Тоа не е нешто што треба да се премижи...Разговарај немој никогаш да не разговараш за било што биди слободна и искажи се особено кога нешто не е во ред. И тоа не е добро од негова страна што го направил... ps. Коментаров е незрел, само некој несозреан би пишал такво нешто...
Не знаев каде да пишам за ова па решив тука. Веќе подолго време ми се допаѓа еден дечко, се знаеме лично од многу порано но никогаш не сме имале некој близок контакт, ми делуваше како ептен добар и фин.. После долго време пуштање 'хинтови' дека ми се допаѓа конечно ми пиша порака, па почнавме да пишуваме, притоа муабетот ни течеше како вода, заеднички теми, мислења, што ретко ми се случува од прва да кликнам со некое машко обично многу глупави муабети паѓаат ама ете со овој не беше така, муабетите ни беа општи и сосема пристојни немаше никаква вулгарност. Се запишувавме до доцна па ми рече да сме се виделе да дојдел и да сум излезела, да сме ги продолжеле разговорите во живо, јас му одговорив дека е сепак доцна (часот веќе беше 3 на полноќ) и можеме да излеземе во поприкладно време.. На тоа ми врати како сум го завлекувала и си изгубил време пишувајќи со мене, дека сум играла играчки со него и сум го направила будала, како голема девојка како мене не можела да излезе еден час му немало логика.. Не сфатив дали јас згрешив што ми се испонаша така, што го навело да има такво мислење дека сум го завлекувала, останав така во прашалници.
Човеков сигурно сакаше да те е’не ама не знаеше како и на крај се сторил пишман што изгубил безпотребно време со тебе Размисли сама дали вреди да мислиш на него и зошто толку брзал во ниедно време да се видите ?!
Кој здрав човек со кој прв пат се пишуваш бара да излезете во три на полноќ? Ма и 30 години да имам во три на полноќ не излегувам освем ако не ми е некој битен. И пак уште ти си го завлекувала? Воопшто да не се кривиш себеси, ако има комплекси на друго место нека ги лечи. Или ако си имал дечкото поинакви намери негов проблем. Сама не се криви и воопшто немај прашалници.
Јас освен недај боже да те силува или да те убие друга причина не гледам зошто би сакал првпат да се видите во ниедено време.
Ти баш си направила како што и доликува на едно девојче сериозно што не и е за играње играчки, тој сам се издал каков е и баш ти кажал дека ти си непотребно трошеш времето за таков очигледно што само едно нешто сака... Така да подобро си видела на време каков е
Овој лик е се', само нормален не е. Среќа ти барем си паметна и си ја одбила оваа фантастична понуда, гледање во 3 по полноќ. Се надевам дека до сега е блокиран, и дека нема начин како повторно да пристапи до тебе.
Абе за дечко не излегувам во 3 ноќеска освен ако не е итно, а не пак за некој со кој се допишувам само. Секакви ги има
Јас имам 31 год. и сите знаат дека после 22 часот не изглегувам од дома. Дечко ми со кој сум со години во врска го почитува тоа не па некој што прв пат треба да го запознаам да инсистира во 3 часот по полноќ да излезам. Уште грешка бараш во себе? Не бре он си има проблем.
Имаше доста надеж во постов се до ова. Не знам што друго да додадам, а што веќе не пишале. Очигледно добро глумел, инаку не би изреагирал така. Ако за него е губење време тоа што те запознавал, тогаш тури му пепел и барај нов.
Човек чим те бара толку доцна да се видите, нема воопшто сериозни намери. Нормален човек нема да те викни во 3ч по полноќ, посебно од прво пишување. Јас одма би му ставила блок, пред предходно отерување у пм.
Во право сте девојки, но бидејќи се знаеме од порано и живееме ептен блиску мислев дека можеби во нешто сум изреагирала неубаво сепак не ми е некој непознат. Го избришав од секаде.
Тоа не менува ништо. Искрено, во 3 саат се знае за шо се излегува со машко и се знае како очекувал да го продолжите муабетот. И супер шо само 1 ноќ си потрошила на него и одма си ги кажал намерите. Терај понатаму.
Море и муж ми да ми рече да излезем у 3 по полноќ, нема да излезем, не па на некој шо не го знам. Арно си направила.
Сигурно друго му било намерата штом посакал да те види во 3 часот по полноќ. Батали го. Се виде што сака/бара од тебе.
И после женските биле вакви такви. Многу сме прибирале. Да излезам во 3ч ќе рече ауу оваа одма се фати на јадицата не ја бива. Да го откачам (што е јасно во оваа ситуација) пак не чини, губел време, разгалени сме биле, несериозни...абе триста епитети. И машките знаат да претераат и бараат нешто од девојчиња што не личи или не соодвествува на ситуација, па после истите тие се величаат себеси и ги ругаат девојчињата без разлика дали истите прифатиле нешто или одбиле. Па не иде. Конкретно за твојата ситуација @Irisae паметно си постапила. Така треба.
Не знам дали прашањево е за тука, но морав некаде да си ја олеснам душата и да добијам совет. Со дечко ми сме 2 години во врска. Се сакаме и се сложуваме па затоа сакавме годинава да се вериме. И двајцата свесни за големината на овој чекор се решивме дека сме спремни. Но, моите дома ми прават притисок, убедени се дека е лоша фамилијата на дечкото (што не е така, ги знам сите информации но не ми веруваат) и се противат на врската правејќи драми од типот "ти нас ќе не изгубиш", "заборави не" и тако даље. Јас сум решена да го послушам срцето и да го одберам саканиот, но ме интересира ваше мислење. Знам дека ова е важна одлука, но доколку тие не се свесни дека ме губат и дека делуваат многу себично со своите постапки и зборови, тогаш јас не знам што повеќе да барам од нив и разбирање или пак емпатија. Фала ви однапред