Значи има и многу полоши ствари од моево. Можда за некој ова моево нишо не е , знам , ама мислам дека поемотивен и човек шо толку брзо се приврзува од мене нема. Некој да беше немаше на ум да го стави , али ете и јас како тебе немам веќе солзи и ќе ми пукне срцето. Биди силен.
Има, јас. Јас се врзувам брзо за човек. Ама у пм... Никој не вреди повеќе од мене. Кој е бре он да си уништувам живот? Не оти жал ќе го фати. @ЕденЧлен ќе издржиш, зборевме веќе, ќе видиш дека еден ден ќе се смееш ко јас сега што се снеам на моево. Време лечи се.
Подобро да си земе цело потребно време и да го заборави, одошто кога ќе искочи да го тупи мозокот со претходниот. Која е поентата на излегувањето тогаш? Зошто некој/а би сакал/а да искочи со друг човек само за да мисли на минатото? Нема забава во тоа
@ЕденЧлен Ми надојдоа солзи додека те читав и си помислив колку луѓе има на светов што не ценат се што е направено за нив. Безобразни. Ти посакувам брзо опоравување и да си најдеш девојче која што те заслужува Не е кој знае што но еве од мене една мала утеха преточена во порака : You are an ocean but they were only looking for the sea. За @Kjara15 Девојче поскролај малце од позадните страни и во темата за разделби да видиш паровите со какви се не проблеми се соочуваат, па нареден пат кога ќе пишеш во оваа тема за Љубовни проблеми нека ти биде по година дена кога ќе запознаеш некој и вистински ќе имаш проблем. Реално нема што повеќе да ти се каже, затоа што членките те советуваа од пред да се случи нештото (предупредуваа месеци), се до денес. Еве 20 членки ти кажуваат батали го не е вреден ти упорно викаш злато од чоек. Ако е злато како што мислиш јави му се или оди пред неговата куќа со серенади па запроси го. Сите сме биле откачени, навредени, понижени на некој начин во тие години, но не знам за толкава упорност и своеглавост. Со лесно...
Посакувам да ти тропне среќата на врата во најскоро време и да заборавиш на сите лоши моменти коишто си ги доживеал.. тука сум за поддршка секогаш
@ЕденЧлен многу ми е жал што поминуваш низ тоа. Има некои луѓе едноставно такви, денес си им се, утре ништо. Како и да е, не се секирај. Ќе дојдат и твоите 5мин, ќе си ја најдеш и ти твојата среќа или пак таа ќе те најде тебе и тоа кога најмалку ќе очекуваш.
@ЕденЧлен Остани силен, не ти требаат такви безобразни, бездушни и неблагодарни луѓе. Ќе биде подобро.
Биди силен знам дека си скршен ама ќе помине само мора да издржиш. Многу ми е жал тоа што ти се случило, додека читав ми се стежи во градиве и мене ама да знаеш ќе помине и ова иако не е лесно те разбирам. Не се обвинувај.
Не да мислиш постојано и да споредуваш, ама мисли секако ќе ти идат и несвесно некогаш ќе си помислиш: А овај вака прави, а онај онака. И тоа не е само во романтични врски, туку општо.
Многу е лошо ова што ти се случило. Се надевам ќе собериш сила за да продолжиш понатаму. Ќе падниш многу психички. Мораш да застаниш да се стабилизираш и да се помириш. Не завршува животот тука. Ќе си ја пронајдиш среќата на друго место. Секое зло за добро е
Многу ми е жал,времето лечи се колку и да ти изгледа сега тоа невозможно,мислам дека треба да си среќен бидејќи ако таа така постапила дефинитивно не е добар човек,си се спасил верувај ми,за некое време ќе му благодариш на Бога,можеби е смешно ама јас ден денес кога ќе си го видам бившиот или ми кажат нешто за него се крстам и си велам фала ти Боже што ме спаси и тоа го мислам од срце,животот ќе ми беше пекол ама тогаш не мислев така. Ќе си најдеш друга а сега биди силен
Ви благодарам на сите за подршката,за жал ете така ми било пишано.Ви посакувам јас ова што сум го доживеал,преживувам,никој ни 10% да не осети во животот.Нема да трубам како љубовта е гадна и бла бла бла,иако сум преразочаран,утепан,скршен,сепак така требало да биде.Фала ви
@ЕденЧлен случајно те прочитав сега.Иако знаев дел од приказнава претходно сепак не знаев дека било толку лошо.Обиди се да се фокусираш на работата и труди се да ги исполниш твоите цели во животот, а со тек на време сама ќе ти дојде љубовта.Нема потреба да плачеш и тагуваш веќе, било и поминало, фокусирај се на иднината.
Здраво ми треба ваш совет бидејќи сум во огромна збунка... со дечко ми сме во сериозна врска веќе година дена, он е од друг град но ја оддржуваме и супер функционираме се на се за овој период, и многу си одговараме и се надополнуваме. Проблемот е што, денес избувна караница поради недоразбирање во комуникацијата бидејќи како што реков од различни градови и чатавме, и он кога ми се јави за да се реши ситуацијава, за време на телефонскиот разговор паднаа тешки зборови од негова страна и јас скроз се повлеков. Он дојде во мојот град, ем за ситуацијава ем поради испити па треба и да се видиме, но јас после ова чувствувам одбивност, се извинуваше но јас не можам да ја прифатам ситуацијата толку брзо. Што ме советувате да направам? Како вие би постапиле? Со оглед дека долгите врски бараат многу жртвување за да успеат, како вие простувате и ја остварувате истата конекција со партнерот како пред тоа да настане голема кавга?
Искрен разговор и време секако. Не може да е се одма перфектно, но доволно е да се знаат насоките во кои сакате да се движите и дали истите се взаемни. Кога мислам на взаемни, мислам на двете страни да се вложат во тоа да ги поправат истите односи и да се потрудат да ја вратат блискоста. Доколку само едната страна е таа што се труди, а другата ужива во своето дистанцирање, нема да вроди со нешто позитивно и односите може да се заладат уште повеќе. Јас лично, секогаш сум гледал од аспект на дела, а не од аспект што било кажано. Како и за позитивните зборови што сум скептик, така и некој збор ако е кажан во афект ќе можам да преминам преку него ако видам дека делата кажуваат поинаку. Кавгите се, неизоставен дел во една врска, но, секако се лош знак доколку зачестуваат и го продлабочуваат проблемот. Ако им пристапиме со ладна глава, повеќе има шанса да го решиме.