Здраво Феминки! Велам ајде да отвориме една дискусија: Што мислите за поминување настани (како Нова година, Први Мај итн.) одделно кога сте во врска со некоја личност? Дали имате вакво искуство? Ако немате, Ви би било ли проблем да прославувате со другарки, пријателки, колешки наместо со дечко? Дали на тоа гледате нормално или воопшто не Ви се допаѓа?
Да, зошто да не е нормално да сме си одделно со дм. Имало ситуации каде што бил со друштво кое не ми се свиѓало и би ми било поинтересно со мое друштво. Сигурно нема да му угодувам на друг, а да ги занемарам моите желби.
Не сме врзани еден за друг за да не можеме да се раздвоиме. Нормално е фала богу. Некогаш сум со него, некогаш со друштво, некогаш сите заедно зависи како ми одговара повеќе.
Ехе, повеќе пати сум славела одделно отколку со дечкото со кој сум била во врска. Не гледам никаков проблем во тоа, може друштвата да не ни се погодени, може едниот нема желба да слави, може сака дома со своите најблиски да прослави итн итн..
Според мене сосема е во ред, немам ништо против, повеќе би сакала со моето друштво да прославувам , секогаш.
Сум славела, и на почеток на врска и после 8 години врска славев Нова година со друго друштво, а тој со неговите. Не гледам воопшто проблем во тоа. Како ти се сака, така Ако сме заедно, не значи дека мора заедно да сме за некој празник.
Бидејќи сме на далечина, некогаш сме приморани да не сме заедно на вакви "настани", некогаш е и по желба. Не можам да речам дека не ми недостига во таков момент и дека не би било поубаво да сме заедно. Ама не ми е проблем.
Вака друже, не сакав да вратам али ајде.. гледам го повредив и женското его.. Прво и прво јас сум во мал град каде скоро све се знае.. Како второ не би излегол со женско што знам дека била со (лично мој) комшија, братучед, човек од друга вера и уште кој не... Како трето да, многу ми пречи (барем на сегашниве мој години) девојката што утреден ќе ми биди жена да има одено (или само секс) со да не речам повеќе од 10 личности, очигледно нешто не е океј со неа.. Исто како што не е во ред машко што бил со приближна толкава бројка... Четврто можам да кажам дека лесно можам да препознаам женска каква е и што е, ако не одма барем во првите 3/4 состаноци... п.с. зборувам за личности од 18-25 години...
А јас мислам, дека никоја НЕ НИ САКА да биде со тебе и тука си дошол на форумот да ругаш се живо. Ми се повраќа од вакви ниско интелигентни мислења.
На твои години, грдо е да имаш размислувања како да живееш во пештера. 21 век сме! Не живееме веќе во праисторијата.
Жал ми е што размислуваш така, ама со таков карактер и размислување, посебно пребирање тебе ќе те одбиваат девојките. Да знаат какво размислување имаш, ќе подразмислат дали би излегле на дејт со тебе, не пак да формираат фамилија.
Знам какво е местото каде све се знае,уствари ништо не се знае. Тоа се муабети што секој за секого може да измисли приказна,како баби на селска чешма. Ојле на тебе ти на Дојле и приказната и животот е скроен,за друг. Дај пораснете веќе еднаш со тие приказни за други. На многу девојки животните приказни им ги сменивте. Кога сме кај машко, ако сум имал со 10+ небило нешто во ред со него. Сериозно? Не сум знаел. Да живеам во твојот град којзнае што муабети ќе изникнат за мене. Е од вакви кројачи како тебе и сл на тебе.
Мене ми е најсмешно што он е 100% сигурен дека муабетите што кружат се точни и дека се што ќе му кажат е вистина. И стварно си мисли дека ќе ја дознае точната бројка.