Многу зависи како избила кавгата и што е кажано. Ако се тешки зборови, не може и милион извинувања да ги оправдаат. Ако не можеш да поминеш преку тоа, не се брзај. Јасно стави му до знаење дека ти треба време и простор да процесираш.
Баш поради тоа ми дојде голем шок, бидејќи секогаш имал предонар однос со мене во ниеден момент не сум се чувствувала запоставено, или како да не ме сака напротив навистина многу се труди. Затоа и кога паднаа тешките зборови се шокирав па како одбранбен механизам се повлеков без ништо да кажам, морав на ignore малце за да си ги средам мислите.
Седни и разговарај убаво што ти пречи. Кажи му со тебе да разговара смирено. Запрашај се дали сеуште размислуваш за иднина со него и дали можеш да погледнеш "низ прсти".
Колку и да е лоша караницата, никогаш не сум се дрзнала да го навредам партнерот. Не знам за што станува збор во твојата ситуација, ама штом се уште не можеш да преминеш преку тоа, значи дека ептен претерал дечко ти. Еве и јас сум сега, и сум била порано во уште подолга врска, и точно е дека треба жртва за да успеат, но тоа не вклучува и понижување/потценување на себеси и дозволување на употреба на навредливи зборови. И мене, како и на тебе, дечкото би ми станал одбивен и не знам дали би можела повторно да го гледам на ист начин. Можеби никогаш нема да му се повтори, ама кога еднаш ќе пукне кај некои, нема назад. Ако сметаш дека има било какви шанси да му го простиш ова, и дека навистина вреди да се бориш за него, тогаш во истиот момент кога ќе му простиш би требало и да заборавиш на случката што настанала. Ти посакувам среќа.
Најнормално е во врска да се јави проблем и кавга, ако ти треба време за да размислиш што и како размисли убаво со ладна глава па после донеси одлука.
@xnotyourbabex сега разбрав. Ако имало навреди, тргни се од типот. Од искуство. Сепак размисли со ладна глава.
Не знам каде да го поставувам прашањето бидејќи не се работи за љубовни проблеми. Туку дечко ми е од друга држава и планира да доаѓа да се видиме (прв пат) Али проблемот е со коронава и ризично е за моите родители и се плашам за нив.. Не знам што да направам,па споделете ваше мислење..? Со ова коронава нема да имат крај
Ако доаѓа од друга држава, мислам дека треба негативен тест да има за влез. Или може да се тестира тука кога ќе дојде. После тоа ризик пак ќе има се додека има корона, затоа ќе се пазите максимално. Избегнувајте гужви, групирања, гледање со разни луѓе.
Јас би ти препорачала да си направи тест, нз не пратам мн како е за влез во државава можи и треба да има. Така и ти и тој ќе бидите поопуштени. Сепак за здравје се работи. И максимално ќе избегнувате гужви то е таква е ситуацијата
На сите ни се има случено да западнеме во жестока кавга сепак тоа не поврзува повеќе ни ги учи слабите страни и секако како да се однесуваме со таа личност кога ќе имаме кавга... Доколку ви е прв пат да се така карате сигурно и двајцата не знаете на кого што му смета и како да се реши кавгата... Битно е да нема лутина и доколку се сакате и сте сигурни еден за друг веднаш да се реши кавгата... Нема потреба од лутење или одбивност како што викаш ти доколку си сигурна за него, а ако не си сигурна настанува лутењето, одбивноста па си мислиш така ако се однесува дали ќе можам со него... Знам дека не е убаво навреди и сум против тие работи никако навреди, но како што сама кажа некогаш е потребно да се пожртвуваш, кажи му што не сакаш, што те повредило во кавгата и што те мачи и веднаш ги решавај проблемите.
Ако сакаш да даваш свое мислење за она што го поставив прашањето или нема потреба со негативни коментари.
Што е негативно во прашањето? Убаво си праша, и мене ме зачуди тоа. Или океј, можда постоеле виртуелни врски... А за твоето прашање, ризик секако има во овој период, нека се тестира и тоа е.
Кога веќе бараш совет биди спремна и за критика или повеќе сакаш тапшање по рамо и да го слушнеш она што ти го сакаш?
Јас не прашав за љубовни проблеми или слично. Тоа што прашав го добив одговор од други кое што беше поврзано со прашањето. Благодарам на нив а со вас немам потреба да се расправам. Поздрав
@Kikiccc да почекате уште некој месец? Кога веќе сте издржале толку. Веројатно ќе е порастеретена ситуацијата. Сите сме со некој во контакт, не можи 100% да се оддалечиме. Или ако се видите да седиш дома со маска и настрана од твоите, во своја соба ако имаш услови.