - основно правило, оние кои драматизираат и велат „ќе се убијам, ќе се повредам, ќе си откорнам коси“ - не го прават тоа.
    Емотивна уцена е тоа што го прави типот во моментов.

    Така да тргни се полека од него и немој да имаш грижа на совеста дека ќе го најдеш не дај Боже (пу пу) во некој ендек. Затоа што нема.
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Епа чим си почнала со изневерување незнам зошто си уште со него-велиш -ќе продолжам со изневерување :^) ...остави го тогаш,да не биде касно,можеби ептен ќе се заљуби во тебе,па и ако дознае за неверството на негови 16 год свашта може да направи,недај боже :| а тоа што се заканува- е само знак на неговата незрелост,сигурно не би го направил тоа.а решението е едно и единствено-раскинување,тука нема никаков проблем,објасни му -крај
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Поранешен дечко и зборувал на мојата најдобра другарка (впрочем таа ме запозна со него, и тие двајца беа порано добри другари) како поради мене почнал да пие, да пуши како турчин, и да се дрогира, поточно да дува, и повеќе не му било гајле дали јас ќе дознаам за тоа или не, дали таа ќе ми каже или ќе го задржи тоа за себе. После година дена сметал дека мора тоа да го извлече од себе, да каже како јас сум му го уништила животот, но не сум била крива, тој бил идиот и сега пател, бла бла бла. Ручки од тупан.
    Ми пишуваше на facebook, велејќи како ме сака, во пијана состојба, глупости некои, зелено дете. Ми велеше дека има до себе нож и повеќе не знае што да прави, во секој момент може да посегне по него. Прашуваше како можам јас така да го третирам, како ништо да не ми згрешил, кога заслужувал да го мразам. Немал причина за живот, се му одело на лево и не му било грижа дали мојот дечко ќе се противи на нашето пријателство, само сакал да ме има како пријателка и ништо повеќе не барал. Подоцна, откако цела таа драма заврши, година после тоа, ми призна дека само сакал на тој начин да ми го привлече вниманието, и да ме придобие, односно на момент да ми влезе во мисли. Како и да е, поентата ми е, гледај на што се се спремни. Ако не ти се допаѓа, односно не го сакаш, батали го. Доколку те сака, нема да те уценува и ќе те пушти на раат. Втора работа, не постои безболен начин за прекинување на врска.
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Faline ти благодарам на советите,ова е моја конечна одлука.Ке се откажам од него,очигледно не му значам како што изгледаше,ми рече да си фатам дечко,па ако сакам да се смувам пак со него да го побарам што доста ме повреди,damn it го сакам премногу ама очигледно тој не разбира :( не знам како ке издржам без него,но очигледно или ке останеме другари или воопшто нема да имам со него контакт. :( сакам да го видам и да го прегрнам но сето останува сон кој никогаш нема да се исполни.
     
  5. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Мило стварно ми е жал што се така завршило,но сепак да знаеш ти ништо не губиш туку добиваш...тој е единствениот што губи...да,не е лесно знам но сепак не дозволувај оваа ситуација да ја наруши твојата личност,честопати се загледуваме во личностии кои не не заслужуват и на крајот ние сме тие што страдаме,затоа запрашај се ДАЛИ ВРЕДИ ?!?! секако дека НЕ !!! И најдобро од се е да ги прекинеш контактите со него бидејќи ако продолжиш да го гледаш сепаак емоциите излегуваат на виделина....проби со тек на времето да го заборавиш ... и работи на својата самодоверба !!! :hug: незнам колку ти помогнав и знам дека зборовите се само зборовии често се против онаа што го сакаме,но сепак и самата знаеш дека е така ... еве баш сега читав еден текст,машките не размислуваат со срцето за жал ;)
    http://notformen.mk/mazhi/kako-razmislu ... bovta.html
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    До manutdwomen
    :o Како ќе си издржала без него?? Немој ти се молам па ти си се мувала со други па сега како ќе си издржала, ако си го сакала толку многу немало да се оладиш и да се муваш со друг. Значи не го сакаш толку многу и можеш да си го живееш животот и без него.

    До Yawn
    Зошто не размислуваш пред да почнеш со нешто така крупно? Ваква "сериозна" врска на твои години па уште и со малолетен, запознавање со родители уште сега, преспивање дома кај тебе. Добро бе па што рекоа на тоа твоите? Јас во случајов ги осудувам родителите што ти дозволиле толкава слобода. Јас нема да ти давам совет за овој случај и да те тешам, да те сожалувам тебе ниту него. Вакво залетување не требало да го направите толку сериозно за толку кратко време, тој е уште дете а не си многу поголема ниту ти, зошто не го живеете животот полесно, поопуштено, без толку обврски од типот запознавање со родители. Зар не можевте да имате едноставна тинејџерска врска и да гледате кон иднината. Замисли да се залетавте малку повеќе, и да забременеше не дај боже на таа возраст, не дека не е убаво но со оглед на вашата ситуација малку е дискутабилно, па би поминала низ триста непосакувани чуда, па тој треба да бара дозвола од неговите за да се земете (дека е малолетен), па ако се земевте а ти се оладиш...
    Во врската има многу начини за уживање не е само сексот бре девојче и преспивање заедно. Па и тој што се занесувал ќе се убиел, јааа брее, ма кај бил татко му да му залепи два три шамара да го освести кај се наоѓа, дека не е алиса во земјата на чудата исто и ти.
    И ај сега сожалувајте се, повредувајте се наместо да учите да создавате живот кариера вие ќе мислите уште сега на тие работи. Има време за се, вие сте на почеток на животот, уште многу момчиња ќе поминат низ твојот живот (не мора да ти се дечковци и да имаш секс со нив), ако за секого паѓаш во вакви дилеми не си дозволуваш да живееш за себе туку за други. Уживај во младоста има време за нервирање.
    п.с. и другпат немој со малолетни, педофилу низаеден :D , знаеш дека го кршиш законот? Хахаха
    Ќе го лежиш мустроо (ова од една турска серија :P )

    Измена поради погрешен цитат :rofl: :rofl: :rofl: , двете ги читав и на двете сакав да им одговорам а не разделив кој за што.
    Благодарам Фалине, од денес те најмувам за мој личен лектор само немој да бараш многу висока дневница
     
  7. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    хахахах ме пресмеа,си коментирала друг проблем,мојот не е таков :)
     
  8. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549

    Абеја си го згрешила постот ! Овој проблем за кој зборуваш не е нејзиниот туку на друга феминкаа ! :) прочитај си убаво
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Абе за двете беше уствари, заедно ги читав ама не ги одвоив, така ти е, убаво вика поговоркана брза кучка слепи кучиња

    Црвениот текст(читај погоре) ти го наменив тебе :clap:
     
  10. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Не сфакаш,не е тоа проблемот.
    Туку проблемот е тоа што јас се смував со него,од кога се смував со него јас не ни помислив на друго момче,сите ги одбивав само заради него.Значи се немам мувано со други бидејки не сум заинтересирана за никој друг освен за него.
    Сношти ми рече да си фатам дечко,и дека ако сакам да се смувам пак со него да го побарам.Го сакам повеке од се,ама не знам зошто не разбира дека го сакам.Не можам да издржам без него бидејки го сакам,затоа не сум со друг а имам шанси да си фатам дечко ама не сакам,бидејки е јасно.Тој ми е само потребен.
    Не сфакам зошто ми го вели тоа да си фатам дечко а притоа некогаш ми се додоворува индиректно и да ме вика на кафе.Тоа е тоа на кратко :)
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Извини знам дека можеби не си го очекувала тој одговор, но еве пак ќе ти кажам-па фати си нов дечко! Зар мислиш дека дечково, кој нема влакно на јазик, вреди ти да се нервираш за него? Во морето има многу риби. Ауу зашто дозволуваш да се затрескаш така не ми е јасно, јас после таква изјава би го замразила човеков и не би му обрнувала внимание. Сега мислиш дека го сакаш но мисли рационално, не вреди да се нервираш за таков, памти ми ги зборовите, ама ти ќе си најдеш друг кој вреди и кој нема да сака да те дели со други и да ти предлага нешто такво. Не е тој последен на светот, ако не сака да биде со тебе сигурно постои некој кој со сето срце сака, само пронајди го. Откажи се од овој на време не си го оптеретувај мозокот со глупости. На твое место ќе излезам со другарки ќе шмекам секого што ќе ми се допадне ќе си поминам незаборавно без да мислам на некој таков безвреден. Можеш од еден поглед да се вљубиш во вистинскиот, обично е така, уште на старт се познава таа хемија.
    Отпиши го.
    Пиши како ти оди терапијата со весело женско друштво и машки околу тебе ;)
    Гуд лак, поздрав
     
  12. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Хехе договореноо ;) :*
     
  13. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам, оправдано е, секој сака нешто помладо да сврти хехехе
    Ама со тоа помало не може многу да трае, обично е така, освен ако не го почекаш малку уште барем 2 год ;)
     
  15. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Па вака,да кажам што сум сторила и што одлучив.
    Најпрвин фала на советите на Абеја и Фалине,синока му кажав дека го сакам ама то ми вели дека сум му била само забава кога се смувавме и дека ме цени како пријателка.Нормално дека не му поверував,кога му кажав дека нема повеке ништо да знае за мене тој рече дека немало да дозволи да ме загуби па може и ке имам срека да го легнам некогаш :@ го завршивме некако муабетот,си останав на своето,утрово се вклучив на месенџер,но не и на фејсбук,(бев офлајн,двапати приметив дека ме бара,)беше неколку минути на мсн,кога виде дека ме нема се исклучи.Така да нека ме бара сега :D а ке тргнам во поход на оние кои ке ми се допаднат. :lol:
     
  16. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    ауууууууу види фраер бре.. :envy: Ако си имала среќа,ќе си го легнала. :devil: Овој не заслужува ни З од здраво да му кажеш. Убаво си сторила што си одлучила така, сега уште да си достоиш на збор и не му даваш пове
    ќе шанси никакви, толку убави и паметни деца има, што овој нарцисов има да си касне од задник кога еден ден ќе те види со некој што те заслужува. :*
     
  17. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    омажена сум и имам 3 годишно дете. заљубена сум во друг човек веќе 6 месеци, не ни сонував дека ова може мене да ми се случи такво нешто. Колку и да сакам да престам да контактирам со тој човек, и сум пробала не успевам. Од друга страна се плашам да ми се распадне семејството, а немам емоции спрема мажот ми. Чувствувам огромна одговорност за детето. Пред да ми се случи ова кога сум слушала вакви ситуации веднаш сум ги осудувала жените, посебно кога веќе станале мајки, а сега кога мене ми се случува незнам што да правам :( Растргната сум помеѓу тоа што се очекува од мене, како мајка и тоа што јас стварно го сакам..... СОВЕТ???
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Уфффф... Пред се, млада си станала мајка. Дали под притисок (бидејќи си била бремена) или своеволно не знам, тоа си е твое, но како и да е сети се дека порано и маж ти си го сакала.
    Дали дома имаш некакви проблеми со маж ти? Те малтретира? Не ти посветува внимание? Не сте доволно интимни?
    Запрашај се која е причината што не го сакаш маж ти? Јас сум уверена дека длабоко во тебе сеуште имаш емоции за него (овој што сега мислиш дека го сакаш е пролазно), потруди се да ја разгориш страста меѓу вас.
    Имаш семејство, потруди се да го зачуваш. Не те советувам по секоја цена да останеш во брак, но барем потруди се да си ја вратиш љубовта кон сопругот. И батали го оној другиот барем сега за сега. Не дозволувај бракот да ти се распадне поради некоја моментална вљубеност (можеби и тоа што знаеш дека тој другиот ти е забранет те прави посилно да го посакуваш), ако веќе решиш да ставиш крај на бракот, нека биде тоа поради некоја ПРИЧИНА, а не поради друг к*р.Под поимот причина мисламЧ семејно насилство, психичка тортура од сопругот, несогласувања и слично.

    И пак ќе повторам, пробај да си го сочуваш бракот.
     
  19. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    извини немам свој профил го користам на сестрами заеднички ни е само да појаснам имам 30 години станав мајка на 27. фала на совет
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се уклучам, прво направи си свој профил, не го делете со сестра ти, секој профил е една личност, врз основа на тој профил си создавеме сопствена слика за личноста која се наоѓа зад профилот..

    Второ, колку што разбрав заљубена си во друг 6 месеци, таа заљубеност е само од твоја страна или кажуваш дека имаш афера? Ако веќе имаш афера тогаш јасно ми е зошто си растргната и немаш емоции за сопругот...Малку те молам ако сакаш појасни ги работите, за каква врска станува збор, дали мислиш дека имаш иднина со тој човек, што би било со детето, дали мислиш да го земеш со тебе или да го оставиш, дали тој во кого си заљубена истото го чувствува затебе, знае дека си мажена, дали би го прифатил детето? Што би било со твојот сопруг, како тој би го прифатил разводот, дали воопшто нешто тој претчувствува или вашиот брак нормално функионира, зошто повеќе не го сакаш маж ти, што можеш да имаш со другиот а го немаш сега , дали вреди да си го растуриш семејството, немаш ли никакви чувства кон мажот (сепак мислам дека сте интимни, зарем цело време му глумиш, не ми се верува дека спиете одделно) Ова се некои прашања на кои јас би подразмислила за да можам да донесам одлука ...Размисли убаво пред да биде доцна...