Не знам колку ми е за овде прашањево, се мислев долго време дали да го поставам. Од како знам за себе не сум имала среќа во љубовта, зашто не знам, сите имаме маани , никој не е совршен, прибрана девојка сум, нормална, но еве кога и да почнам да зборам со некое машко на почеток се е супер фино, ме бараат, као заинтересирани се, штом ќе помине некое време мене ме игнорираат, не ме осудувајте за ова но, се мислам да појдам кај некоја врачарка да не ми има сличјано некој нешто направено, затоа што ова веќе не ми е баш нормално или не знам еве, ајде со еден да било така па ок, буквално секој пат кога ќе ми тргне муабет со некој, се одалечуваат од мене и тоа многу тешко ми паѓа, не знам како да си помогнам и до што е ова, ве молам само поштедете ме од навредливи коментари и онака ми е доволно тешко
Тоа е само некомпатибилност. Барем јас така би го објаснила. Се' што треба да биде, ќе биде, без форсирање.
И јас мислам дека е нешто до тоа. Некоја нафрљотина. Или на нешто си згазнала. Со комшиите како стоиш? Можно е они да ти праат нешто. Со среќа.
А колку години имаш? Јас подолго време немав ниту дечко додека сите околу мене веќе почнуваа со првите врски па немаше тоа никаква врска со магии. Нема ниту твоево.
Зошто одма врачарки мешате? Зошто можеби не размислете дека едноставно не биле вистинските мажи, сфаќам дека не е еден или двајца но реално на многу други тоа му се случува, и не е дека не чиниш ти, едноставно не се погодиле. А и зависи во кои години си, знаеш какви се мажите, не си ти проблемот. Знам дека сега се осеќаш тешко но те уверувам дека нема засекогаш така да остане. Млада си сигурно, работи повеќе на самодовербата, не се криви себеси, кога ќе биде вистинскиот за тебе ќе видиш дека нема да те игнорира, ќе биде заинтересиран за тебе. Што ќе ти е маж кој те игнорира и не се труди доволно околу тебе. Без грижи биди, само дај малку време.
Добро вечер...ќе се обидам да бидам кратка. Пред 2 години имав озбилна врска, прекинавме поради х причини, јас сеуште го сакам, но неговите последни зборови беа да го заборавам, од тогаш ниту се допишував со некој дечко, нити сакав дечко. Сакав се со поранешниот но се испонаша многу лошо со мене, не бисакала сега да зборувам за него, само ќе кажам дека многу ме повреди, воедно он беше и најубавиот до сега со кој што сум била, ама однесување ужас, како и да е, почнав да пишувам со еден дечко, ми делува фин добар, убаво се однесува, но не знам дали да му дадам шанса, просечен е, не е убав како прошлиот ама ми се свиѓа однесувањето, се плашам пак да не бидам повредена
Зошто да не дадеш шанса? И гледај по карактер, а не убавина. Убавината е пролазна. Дали ти е битно да бидеш со некој што ќе си среќна и да не биде според твојте "стандарди", или да е некој лепотан, и цело време да си несреќна, да не ти дава од дома да испаѓаш и да те контролира?
Ќе се сложам со членката пред мене дека не е се во убавината, но сметам дека за да градиш врска со некој би требало да ти е и физички и карактерно привлечен. Ако стварно воопшто не те привлекува физички, јас мислам подобро би било да не даваш шанса затоа што понатака шансите да го повредиш се огромни.
Ако воопшто не те привлекува физички, не знам зошто и ќе му даваш шанса. Колку и да звучи грубо ова, треба да ти биде барем малку симпатичен. Да, не е се во убавината ама за да засакаш некого треба и да ти е привлечен.
Не е лош дечково ми се свиѓа ама не е како предходниот, знам дека не се гледа убавина ама ете, кај овој ми се свиѓа однесувањето, поранешниот лажеше дури и за јадење што јаде што не, тек па недај боже за посериозни работи, ама сега ми е некако страф да не бидам пак јас повредена, а можеби ќе ми биде криво ако не му дадам шанса.
Карактерот е перманентен, убавината е варијабилна. Дај му шанса на детето, може има некој ИКС фактор. Претходниот заборави го. Не смееш да дозволиш он да ти биде репер за каков дечко да имаш. Он треба да ти биде репер од каков дечко треба да бегаш. А само да знаеш колку ми е разубавен дечко ми во последно време. На почеток од врската ја бев поубава од него, сега ме надшиша.
Види, не мора веднаш да започнуваш врска. Дај му шанса чим не ти е лош, едноставно малку позабавувајте се, да се опуштиш и да се запознаете подобро. Не е вљубувањето како на филм во 1 секунда, треба време и дела, во најголем дел од случаевите. Кажи му дека не ти се брза и сакаш да се запознаете подобро. И не го споредувај со бившиот, две години поминале, доста го мислиш и жалиш. Замисли како би ти било овој новиов да те споредува со неговата бивша? Лошо е, немој. Не се плаши да му дадеш шанса.
Да не се лажеме и да велиме дека изгледот не е битен. Изгледот е оној кој што прв те привлекува а понашањето и карактерот те задржува. Но разговарај, дај му шанса, има луѓе со прекрасен карактер, харизма и однесување. Во тој момент можеби важноста на изгледот ќе ти се намали, којзнае. Но, не е ни исправно ти цел живот да чекаш дечко што личи на Бред Пит или не знам на кого, и да испуштиш милион шанси. До таа мера немој.