Имам јас зачувано слики му ги пратив но се прави дека не знае што. Вечертљ кога видов му го сменив пасвордот чекав да видам дали повторно ќе се најави да му кажам. Денеска пробав го сменил пасвордот (значи повтори се најавувал) и му кажав.
Уште те лажи па. На таков сајт се знае за шо се зачленува, па уште кога те лажи не е тука така. Прашај го зошто те лажи, дека не си будала. И раскини оти друга опција за ова нема.
Прашав упорно не лажам знаеш се постојано сме заедно ми ја знаеш шифрата од тел не сум помислил такво нешто..... Сам се лаже му кажав крај па нека си продолжи со сајтовите и тетките
Речи му: “Дали си направил профил и дали си разговарал со други, не е дискутабилно. Знам. Видов. Сега од тебе зависи дали ќе седниш да разговараме и да ми кажеш што те натера на тој чекор, дали е нешто што можеме да поправиме, или не.“ Ако те враќа назад на муабетот, пак те лажи и не сака отворено да се соочи со проблемот, тогаш повлечи се. Не го контактирај додека не видиш дека е спремен да го реши проблемот... ако воопшто сака да го реши.
Или пак намерно ја оставил апплилацијата или што и да е за да види таа, па да му раскине она. Се е можно, како и да е, јас би одела до крај и би ја барала вистинската причина. Ако се обиде повторно да ми замачка одговор толку е.
Шо е битна причината? Мене би ми било понижувачки да го молам да ми објасни нешто што е јасно како ден и згора на тоа да ме прави будала. Ќе му менувам шифри, ќе изигравам полицаец....како да не. Доволно имам достоинство да си одам кај што не сум добредојдена.
@Artlover Мене повеќе би ме навредило неговото правење будала, отколку тоа што направил акаунт и се допишувал поради непознати причини (не дека е во ред самата постапка). Кај му даваш шанса да се изјасни, му викаш дека си видела, си прочитала и му покажуваш слики, тој упорно негира и се прави на Тошо. Извини, ама на овој јас ни телефон не би му кренала, а камоли да се тегнам и да се убедуваме со саати. Ова е непочитување и ништо друго, а кој нема почит и храброст во лице да ми признае нешто што јас веќе сум го видела со свои очи, не заслужува ни минута нервирање.
Сакам да знам што го натерало тоа, дали му било здодевно со мене, лошо, неубаво. Не сакам нерасчистени работи, јас барем пред да раскинам ќе расчистам и секој по свој пат. Во овој случај секако би раскинала, не само поради апликацијата туку и поради тоа што продолжил да ме лаже. Без разлика дали ќе добијам одговор или не, секако би ставила крај. Ама ете би ме копкала причината.
Ако му било здодевно, лошо, неубаво ќе ми раскинел и немало да прави мајмунски работи позади грб или би разговарал тогаш кога било потребно да се разговара. Нема ни да му дозволам да си најде можност мене да ме направи крива поради неговите постапки. Јасно е како ден. Чим се дрзнал вака да игра, јас уште поголем гад ќе испаднам и нема очи да ми види.
Не напињајте толку, девојката е сигурно свесна за сѐ ова. Затечена е, збунета е, тешко и е. Ќе си даде време да метаболизира и да се оддалечи од нешто што не е добро за неа. Девојко среќно
Тоа и сакав да кажам. Само некои гледаат на пичкарски начин да се однесуваат. Немаат муда. Ако не е доволно маж да ми одговори, ќе биде крај секако, на ваков или таков начин.
Каков е тој пичкарски начин? По втор пат те читам да се искажеш вака. Пичкарски начин, немаат муда. Демек, пичка означува слабост, а муда сила?
Пичка не го спомнувам како дел од женскиот полов орган ако мислеше на тоа. Ама ај да не се објаснувам, ќе се преформулирам... Тотално, ниско, бедно, болно. Секој што се однесува вака е тотално кукавички. Појасно?