Изгледа веќе не си му интересна и не те гледа со исти очи, поради кои причини не знам. Само едно знам, дека е кукавица и 0 од човек, се знае зошто се оди на тие апликации.
Аман што може да се поправа? Тој свесно го направил тоа. Не е девојката виновна за неговите постапки. Ако нешто не чинело во врската требало да разговара, ама не сега. Туку многу порано, уште пред да му текне да се зачленува на сајтови за дејтање и да четува таму со некои си жени. Мене би ми се гадело од таков, а не да седнам и да чекам да решаме таков ,,проблем" во нашата врска. Тоа не е проблем кој може да се реши и надмине. Тоа е еден вид изневерување, иако можеби сè уште не легнал со некоја од тие со кои четувал, ама со таква намера се зачленил. Па уште згора на тоа ја лаже, ја прави будала во очи. И што после сè зарем уште треба да седне со него и да го решава проблемот, барајќи вина во себе?
Муабетов ти е многу погрешен. Да бара дали сака да разговараат, откако во лице ја прави глупава. Значи таа да чека да разговараат без тој воопшто да покаже било какво каење. Па уште да го убедува да видат дали нешто може да се поправи за да продолжи врската. А нејзините желби каде се во приказнава? Што ако таа не сака да ја продолжи врската? Тој нема никакво право воопшто да побара нешто од неа, откако му била дадена шанса да се објасни. Понатака било кој предлог за разговор инициран од нејзина страна за решавање на проблемот би било само погазување на себе и вложување во врска која опстојува само на нејзин грб. Јас вака никогаш не би.
Да прекинете би било најдобро за тебе, колку и да е тешко, затоа што целата таа работа е направена со умисла - свесно. За да разговараш не знам колку е паметно затоа што нема што да се каже виде со свои очи. Да е рекла казала ајде де да седнеш да направиш муабет. Таа апликација е доказ дека нешто кај вас во врската не штима.Дечко ти требало да те седне и да ти каже што му фали и дали може да се надомести, поправи нештото пред да ја симне таа апликација и пишува со тетки. И на нас женските има периоди кога ни фали нешто или ни е монотоно па не инсталираме одма апликација за дејт ( повеќето женски). Најпрвин разговор па ќе се види што може, во кој правец оди врската. Мој совет ти е да раскинеш и да си се фокусираш на себеси, затоа што и да решиш да дадеш втора шанса цело време ќе си со сомнеж и ќе проверуваш. Изгубената доверба тешко се враќа
Се согласувам дека требало да разговара, ако нешто не било добро во врската. Тоа и јас го реков. Ама сакам да кажам дека некои имаат совршени врски, ама сепак изневеруваат, зашто едноставно таков им е карактерот, сакаат да седат на две столчиња..
А седење на две столчиња секако не е океј, и понастрана од тоа. Е сега девојко да не те притискаме ние, совет дадовме, ти одлучуваш.
Да не претпоставуваме што би предложил некој следно. Но ќе кажам зошто јас сметам дека воопшто не треба да бара подлабока причина. Едно е дека дечково очигледно не сака да даде објаснување, зошто имал шанса за тоа, но не ја искористил. Второ е дека постои механизам на одбрана кај ваквите, така што ќе направат ти да се чувствуваш дека со тебе нешто не е во ред што бараш објаснување. Друг начин е да ти кажува дека профилот го направил за зезање и ништо озбилно не мислел, па пак ти да се чувствуваш глупаво што сакаш да ти се разјасни една таква „мала“ грешка. Трет начин е дека ќе ти заобиколува до бескрај и одговор никогаш нема да добиеш. Последно, што ќе ми е па да ми раскажува некоја амеба што ми фалело мене па го натерало него да оди по други жени? На девојчето ништо не ѝ недостасува и размислете малку пред да испишете некој совет. Нека си види тој првин нему што му фали, зошто ова не е однесување на зрел човек.
Да ме лаже во лице и уште да се обидувам да го разберам. Го седнувам на кауч, отварам тефтер, ставам очила и "Кажи сонце, каде згрешив? Што те натера да ме лажеш? Сподели ги чувствата." Дејствата имаат последици. Наместо да разговара на време, ја лажел. Сега следен разумен чекор е да добие корпа.
Ова ме потсеќа на мојот бивши,на времето кога имаше MSN му го провалив пасвордот и го гледам си се пишува со една девојка опуштено,му ѕвонам на телефон и го прашувам што прави и ми кажа некоја рандом работа а јас го гледам пред мене разговоров лета на монитор и никогаш не призна дури ме правеше ненормална пред сите,дно од човек,тежок манипулатор,изгледа таков е и твојов,бегај дури те држат нозе ако попуштиш сега ќе стане уште полошо.
Ви благодарам на советите. Јас не гледам вина во мене, инаку се беше во ред со врската секогаш бил со мене ми помагал кога ми беше најтешко правеше работи што многу други не би ги направиле се грижеше покажуваше љубов но изгледа се било лага . Никогаш не сме се расправале само денот пред да пише му реков дека нема да одам кај него а бевме договорени бидејки ме извиси за една работа а пред тоа сам велеше ајде кога треба да се оди. Сепак тоа не е за оправдување ако еднаш го направи ќе го прави истото и полошо следен пат.
Иначе и те како е битен моралот на личноста баш заради овие работи ,таков во брак врска машка курва ако е поготово бетер познавам таков и ми се гадеше од него се фрла во сечии раце исто важи и за такви женски почит за такви немам
Ви ја сакам борбеноста и младоста Заборавам дека се работи за врска, а не за брак. И заборавам дека се работи за пред 20 години, а не денес. Пред 20 и јас бев така, ама сега, кога го прочитав муабетот на @Artlover јас и маж ми не ставив во таква ситуација и тргнав да одговорам од моја гледна точка. Последно ќе биде да се разведам. Прво ќе гледам дали може да се смени. Ако може, ќе сакам да смениме. Ако не може, или не успееме да го подобриме односот, тогаш ќе следи развод. Да ви кажам една тајна: Бракот врзува многу покомплексно, на милион начини. Посебно и деца ако има. Имајте го во предвид тоа, пред да се одлучите со кого ќе стапите во брак и со кого ќе имате деца. Во право сте иначе. Сега одбирате. Одбирајте со широко отворени очи
Никако да не те залажува фактот што бил добар и фин,немаш појма какви глумци се,јас после година и пол кога раскинавме,па кога почнаа да се отвараат картите,луѓе да ми кажуваат од страна што правел.... си реков со кого сум била јас и ми беше мн криво бидејќи во принцип многу добро проценувам луѓе,овој беше опасен,гром од ведро небо,затоа мој совет,батали го одма.
Многу е нормално чувствата да бидат изладени, особено во долга врска. На почетокот секогаш е многу поинтересно, кога тој ти претставува мистерија, па треба да ја осознаваш, има предизвик, еуфорија..., но кога ќе помине тоа време, кога огнометите ќе стивнат, доаѓа период на монотонија, партнерот ти станува предвидлив, нема веќе предизвик и се јавува таа збунетост за која ти зборуваш. Проблемот мора да го решиш сама. Замисли си каков би ти бил животот без него, дали тој би ти недостасувал, дали би те болело да го гледаш со некоја друга и некои слични такви ситуации, за да можеш да извлечеш некаков заклучок. Ако се чувствуваш тешко при самата помисла на некое од овие сценарија, значи емоции уште постојат, само им треба освежување. Сите ние правиме многу голема грешка, кога не ја негуваме врската и не вложуваме во неа, па најчесто резултира со земање на партнерот здраво за готово, додека не дојде моментот да го изгубиме. Затоа велам, размисли добро. А ако ниту едно од овие сценарија, не ти буди чувство на тежина, тогаш одговорот е јасен, не го сакаш и нема потреба да влегуваш во брак без чувства, туку само од навика. Тука треба да си дадеш одговор и на уште едно прашање, ама мора да бидеш крајно искрена спрема самата себе си. Дали ти и покрај тоа што си свесна дека немаш емоции кон него, немаш храброст да ставиш точка поради моментот што сте верени и прашањата што произлегуваат од типот: „Што ќе кажат моите, неговите, околината, комшиите, роднините...? Што и да кажат, ќе се соочиш со тоа и не треба многу да се потресуваш за нивното мислење, впрочем ти си таа што понатаму ќе треба да живее со тој човек, да создава дом, семејство, деца....Сакам да кажам, ако не го сакаш, боље спречити, него лечити. А секое чудо за два-три дена, нема нешто што не поминало, нема проблем што не бил решен.
Е сега што муабет направи да ти пукне душата. Првенствено влегуваш во врска да се посветиш на ЕДЕН човек и на него да му бидеш верен. Ама дечкото ако сака да шара наоколу, слободно може да раскине како човек и нека прави што сака. Вака со тоа да си ебне овде, да закачи онде, самиот се понижува.