Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Се случува некогаш некоја да речам моментална вљубеност кон некој друг,и во мојата долга врска се случувало онака ,кога си била лута на дечкото,или те навредил или нешто др што се случило,па да погледнеш некој друг,едноставно да си ептен лута па самото тоа да те натера да загледаш друг и да најдеш нешто што ете го нема маж ти,и се осеќаш како вљубен,но тоа трае максимум недела..чувствата сепрејаки и веднаш се враќаат.. ;) .биди сигурна дали навистина си вљубена во тој човек ,некои ...едноставно пробај поубаво да ја анализираш ситуацијата,бидејќи немој да направиш нешто со што ќе се покаеш па ќе го сакаш маж ти назад,а тој после тешко дали ќе те прими ќе те гледа со поинакви очи...а тука е и детенцето,нешто што ве спојува за навек...и мој совет ти е да си го зачуваш бракот,освен ако немаш некоја посериозна причина за обратното...еве можеш и да ни напишеш како те третира маж ти,те сака ли,со го сакала ли,и како испаднало да се заљубиш во друг,па заедно ќе анализираме и ќе се трудиме да ти помогнеме...
     
  2. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    уфффффф....ама не се работи за моментална вљубеност, тоа трае веќе шест месеци, и да не е еднострано...значи јас контактирам со тој човек, се гледам кога можам....да, ја знае мојата ситуција, го прифаќа моето дете, и мислам дека стварно ме сака....стварно мислам дека ме сака....што се однесува до маж ми, осеќа дека нешто ми се случува...мислам, тоа се приметува, на моменти ме вади од контакт неговата близина, неговата присутност...и јас не сакам да е така, верувајте...си замислував дека ќе биде ќе си живееме среќно до крајот на животот, али.....не ме малтретира или слично, далеку од такви нешта, али испадна дека за многу нешта во животот имаме различни гледишта и сфаќања...почнувајќи од тоа како се одгледува дете,па обврските околу домот, моите потреби за свој простор и време....и се тоа буквално ме олади од него.....како да не е истиот човек за кој се омажив....а мислам и дека никогаш немав прејаки чуства за него.....али тоа е...времето не можам да го вратам , а кога би можела, се поинаку би направила....а што се однесува до детето, не би помислила што и да ми се случува во животот, да ја оставам...тоа нема шанси, она е на прво место, никој друг.....али и да останам во тој брак ако не сум среќна колку можам нејзе да ја направам среќна???????незнам имам милион прашања, ниту еден одговор ....целата сум во конфузија.....ми доаѓа да трчам и да не погледнам назад....
     
  3. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    на ќеркичата јас мислам дека ке и биде тешко,заради тоа шо се знае кој и е вистински татко...и нејзиниот очув не би го заменил ..посебно кога нема причина,не е физички малтретирана ,ниту пак ти си...верувај дека ке претрпи големо разочарување...
    а сега од друга страна,можеби јас не сум соодветна да дадам одговор на сето ова,бидејки имам 18 години...сфакам шо сакаш точно да кажиш(дека нема страст измегу вас,и ако шо рече ти е одвратно неговото присуство),ама не сфакам како воопшто си допуштила да се заљубиш во некој друг...
    не знам колку сум во право,ама мислам дека не треба да си го запустваш бракот заради некоја личност,која мислиш дека вистински ке те сака...
    како прво ако таа личност е доволно зрела и свесна за некои работи нема да се пика измегу друг брак...значи веднаш можам да заклучам каква е таа личност...ккако шо може да расипе брак,така подоцна може и тебе да те остави заради друга жена...
    искрено...јас мислам дека правиш голема грешка :)
    срекно! :*
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Eпа тогаш почекај извесен период,убаво ама убаво размисли ги работите,и пробај да го спасиш бракот....со тој маж си 6мес а со маж ти повеќе години,и него поубаво го познаваш...плус не те малтретира,те сака и тој,и многу ќе го повреди ако дознае за тој маж,мој совет е да го оставиш другиот-стави се на место на маж ти-тој да има швалерка знаеш колку боли и понижува тоа,плус имаш и детенце рачунај дека утре тоа може да дознае и да те замрази недај боже,за тоа што си го сторила на татко и....а тоа што ви се смениле гледиштата на животот-може и со овој маж да ти се случи-сите се менуваме,никогаш не сме исти...пробај да го оставиш и извесен период да се посветиш на мажот и детенцето и да не мислиш на него...ама ако ептен неможеш така ,не б сакала друго да те советувам :doh: многу ми е страв да не се изгориш,бидејќи после многу работи ќе се сменат,тој маж може сега те прифаќа,но откај да знаеш сигурно како би било во иднина???дали е тој доволно спремен на тој чекор а и ти,размисли добро ,деликатна ситуација :|
     
  5. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    боже па што ти прави мажот ти за да несакаш да си со него те тепа ли те изневерува ли шета ли навечер .........од кај знаеш дека овој другиот ќе се понаша како сега што се понаша спрема тебе верувај нема да е исто освен да е некој кој не можел да си најде девојка и да е во години тогаш така и така да гледа да си најде некоја да го помине животот со неа макар и со дете........јас не би ти препорачала д асе одделиш од мажот ти по што нормално лубовта престанува со текот на годините (барем така велат постарите) ама децата ќе не поврзуват............а ако не ви оди од други причини тоа е друга работа :| :| :| :|
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ИЈАЕ ако решиш да се разведеш подобро да го направиш тоа додека е мало детето, како поминува времето се потешко ќе го прифаќа тоа, а вака ќе порасне со тоа дека нејзините се разведени ќе си го прифати тоа. Јас гледам од таа страна да е секогаш подобро за детето, но кога веќе не ти е добро во бракот подобро разведи се одколку детето да ги гледа сввоите родители нонстоп скарани, налутени, викања, закани...
    Е сега не се знае каков ќе биде текот на разводот сигурно ќе биде многу тешко......
    Како и да е ти најубаво си знаеш како ти е, и што да направиш.
    Мораш убаво да размислиш за да не се каеш после, па да ти поминат емоциите за другиот човек и да не испадне ништо меѓу вас, зошто таа врска што ја имаш сега ти со мажот е нераскинлива и премногу силна зошто ве спојува детето и секогаш ќе те спојува.
    А детето заслужува да расте во убав и хармоничен дом, ти размисли кој дом би бил најдобар за твоето дете но и за себе.
     
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас би ти кажала, седи си кај што си се нашла. Немој да седиш на два стола! Цени го тоа, што твојот сопруг е супер спрема тебе, прочитај по другите теми на денешно време какви се мажи постојат. Да беше некој да те малтретира и не те почитува, да кукаш и да кажеме ајде ете малтретирана е, па бара др излез. Ама од арно да бегаш???
    Што ако тие чувства кои ги имаш спрема другиот човек избедат откако ке се разведеш и откако ке почнеш живот со него???
    Што ако пак се случи истото, да сфатиш дека имате различни размислувања и сфаќања за одредени ствари? И него ке го оставиш ке бараш друг, за да бидеш задоволна???
    А тоа дете што ке го влечеш со тебе? Во каква околина ке расте тоа?
    Кажуваш дека ти е најбитна, ако е така ке си седиш дома со сегашниот маж и ке и дозволиш на ќерка ти да си има и татко и мајка.
    Како ке и објасниш кога ке порасне, дека татко и е супер човек, ама ти се разведе од него зошто сакаше друг??? Какво мислење ке има тоа дете???
    Не сум никоја за јас да ти кажам што да правиш ама најискрено мислам дека претеруваш!
    Секоја жена копнее да биде со некој кој ке ја гледа ко капка роса на дланка, а ти го имаш тоа и што, не ти е доволно, бараш утеха во друг?
    Тоа се вика, задоволена си во секој поглед, немаш ништо што ти фали, и имаш премногу слободно (неисполнето) време за да се занимаваш со др глупости.
    Пробај да си ја вратиш страста со сопругот, изненадувај го, кажи му да прави нешто за повторно да те освои и да го засакаш, а не одма да бараш утеха во прегратките на другиот човек.
    Извини ако се навреди ама ова е само мое мислење, најмалку сакам да те навредам или осудувам.
    Твој живот- твоја ствар!
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Немаш никакви проблеми со маж ти, туку само различни погледи на нештата? Па, затоа постојат компромиси, договори. Кога се сака се се може!
    Ама очигледно ти си кренала веќе раце од сопругот.

    Извини ама ти си од оние : Најдела та зајдела. :x :fubar:
    Чукни си ја малку главата во подебел ѕид, НИКАКВИ малтретирања немаш од сопругот, не го залужува тој ова.
     
  9. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Јас ова ке го кажам:
    Кога меѓу брачните партнери има преголема разлика во карактерот и начинот на гледање на нештата, треба да се направат мнооогу големи чекори и отстапувања и од двете страни за да се задржи бракот и да се направи успешен. Ако само едната страна ја има оваа желба, а другата не сака да соработува, се е ѓабе, пиши пропало.
    Дајте си шанса со сопругот да ги средите нештата.
    Ако се имаш потрудено со сопругот да ги надминете разликите, и тоа не покажало никаков резултат, е тогаш размисли си убаво вреди ли животот да го поминеш во постојани нервози. Не е само ако те тепа причина за развот. ПОлошо е менталното малтретирање кога тој несвесно со неговите постапки ти врши притисок, ти ствара фрустрации и нервози. Верувај ми знам како е да живееш во нездрава средина.
    А овој другиот колку добро го познаваш, како го прифаќа малото? Имате ли разговарано за заедничка иднина? Какви се неговите гледишта?
    Осигурај се прво дали ке вреди да го растуриш семејството за него. Преиспитај си се самата и не брзај. Ако тој стварно сака со вас двете, ке чека и ке ти даде време колку ти е потребно.
    Ајде со среќа и известувај не како си.
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Како го кажуваш ова уффффф како да имаш огромен товар...а по се напишано мене ми делува дека само си залетана по тој твој некој што мислиш дека те сака...Заедно сте 6 месеци, повремено се гледате и ти него го сакаш, толку брзо вистински и искрено го засака или само си затрескана во него? Може има нешто посебно кај него во моментите кога си со него, нешто поразлично од твојот сопруг, но колку добро го познаваш, дали навистина е вреден за да си растуриш семејството?...Велиш си се омажила без да имаш јаки чувства кон сопругот, извини ама мене ми личи на она старото-се омажила мома да не седи дома...или грешам...? :?:
    Сепак мислам дека си оладена кон сопругот затоа што си опседната со сегашниот ако можам да го наречам љубовник, запрашај се дали исто би се чувствувала, дали би те нервирал сопругот со постапките и размислувањата ако не би постоел ТОЈ...Како можеш да знаеш дека после некое време доколку бидеш со него нема и кон него да се оладиш...дека и тој нема да те нервира...Велиш дека не си среќна, па ти самата си го правиш тоа, самата не дозволуваш да бидеш среќна и сакана од некој со кој имаш заедничко минато...пробај да бидеш среќна, пробај повторно да го сакаш човекот со кого си се омажила, дај му и него и себе шанса, не растурај го туку така бракот и семејството за моментална затресканост...Размисли убаво, разводот носи последици, мисли и на своето дете и на себе и на сопругот...тргни го ТОЈ човек од мислите и размисли дали можеш да продолжиш со животот и без него...Направи си една анализа во главата-пред, сега и потоа... што било, како е и како ќе биде...Не избрзувај, како што и сама велиш, не можеме времето да го вратиме назад, не носи непромислени и избрзани одлуки. Ти посакувам се најдобро.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.395
    пробај да внесеш со сопругот нешто што го немаш до сега. пробај да го одбегнеш оној што викаш дека си се затрескала. па ајде не си дете па да те советуваме. Јас да сум на твое место ако работиш со тој човек би гледала максимално да го одбегнувам, дај му до знаење дека тоа што сте го правеле веќе е крај. посвети се на домот и фамилијата. Мислам дека по кажувањето имаш прекрасен брак(па ок кој нема несогласувања, сите сме различни карактери, со родители ќе се скараш што те знаат цел живот а не па со сопруг), мислам дека ако нешто направиш ќе се каеш. Ако не си интимна со него извини мислам дека ти гори по ноџиња и кога ќе пробаш ќе видиш дека не е тоа тоа и покасно ќе се каеш, а ако веќе сте препуштени страсно еден на друг, закопај го како минлива авантура и почни да размислуваш свесно. кој се последиците, мислиш ли дека таткото лесно ќе се оддели од мајката која се швалерисува?, мислиш ли дека ќе поминеш лесно со развод?, што ќе биде со тебе и љубовникот? по се ми изгледа дека си го повикуваш ѓаволот, но сепак ти си таа што ќе одлучиш не сме ние тука да судиме за туѓите чуства и животи, само ете може да ти дадеме совет да не направиш грашка ;)
     
  12. nena-26

    nena-26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Имав потреба да се искажам за мојов проблем, затоа пишав тука! Имам дечко заедно сме 2ипол години, врската ни е ок али не е нешто ектсра да речеш, има многу работи која ја прават нецелосна. Во последно време не се чуствувам среќна и исполнета. Некако живеам во исчекување дека ќе се случи нешто, што ќе ги промени работиве кон подобро, ама се стои во мртва точка. Пред некој ден дознав дека бившиот мој дечко со кого бевме заедно долго време си фатил девојка, ми падна многу криво. Не знам зашто после толку години отакако не сме заедно се чуствувам вака. Дали тоа значи дека никогаш не го преболев него и не го засакав новиот дечко?
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Имаш право дека си целата во конфузија и можеш страшно да се заебеш. Ај прво реши го тоа со конфузијата па после види дали би направила таков непромислен чекор. Ти со маж ти си се заколнала на вечна љубов пред Бог, кај ти бил тогаш паметот, се однесуваш како тинејџерка! Разбирам дека постои и развод, ама за вакви како тебе не го оправдувам. Не си умислувај дека те сака и дека ќе го прифати и детето, зашто никогаш нема да го прифати онака како што сакаш ти, никогаш нема да го замени татко и, кој верувам дека е прекрасен човек штом и покрај тоа што ја насетува твојата неверност се обидува да те задржи крај него. И покрај се тој е решен да продолжи со тебе и те сака. А тебе каде ти е паметот, каде ти се чувствата и човечноста. Зошто сакаш да уништиш два живота, животот на сопругот и детето. А верувај дека ќе си го уништиш и твојот живот зашто тој новајлија никогаш нема да те сака како твојот сопруг. Дури откако ќе го оставиш сопругот за тебе почнуваат проблемите, разводи судови делба, старателство и на крај тоа нема да ти се исплати. Кога ќе погледнеш наназад ќе видиш само една огромна грешка која секогаш ќе ја носиш на совест. Мразам реченици од типот "и се тоа буквално ме олади од него.....како да не е истиот човек за кој се омажив.."-луелуеее за малку да паднам во несвест. Знаеш зошто ти се случува сето тоа? Бидејќи не сакаш да се обидеш да бидеш среќна со маж ти, си се залетала по некој како тинејџерка и спремна си да му наштетиш на детето и да расипеш брак. Морам да дадам суров коментар, бидејќи стварно не размислуваш и не сакаш да ги направиш среќни твоите најблиски. Животот не ти е холивудски филм или шпанска серија. премногу лесно правиш некои работи. Треба да се засрамиш. Верувам дека прилично млада си влегла во тој брак и уште те држи таа тинејџерска еуфорија. Ама кога ќе се разбудиш од сонот ќе ти биде доцна. Испитај си го теренот, ако ти е љубовникот неженет тешко дека ќе земе после разведена и тоа со дете, а ако има семејство тешко дека ќе го остави. Да не бидам груба, ама те сака токму на овој начин, мажена и неверна, за појака авантура и задоволство. Но животот не се состои само од секс. Обиди да ја вратиш љубовта кон сопругот, таа е во тебе само треба да ја пронајдеш. На негово место јас не би ти дала втора шанса, биди среќна што тој потајно ти простува. :tmi:
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Не можам да замислам како е да сум во својот дом со сопругот и детето а да сум окупирана во мислите со друг...претпоставувам дека е страшно и не дај боже да ми се случи. Никој тоа не го посакува и сите мислиме дека секогаш им се случува на други, најверојатно лабилни особи, фантазери, но вистината е поинаква...емоциите не можат секогаш да се контролираат. Ако се слаби - да, се изборуваме некако со нив...но кога се работи за големи емоции како љубов, опседнатост-во овој случај со оној другиот, и нетрпеливост и одбивност кон сопругот, тогаш сите совети на овој свет не помагаат. Колку и да се трудиш да останеш со сопругот целото твое битие е свртено на друга страна. Ако мислиш дека твоите негативни чуства кон сопругот немаат врска со новиот тип, ако си сигурна дека веќе не сакаш да бидеш со сопругот, тогаш нема потреба да се измачуваш. Но размисли дали ќе можеш да продолжиш понатаму САМА со твоето дете, чисто за да не бидеш изненадена од новиот човек во твојот живот. Немој да бегаш од СЕ потпирајќи се само на него...можеби се ќе излезе како што треба, но биди подготвена и за лошото...во секој случај со среќа што и да одлучиш...
     
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.935
    Пол:
    Женски
    Раскинавме со дечко ми. И тоа заради проблемите што ги имам јас дома. Во последно време дома ми е катастрофа, не се поднесува ситуацијата заради финансиските проблеми што ги имаме и од ден на ден е се полошо. Најчесто излегувам од дома, преспивам кај дечко ми, бидејќи тој е под стан во градот каде што студираме, правам се само да не ги гледам моите родители како се караат, а не наоѓаат решение. Тоа трае веќе подолг период. И ете, денес дечко ми ми кажа дека премногу влијаат моите проблеми на мене и моето расположение а со тоа и на нашата врска. Му реков ако мисли дека не може повеќе вака, тогаш да прекинеме да не се замара тој веќе со мене и моите проблеми. И се сложи. Така одеднаш, без ништо да ми реше. И претходно сме доаѓале до тој муабет, но на крајот секогаш заклучувавме дека нашата љубов е поважна од се и дека има надеж да се средат работите. Овојпат не беше така. Само ме испрати до автобуска, си кажавме чао и толку-готово. Порано кога ми било вака за ниакде дома и ми било ептен тешко, никогаш не ме оставал, секогаш ме тешеше и ми влеваше надеж. Заради енго издржував се од дома. Сега не знам што да правам. Дали прва да му пристапам и да разговараме? Дали да оставам на времето? Можеби стварно не може повеќе вака. Не сакам да му вршам притисок за да се смириме. Ама не сакам ниту пауза од неколку дена, нема да издржам да не знам што ќе се случи понатаму со нас. Иако сега е крај. Што ме советувате?
    п.с. Знам дека ме сака, исто и јас него. Значи не е проблемот во нас двајцата, туку трет фактор е во прашање. :worried:
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Му прекиснало на (веќе поранешниот) дечко од целата ситуација.
    Но, ако те сака така како што ти велиш, треба да биде со тебе, без оглед на се.
    Никако не му пристапувај прва, не се погазувај, не го моли...
    Туку, зошто така веднаш прифатил? Тоа не ми е јасно? Дали само тоа го чекал? Зошто не рекол 2-3 збора за да останете заедно? Цела сум и јас сега прашалници.

    А најдобро е ти прво дома да почекаш да се среди ситуацијата, па потоа со него да пробаш да стапиш пак во контакт.

    Или пак, не разговарај повеќе со него за твоите домашни проблеми (што не е логично, ама ај... ).


    Whatever, издржи!
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.935
    Пол:
    Женски
    Па и мене тоа ме зачуди. Претходно секогаш беше спремен да ми помогне, да ме ислуша, да ми даде совет. Не осетив дека сум му досадна со моите проблеми. Не дека јас цело време затоа зборам кога сум со него, таман работа. Ама не можам да се смеам од 6ка до 6ка кога знам дека дома ми е хаос а сум немоќна да направам нешто во врска со тоа. Инаку, тој ми рече дека не му било замарање одењето со мене до сега и можеби не е убаво вака да завршиме ама дека е подобро. Во никој случај не сакам да го молам и да се понижувам. А да почекам дома да ми се среди, тоа тешко, бидејќи мајка ми не работи веќе, а татко ми не можам да го убедам да отиде некаде во странство (но тоа е веќе др тема). Така да, дома во скоро време нема да се најде решение.
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас не мислам дека ќе се погазиш ако му пристапиш прва. И не го сфаќам толку трагично тоа „молење“.
    Искрено не знам што би било најдобро во оваа ситуација, меѓутоа мој совет, почекај барем малку време нека помине, сепак јас мислам дека сам ќе те побара.
    И јас многу пати имам „гњавено“ со мои проблеми, па не знам дури и како ме издржувал воопшто, но мислам дека ќе сфати сам дека си во тешка состојба и ќе те побара.
    Ако не пак, јави му се ти, не гледам ништо негативно во тоа, тој ништо не згрешил, па да држиш некој инает и да не го бараш. Едноставно, му се смачило нему од твојата депресивност бидејќи влијае и на него, но сигурна сум тека многу те сака, и вашата врска ќе успее ;)
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.935
    Пол:
    Женски
    Нема да ми биде толкав проблем да му речам пак да разговараме за нас, ама не сакам да помисли дека сум зависна од него и да му се кренат акциите, иако познавајќи го, не е таков тип.
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Happygirl,мислам дека не е во ред така што постапил дечко ти,па како би било и утре да се земете а тој ќе те остава на секој проблем? разбирам дека може му се смачило,но зарем дечкото е само за кога ти е убаво,а во лошо не ти е?а поддршката кој ќе ти ја даде?
    Мислам дека не те заслужува,сега сигурно ти е тешко тој така,дома ви врие-и многу убаво разбирам,стисни заби и издржи...болката го зајакнува човекот,тој ќе се кае...
    И јас имав такви тешки моменти-откако почина татко ми имавме тешки финансиски проблеми,на сета мака,но дечко ми цело време беше со мене,дури и кога требаше нешто да купам-бидејќи тогаш тој работеше,ми рече од мене ќе бараш пари не од мајка ти...да не беше тој немаше да поминам низ целата ситуација сама,ќе се уништев...Можеби му е моментална реакција,може ќе сфати и ќе те бара,но ако дојде да ти се извинува направи еден муабет прво со него,и размисли дали те заслужува...и баш убаво што си ги кажала твоите проблеми за дома на него,не се согласувам дека требало да не зборуваш со него за твоите проблеми,-сега нормално не само за тоа да збориш :!: ,бидејќи се покажало до каде е спремен тој со тебе..остави го и продолжи понатаму,имај верба и све ќе се среди,ти држам среќа
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.