ПА што има врска ако зборе за секс незначи дека некој е вулгарен и без мозок, сексот за тебе ако е пазар за мене е пример еден вид уметност.
Премногу си емотивна и кршлива, те сваќам и јас минав низ сличен период, со тек на времето ке се оладеш. Најверојатно си премногу млада и мислеш дека сите луѓе се емотивни и добри ама не, има многу што со умисла ќе ти го скршат срцето, пробај да не се врзуваш многуу..
Ама јас немам ништо против за зборување за секс, ама барем малку да се запознаат, не одма на прв дејт прашање- еј со колку си спиела до сега? Што ќе му е одговорот на тоа прашање, за после со другарчињата недораснати како него да шират муабет?
Мислиш да те лаже? Зошто да се потруди да го докажува тоа, кога толку очигледно не му е гајле за тебе, нити му било. Знам дека звучи лошо, ама јбг. Колку и да сакаш некој, колку и да му се посветиш, не значи дека ќе те засака. Не можеш ништо да направиш во врска со тоа. А место да го манијачиш на интернет, би ти препорачала да си закажеш еден разговор кај психолог.
Ама не му е! Остај го веќе, не го барај, стварно не вреди. А и да те побара пак ќе биди за истата причина, не од љубов, зато блокирај го пред да има можност пак да те изманипулира. Не мисли на него, дај си малку простор да се смириш, ќе најдиш друг, ако е прв не мора да е последен. Помири се и со тоа дека имавте секс, сакаше - имаше, ништо лошо, ништо страшно.
Прекини да си даваш сценарија што би било кога би било. Не дал објаснување, исчезнал, па и подобро за тебе од друга страна, само треба да сфатиш дека не си му битна и му е гајле и да продолжиш понатаму, а ти премислуваш. Ако ти дадеше објаснување и ете како што викаш дека му стало, уште толку тупење глава па зошто ме остави ако му стало до мене и цело време така во круг. Значи еве ти ги двете можни ситуации, и не можеш да ми кажеш дека доколку ти се објаснел дека многу полесно ќе ти било, верувај сигурно немаше само да му свртиш грб и да му кажеш твоја загуба и толку нов живот. Не си крој сценарија само за да си купиш време за да мислиш и да го оплакуваш. Ќе се каеш еднаш кога ќе го преболиш на што си губела месеци и месеци, зошто никој не сака залудно потрошено време.
Кај и да е ќе отвориме нова тема љубовни проблеми и совети за камионџии или за бившиот на Кјара. Кога и да ја отворам темава, за тоа читам само. Ќе помисли човек некој незаменлив дечко на светот е. @Kjara15 луѓе 10г врски раскинуваат, па продолжуваат со животот. 15-20 пати да се видиш со некој не е ништо. Толку совети ти дадовме сите, ти упорно го идеализираш и нејќеш да продолжиш напред. Тоа е само слика во твојата глава што си ја правиш за него, всушност да прочиташ и помислиш од наша перспектива ќе сфатиш дека бил типичен манипулатор и ништо посебно. Мора да си помогнеш сама пред се, џабе друг и да те советува кога ти се водиш по таа некоја слика што ја имаш во главата за него и крај. Клин со клин се избива мене ми бил добар метод. Кога ќе видиш некој друг колку може да те сака и да ти е убаво со него, не се ни сеќаваш на луѓето од минатото веќе. Дај си уште некое време и дај му шанса на некој друг дечко, животот продолжува, не вреди да го трошиш патејќи по некој со кој имате многу кратка историја.
Јас те разбирам ама мораш сама да си помогнеш. Јас прекинав 2ипол годишна врска кога имав 21 година и бев три месеци во депресија. Нит јадам,нит пијам,нит нешто ми се правеше. Моите ме однесоа во Охрид со цел да ми помогнат,да сменам околина, да заборавам и некако после то се дигнав на нозе. Сама, со сопствените мисли. Не најдов мотивација ниту некој друг туку бев сама со себе, се запишав на факс се фокусирав на нешто и така ми помина. Тука си добила милион совети така да главното е што мораш сама себе да си кажеш СТОП. Мораш да бидеш јака и мораш да се бориш. Тој човек не бил за тебе, како ни за мене не бил тој што ме оставил. Животот тече понатака,не вреди за никој да си го трошиш времето.
Чула, не дочула. Да се најде во муабет битно. @Kjara15 аман, дечково да не има 25 cm пенис па толку ти се врти во глава? Што е толку добро во него да не можеш да го заборавиш? Ете, стварно не ми е јасно. Престани да се опседнуваш толку со него, блокни го и продолжи со животот. Не се измачувај.
А ќе ти смени нешто ако 'ти објасни'? Пак нема да сте заедно. И тие 'објаснувањата', најчесто се само изговори. Не троши повеќе време, оди најди си друг. Уште денес!
Ќе си дадам уште 1-2 месеца време да си дојдам на себе. Вака со болка само полошо можам да си направам сама на себе. После тоа ваљда ќе се појави некој шо ќе ми се допадне.
Шо ќе си напрајш полошо? Излегувај, со секој кој ќе ти се допадне. Не мора да правиш нешто повеќе од пиење кафе. Ќе си дојдеш побрзо на себе, ако го преокупираш мозокот со други работи... во случајов, со оооогромниот избор на мажи во светот
Прво дојди си на себе, земи си доволно време застани на нозе и почни да го преболуваш па излегувај. Не е исто да излегуваш со некој чисто од забава, и да излегуваш со некој од очај само за да заборавиш некој претходен. Иако за некои тоа е решение и им успеало, никогаш не може да се гарантира дека ќе биде решение и за тебе.
Камо да го поминував ова твоето ке бев среќен.. Се гледавме 2 години,од време на време,а се слушавме пишувавме секој ден,решивме да бидеме заедно,затоа што колку и да сакавме да прекинеме,неможевме нешто не ни даваше да се разделиме,почнавме врска сериозна,3 години во врска,2 години живеевме заедно,се боревме како лавови,иако сите беа против нас,поготово од нејзина страна,ради х причини не ме сакааше никој од нејзиното семејство,само ми правеа лице,и позади грб им бев душман,но не се откажувавме,имаве планови,сонови,заедно све,заедно и доле и горе,претрпевме премногу но си викавме љубовта е појако од све на Светот ке успееме,една година живеевме кај мојот Татко,после тоа ни се усреќи да имаме од нејзина страна наш стан,наш дом,се преселивме прошлата година,секое парче што го купував за станот беше нешто најубаво што се случува во мојот живот,ја побарав за Жена,прифати,посреќен од мене немаше на СВЕТОВ,здравје да помине коронава,ке се земеме,ке имаме наше семејство,иако пред 2 години изгубивме бебе,но со надеж дека ке имаме наши Деца во иднина,све во свое време.Јас паднав финансиски ради корната останав без работа,паднав психички,ајде ке најдам работа,ке се средиме пак,најдов работа по 12-13 часа на ден работев,некогаш и приватно после работа,чепкав по нешто,компјутери,телефони,само да се има повеќе пари,станот 70% го средивме,останаа ситници,ајде ке имаме пари ке средиме све полека полека,само да се има разбирање,а во меѓу време,секој ден кавги,недоразбирање,вреѓање,ајде период е ке помине,и што се случи?Пукна филмот,ме избрка од станот,како куче на улица,не сакам повеќе,ни фамилија,ни деца,ни тебе,не те сакам навика си ми,не те сакам те изварав,не те сакам ми се гадиш...Пред оваа врска имав 4 годишна врска,знаеш што ми се случува?НЕМАШ ПОЈМА,НЕ ДА НЕ ЈАДАМ,НЕГО СЕ МРЗАМ ШТО ПОСТОЈАМ,ШТО СУМ СЕ РОДИЛ,ШТО СУМ САКАЛ ОД СРЦЕ,ДУША,што сум сакал ЖИВОТ да дадам за само она да е Среќна со мене,џабе све,џабе све што сакав,кога све пропадна во вода.....Срцево ке ми пукне од тага,очивме немаат солзи веќе...
@Kjara15 пред да влезеш во нова врска размисли колку ќе вложуваш во истата. Претпазливо и размислувај два пати пред да донесеш одлука поврзана со партнерот. Немој уште на старт запознавања со вујни тетки стрини мајки и шајки. Тоа не е репер за ништо. Почекај малку, запознај го прво, а потоа се ќе си оди како што треба. Премногу си емотивна, не се поврзувај толку многу на старт како што беше случајов со бившиов. Што се однесува до него, објаснувањата ништо нема да сменат, може ќе измисли илјадници само за да се оправда. Сум била како тебе, анализите и кукањата воопшто не ми помогнаа туку само ми ја влошија состојбата. Тој продолжи со животот а јас талкав во место и размислував како тебе. Се свестив дека не вреди. Глава горе, ништо страшно ако има друга, биди среќна што си се спасила од еден куп манипулатори. Бришај, блокирај, фрлај се што те потсеќа на него. Поработи малку на самодовербата, гледам дека ја немаш а верувај дека типот не вреди толку многу да се уништуваш себе. На светот постојат толку многу добри машки, отвори очи и дај ја љубовта на некој што навистина ја заслужува, а не на ваков човек чија цел му била да те искористи. Престани да се понижуваш и почнувај да се посветуваш на себе. Не троши скапоцено време за човек кој не те сакал. Извини што сум реална, ама заљубен човек не прави такви работи. Може пак и те сакал но го изгубил интересот за тебе и не знаел како да ти раскине па те откачил на идиотски начин. Вредиш многу повеќе отколку што мислиш.
Па ако е емотивна не мора да значи. Нечесто се случува да искочат со еден и да го споредуваат и да мислат на претходниот. Ако е таква работата, подобро воопшто нека не искача. Многу ми е жал за тоа што го поминуваш , но биди силен и дај му време на времето. Полека со тек на време, ќе се опоравиш , направи си убав живот за сам себе .