Е така, браво. Ептен сакам кога јасно ќе се постават граници пред брак и на чисто е се. Знаеш дека се зафркавав погоре нели?
Знам мила ,и јас цело време се зафркавав ,ако бев озбилна на темава околу професиите можи со кученце ќе си седев по дома . Затоа и ги одделив со спојлер работите. Инаку на сите препорачувам тоа за границите. Отворен муабет од старт да нема после чудење.
Јас сум за отворен муабет и пред започнување врска, не само пред брак. Таква сум, не се впуштам во авантури и со надеж дека ќе опаметувам некој незрел.
Кабелот коски нема, ама коски крши. Верувам дека е ок, мразам предрасуди оваа или онаа професија повеќе изневерува. Можеби технички некои имаат повеќе можности, ама некои пак и под клуч да ги држиш , и во црква да работат, ќе најдат начин да изневерат. До човекот е , не е до професијата Само зез е , не се лути
Абе еве со мм имавме отворен муабет од почетокот и околу тоа до каде би одела врската ,дали сме за сериозна врска или мафтање. И што (не) би простиле ама за број на партнери ни ме прашал ни сум прашала. Не сметам дека е грешка. Секако ако ме прашал би кажала ама после муабетот за сериозноста на врската. А не на прв состанок.
Уште има вакви луѓе бе Зато го мразам делот кога треба да се запознаваш со некој, од лично и искуство на другарки сфаќам дека поголем дел ќе ти се погодат вакви. На темата, не ми е проблем да му кажам на партнерот за минатото, ама на партнерот не на некој шо прв пат го гледам. Исто така не ми е проблем да прашам, негово право дали ќе одговори и дали ќе одговори искрено.
Мамии, за да стасам со некој да бидам на чекор пред да влезам во врска со него, треба доверба, проценка, доверба и пак уште 20 проценки. Да се измори човек. И на крај краева, може него нема да го интересира тоа па нема ни да ме праша?
Ве разбирам... Ама јас не сум таква. Го кажувам бројот на било кој ќе праша. И како што реков: Ако некој не може да живее со бројката, не може ни со мене - без разлика дали станува збор за партнер/ка, или пријател/ка Сакам од старт да елиминирам идиоти.
Твој избор ,како и се друго што си е избор на секој поединец. Болдираното е сосема точно,во то се согласувам скроз. Ама тип што на прв состанок би го поставил тоа прашање ,според мене или бара само то ,или според то те проценува. Пример ако имаш 1-2 или си невина би те чувал за сериозно ,ама ако си имала 11 зошто да не е 12тиот ,па откако ќе си го добие да го снема.. А има и такви што се палат да бидат први ,па после да ги снема Во секој случај човек што на прв состанок место за презиме да те праша за ова не е чист. Ете мене таков впечаток ми се остава од овој муабет- на прв состанок И имало машки што ме прашувале на прв состанок одговорот зависел од моето расположение. На некој му имам одговорено ко ти преѓе што кажа 20 ама ти никогаш не ќе си еден од нив. На некој се чувам за во брак ,ти ќе ме земиш ?