Секакви какви што наброја, постојат. Некои изневеруваат, некои не. Некои само во врска, некои цел живот. Некои сакаат озбилни врски, некои ради реда се во таква, или па воопшто не се. Исто како што и во жените има секакви. Љубовта се бара и се одбира.
Како сме видувале различно? 100 друштва имам сменето. И секакви, какви што има денес, имаше и тогаш. Не ти зборам за инает, туку како факт.
Сама си го даде одговорот, не си губи време. Ти ќе гледаш да го "опоравиш"? Годините немаат врска со зрелоста.
Така е, се одбира. Ама е многу тешко да го одбереш. И кога мислиш дека некој си го одбрала добар за тебе, можеш да се покаеш подоцна. Знам дека самата го дадов одговорот. Нема што тука да се прави освен да се има трпеливост и тоа е сѐ.
Твојот проблем не е дека си налетала на дечко кој те прашал со колку си била и сега ти е страв дека ако мисли на секс значи ќе те изневери. Тоа што пробуваме да ти го кажеме е дека дечково нема почит кон тебе и дека треба затоа да го откачиш. Мислам, ај да не ти кажувам што да правиш, ќе тргнам од себе, јас би го откачила. Значи и да ти гарантира дека никогаш нема да те изневери, пак би го откачила. Затоа што не се работи за изневерување и дека му бил паметот во секс туку се работи за тоа дека нема почит кон тебе в о о п ш т о. Затоа, пошто тој нема, ти имај самопочит и машки што прашуваат со колку си била или машки на кои животно достигнување им е да ја "скинат" некоја, не ги погледнувај ни од далеку.
. Јас да бев искрено ќе станев и ќе заминев, ни пак ќе продолжев комуникација со него. Сексот го расположувал, абе ај, а друго не го интерсира да те запознае подобро, сексот пред се, браво за него. Каде е почитта и културата? Сељак е мал збор за него.
Туѓите искуства не се твои. За дечково не можам да дискутирам, затоа што не е во ред да се прави психоанализа врз основа на едно поставено прашање. Ти најдобро си знаеш како се однесува кон тебе. А за тоа имаме оскудни информации. По природа сум љубопитна личност, и јас прашувам секакви прашања. Мене искрено ме интересира да знам со колку имал секс, пред се од хигиенски и здравствен аспект. Не би сакала да бидам со некој што пола град го има свртено. Така да, нема врска машко, женско во ситуацијава. Инаку, не се разочарувај. Не е вистина дека љубовта е сурова и полна со интриги, изневерување и непочит. Секогаш се наоѓа некој кроен како за тебе, поентата е да не се задоволуваш со малку, или се или ништо. Барај го она што сакаш да го најдеш.
ЛЕлее Мислев @Sweetlove_0312 ја цитирав, воопшото не забелжав Нз кај сум гледала Ако не ме цитираше, немаше да забележам ххахахаха не ми се верува Грешка
1. Ние, женските, не сме пешачки премин, па да не' поминува некој! 2. Не можеш да знаеш точно кој/а со колку имал/а секс. Затоа што, често се случува некој да се пофали дека "легнал" некоја, а всушност поблиску во радиус од 10м не и бил... 3. Сексот е задоволство, како за машките, така и за женските. 4. Бројот на партнери не треба да е пресуден за нешто. Секој има право да си живее како сака. 5. Ако не сакаш женско со повеќе секс партнери, тогаш немој ни ти да го преминуваш бројот што според тебе е во граница на дозволено. 6. Во врска со болдираното... Можеби таа ги јавала нив ( упссс, коњи се јаваат ) Спојлер: П.с. Сум била со околу 10тина (+/- никогаш не сум ги броела..) и не, не сум "курва", затоа што не сум заработувала од тоа, туку сум уживала во сексот и се уште уживам! Спојлер: За тие што не знаат што е курва! Колоквијалниот (не формален) израз за проститутка (сексуален работник) е курва!
Znachi zhena e pominata od pola grad A mazh pominal pola grad zheni Ne be dechko, oni go pominale nego, pa razmisli koj e kurvata tuka
Мене некој да ме праша вакво нешто на прв дејт за инает ќе му кажам планирав да те легнам и ти да си број тој и тој ама сеа пошто ме праша ми умре желбата! Погоре некоја членка кажа премногу им дозволуваме и затоа прават така , потполно е во право. Нит ме интересира нит прашувам , со мојов не сме ни дискутирале на таа тема воопшто и сметам дека нема потреба.Двајцата сме возрасни луѓе и сме си терале како ни одговарало додека не сме се сретнале и стапиле во врска , битно ми е од тука натаму што и како ќе биде , минатото не ми е битно.
Мене тоа прашање ми е многу детско. Незнам, преглупо. Јас ќе му речев не, невина сум, до прва брачна ноќ не се давам.
Ти го барав пишаново 10минути Кога си на мака ќе бараш и цел ден Треба да се видам со една девојка Кај да ја однесам да ја проверат со колку имала секс? Има дијагностика нешто или? И дали може да се намалат,ако има многу поминато?
Еве он ќе се распраша низ град. Лесно било да се дознае тоа. Зошто се е точно од рекла-казала муабети.