Верувај дека поим немам и јас. Правам и советувам со се што можам. Веќе незнам што понатаму. Понекогаш се мислам и дали вреди да прекинам долгогодишна врска само ради секс..си велам период е но месеци се во прашање..
Епа ништо тогаш, ќе си најдеш друг шо му се дига. Шала на страна, навистина треба да направи дечково чекор и да побара помош, па што планира вака понатаму да се замонашите ли?
За некој си заостанат ако кажеш лично мислење, за друг на пример ако осудуваш туѓи мислења. 21 век ај батали, алиииии 21 година, No!
Lamentar, lo lamento, тагување, жалам... Убаво е вакви теми што се започнуваат да си излезе на површина....тоа што си го имаме во главчињата на кои гордо си правиме фризурчиња. Иначе, сексуално пренослива болест може да се закачи на многу начини, а притоа да не се изневерувате меѓусебно. Ќе речев најдобро е да немаш секс ама и тогаш можеш да добиеш “нешто” и пак истите нервози ќе ги кркаш. А пак, можеш и да се “брцаш” колку сакаш, и никој да не знае, пошо половите органи немаат бројчаник вграден од раѓање и бројката ја знам само јас-мојата и ти-твојата, а можам да изговорам кој број ќе посакам, и пак да си потполно здрав без никакви болести ни инфекции ако си водиш грижа за себе. Ама ок, секој со среќата.
Секако дека колку повеќе сексуални партнери си имал толку се поголеми шансите да се соочиш со некој вид спб.Не треба многу логика за да се заклучи ова. @Sejfullai не можам да те сфатам дали си саркастична или не со оглед на тоа што скоро секое мислење не ти е сериозно.
Додека одбива било каква помош и сугестија, ќе го има проблемот, кој може да биде и од медицинска и од психолошка природа. Искрено, малку себично настапува твојот дечко, не сака ништо да си скрати од неговите задоволства , за нешто кое сега можеби не му се гледа како голем проблем, но итекако тој проблем постои и е важен. Во врската на двајца партнери кои се сакаат и почитуваат, сексот е најбитен зачин. Најверојатно има некои предрасуди, можеби и срам да добие стручна помош или едноставно не сака да си признае дека има проблем. Ако му е од психолошка природа, ќе се обрати на психотерапевт, бидејќи психотерапевтите работат со загарантирана дискреција ќе му биде помалку стресно, па со тек на времето, преку психотерапии, ќе го надмине проблемот ако е од психолошка природа. И да е од медицинска, повторно има соодветно решение. Бидејќи е млад, не би требало да зема некоја хемија како на пример Вијагра, не заради друго, туку од ризикот кој постои за срцев удар. Во меѓувреме можете да пробате со гелови и креми за ерекција (можат да се најдат во аптека)
Предолго е за да биде pure sarcasm, али поентата ми е отприлика таа, искажана во еден така подолг ламент - за ни помалку ни повеќе - моите лични преференци за партнер.
Мислам дека....ја згррши особата на која и се обраќаш. Јас и се обратив на членката над мене која психички би злоставувала партнери ако и пренесат спб, и успут се прогласи за сељанка. Јас само се согласив.
Уцени го со нешто. 'Само ради секс' не е мала работа. Очигледно, чим ти е проблем. И на секој би му било...
Ќе пробам да бидам кратка. Верена сум долго време, свадбата ни се откажа поради короната. Во последно сум многу збунета. Не знам како се чувствувам према вереникот. Заедно сме 7 години, го познавам многу добро, ме сака, добар, верен. Но осеќам како чувствата да ми се изладени. Не знам дали е тоа од депресијата низ кој минувам веќе цела година или што.Немам желба за ништо. Од една страна не се замислувам без него, сакам и дете да имаме, ама од друга не знам. Имаме закажано свадба за ова лето. Има уште неколку месеци и осеќам притисок. Како да ја разјаснам ситуацијата?
Во долги врски некои работи се менуваат, не е се' како во првата година. Гледаш иднина со тој човек, сакаш семејство со него? Ако да, нема проблем. На почеток има заљубеност, потоа љубов и почит. Се' зависи од тоа што ти предизвикува помислата на живот со него.
Бетер ќе биде. @Mazegin прошлиот пат пиша дека имал односи со друга, дали и тогаш го имал истиот проблем? Доколку да, треба да посети уролог, но со сила убавина не бидува. Може само повеќе кавги да имате. Најдобро е некое време да оладиш и да не го напнуваш, не му спомнувај секс некој период. Можеби имал лошо искуство,па сега има страв од тоа... Велам дека неговиот проблем може да биде и психички. Имаше тема за ваков проблем, па може да побараш и да прочиташ некој совет од машките членови. Се сложувам со @WildMk дека сексот е битен, се гледа дека и тебе ти е битен, но доколку не успее самиот да си го реши проблемот, подобро е да прекинете. Спојлер: Проблем со ерекција https://forum.femina.mk/threads/Проблеми-со-ерекцијата.628/
Фала... истото мислење само од машка страна имам, е сега мене тука ме осудуваат заостанат незнам како, можда некој си има и мувата на капата па се осети повредено Сите се бранат се расправаат а никоја од тука не би сакала да биди со "дупач" што само ќе ги помини и ќе му остани само како бројка...
Да и да.Гледам иднина и сакам семејство, многу сакам.Ама што со чувствата?Некогаш се осеќам празно према него. Го гледам и ништо. Некогаш кога ќе се подскараме, срце ми се кине. Не знам како да разјаснам што чувствувам? Што ако ми е само навика?
Од моја околина познаници/познанички ретко некој со повеќе партнери би се фалел или би зборувал за тоа, обично ако се фали многу даааалеку е од тоа што го зборува. Пример некој сингл е, студирал во друг град/друга држава па одмори преку лето, зимување, па викенд ваму, празник наму. Ништо добро не може да излезе од тоа ако каже некоја бројка, било машко да е или женско. Би рекол дека е слично како и 5 партнери да смени во рок од година две и да постира слики како е заљубен/а на секои 3 месеци.
Ако тебе ти е битна бројката, нека ти е. Ама доста со изразиве "дупач" "ги поминал" "ја скинал". И ние женскиве знаеме да "јавнеме" некого за една вечер и ич п*чка не ни чуе кој и што рекол.
Не не 'поминуваат'. Не сме улица, Госпо да не исчува. Иначе сум била со 'дупачи', и ти не си еден од нив. 'Дупачите' не тропаат глупости како тебе.