Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не мислам дека треба до толку да се оди врската да заврши поради ова.
    Се ставам на негово место, и не само тоа, и мене нешто слично ми се случило, поради тоа размислувам вака. Сигурна сум дека многу те сака, но луѓе сме, на секому може да му се случи така да прсне.
    Не мора да значи ако се согласил да се скарате дека не му е гајле за твоите проблеми, туку едноставно премногу влијаеш и на него, и тој е несреќен покрај тебе. Сега излегува себично од негова страна, но како што кажав, момент е, луѓе сме, па затоа мислам дека ќе те побара за брзо.
    Ова е мое гледиште на работите, нешто што сум поминала слично, не мора да значи дека е така и кај тебе, но не мора само негативно да се гледа на дечкото, треба да се разбере и неговата психологија.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Хепи, јас искрено мислам дека нешто друго е во прашање, а не дека многу му дошло.Ако те сака не може да те остави зашто ти влијаело на расположение, врската не е само да си заедно кога сте среќни.
    Ако не ти се јави барем за ден-два, биди сигурна дека е нешто скроз друго во прашање и немој ни случајно да се обвинуваш ;)
     
    На karak и happygirl им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Побарав машки совет но сепак после се сетив дали на некоја и се случила слична работа....

    Совет мислење ? !

    Епа вака во врска сме некои 8 месеци тој беше тој што се трудеше целооо време да се фатиме да се видиме ..... Сеуште е така тој многу повеќе вложува НО .... Малку беше љубоморен сакаше да знае кај сум со кого сум излезена да се гледаме да се слушаме повеќе итн..... Пред некое време почнаа и ситни караници околу тоа јас нејќев да функционирам така ама како така одеше еее сега... Од неодамна наеднаш од ведро небо ми вика ќе биде се ти како што сакаш јас ќе се прилагодам на се .... што ми е ептен чудно како така наеднаш ваква промена кога најмногу се каравме поради ова не попушташе сега наеднаш ? ! Можно ли е да му е сеедно ? Иако не го чуствувам далечен и сменет кој знае колку сеуште ама ова ме збуни тотално што би требало ова да значи ?
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Девојки таа приказна дека ако те сака треба да те сака без оглед на се и ќе те прифати со сите твои проблеми не ваља :!:
    Значи да бидам најотворена по мене на дечкото веќе му здосадило да те теши, да те гледа расплакана, онерасположена, да му преспиваш секој ден, да го замараш со твоите проблеми да се изразам така...
    На почетокот пробал да те сфати, да те утеши, да ти помогне некако, ама замисли како е тоа ти секој ден на некого да му бидеш товар и да го труеш со твоите домашни проблеми .. м? ... не е убаво така.
    Затоа проблемите од ваков вид, домашните проблеми, проблемите со друштвото итн.. не треба да ја засегаат една врска, зошто дозволувате тие проблеми да ви влијаат и на љубовниот живот.. барем кога сте со дечкото заборавете на се, опуштете се и посветете му се максимум, а дома плачи ... :doh:
    Би ти препорачала да тргнеш сама од себе, среди се неколку дена и побарај го, ќе му кажеш дека од сега нема да дозволиш да влијаат твоите проблеми врз него и вашата врска, ако ти раскинал само поради тоа ќе ти се врати, но ако е друго нешто во прашање... незнам...
     
    На Queen.S му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    91.903
    Пол:
    Женски
    Хепи и мене ми се сличи истото, ама по неколку дена т.е 2,3 тој ми се јави сега сме пак заедно. Остави неколку дена и јави му се ако него го нема. Зошто да раскинете заради тоа не треба, ние сфативме дека згрешивме и си ја поправивме грешката. Само не требало ти да му спомнуваш ако ти пречи да раскинеме, може така сфатил дека ти сакаш да раскинете.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Искрено, мене ова ми звучи на каење за претходните проблеми и караници, па еден вид на „обид“ да се искупи, или на нешто поголемо, чија цел допрва ќе ја дознаеш, односно став од типот на „Ајде да видиме до каде ќе тераме вака.“ Ништо, кога ќе се видите, ти кажи му дека самата ти не сакаш дечко кој ќе ти „јаде од рака“ и дека не очекуваш од него да ти стане „роб“, туку едноставно некои работи ти пречеле (љубомората, контролата...) и си се надевала дека може да се изменат или решат со компромис. Како и да е, пробај да му укажеш на тоа дека не ти е потребен таков. (секако, доколку НЕ САКАШ да е таков де. ;))

    Сум бил во ваква врска од речиси 2 години, но никогаш (не)расположението на девојката поради домашните фактори не дозволував да влијае на мене. Напротив, давав се’ од себе јас да сум тој кој неа ќе ја насмее (кога имаше особена потреба), а не таа да ми го уништи и мене денот. Да, некогаш ми беше „мачно“ да слушам за проблемите кои не ме засегаа мене, но види, најпосле затоа и сме во врска, да споделуваме секакви моменти со партнерот/партнерката, а не само добри, нели? ;)

    Што знам, остави малку на времето, и искрено, не би ти препорачал ти да си таа која прва би пробала пак да стапите во контакт, зашто ќе испадне како да „потпишуваш“ признание за вина за тоа што се случува меѓу вас, а како што кажа и самата, воопшто не е до тебе, туку во игра е сосема надворешен фактор во една врска.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Венди, јас така му викам на дечко ми кога сто пати ќе повторам нешто, а он ко за инат по негово, така што претпоставувам и со дечко ти е истото.
    Веројатно се изнервирал или навредил, па наместо да го препрашуваш зашто така ти рекол и слично, направи му мерак, јави му се кога ќе излезеш и убаво кажи му со кој ќе бидеш.Не е толку страшно да му кажеш нели.Па ете дури можеш и кога ќе си седната на кафе некаде, јави му се речи нешто демек мора да дојдеме тука заедно кафе да пиеме или нешто слично.Само ова прави го понекогаш, не постојано за да не се навикне многу :D
    Многу добро го разбирам што сакал да ти каже, во превод е прави што сакаш ќе видиме до каде ќе стигнеме.Ама не е страшно :)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ноќен шетачу :) колку луѓе во реалноста ова го прифаќаат, јас сфаќам да сепожали, да побара помош, да помогнам, да утешам колку што можам повеќе, ама зошто јас да го трпам тоа секое гледање? Ни ти не си го истрпил до крај тоа нели? Точно во врската треба се да се споделува, ама јас искрено не би му се жалела за моите домашни проблеми што него нема зошто да го засегаат, би се наоѓал во улога на тешител, би му станало обврска да ме теши и да ми помага секој пат, а за возврат што? сум му го уништила цел ден, и ќе се прашам дали ќе сака да ме види пак... и тука почнуваат проблемите, па ти ме избегнуваш, па ти кога ми е најтешко не си до мене, па ти не ми помагаш, па уцени, и на крај раскин.... чекај стој.... не е обврзан секој пат да те расположува, теши, итн, итн...
    Ако сум со некој го сакам и сакам да ми е убаво со него, не секој ден да му ги слушам домашните проблеми, кога искочил со мене барем треба да заборави на тоа да се расположи малце, ако не подобро нека не искача...
    Суровата реалност :P :tmi:
     
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    23.161
    Пол:
    Женски
    Не препспивав секој ден кај него јас, и никогаш сама не сум се наканила, туку тој ме вика затоа што сака да сме заедно. И не зборам нон стоп за моите проблеми, некогаш не сум ни споменувала ама тој ќе примети дека нешто не е ок, и сам ќе ми рече да збориме за тоа ако ми е полесно така. Не сум плачела пред него ко мало дете. Ама годинаипол бевме заедно, како да не споделуваме и добро и лошо? Прееска ми се јави,демек некој му титнал со скриен и помислил да не сум јас. И онака ме праша што правам, зошто не учам (утре полагам), и такви работи. Ми рече ќе ми се јави после оти правел муабет со татко му па прекинал да ми се јави. Ама ете уште го нема. Не знам што да мислам. Само тешко ми е.
     
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Што знам, тогаш мојата реалност е различна од твојата и од таа на многу луѓе :). Ако мене партнерката не може да ми се „истури“, да каже се’ што и’ тежи на душа, да си олесне, тогаш кому? Добро, има и најдобри другар(к)и, но верувам дека твојов став исто би гласел и за нив.
    Сепак, го истрпив тоа до крај де, причината за нашето „небидување“ беше и е сосема друга. :)
    Ете, мене ми е задоволство да сум причина за насмевка на девојката што ми е партнерка, особено кога знам дека и’ сум еден од ретките „светли моменти“ во денот/периодот. Ме исполнува тоа, и прави да сакам да ја развеселувам уште повеќе. :$
     
    На easyyyyy, mims-89 и happygirl им се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    23.161
    Пол:
    Женски
    Toкму така беше и кај нас. Тој секогаш се трудеше да ме развесели и да измами барем една насмевка на моето лице. И секогаш ми велеше, ако не ми кажеш мене, кому ќе кажеш?
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Се согласувам, ама ако тоа е во границите на нормалата, ај месец дена, два, три месеци.. да трпиш тоа ај, ама се што е премногу не чини...
    Јас така гледам на тоа, и не би го носела проблемите во врската затоа што сакам да е тоа само меѓу нас двајца ;)
    Хепи те советував, среди се малку самата дај си простор и побарај го, пробај да си средиш се со него :)
    Ти посакувам среќа :)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Nightwalker ми ги прочита мислите а фемина изгледа на дечко ми :lol: најсеризно баш е вака фала ви на советите и на двајцата ќе пробам па да видиме што ќе биде :hai:
     
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    23.161
    Пол:
    Женски
    Се слушнавме пред малку, требаше да се договориме утре кое време да му дадам еден негов дуксер што е кај мене. Ама ми рече дека не можел само заради тоа да доаѓа, друг пат да му го дадам, ако не пак, и не морало да му го враќам. Имало побитни работи од еден обичен дуксер. И кажа дека сакал многу работи да се случат ама не излегле така. И толку.
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    91.903
    Пол:
    Женски
    Епа Хепи јас мислам дека дечко ти само барал изговор за раскинување т.е твојот предлог му бил добредојден. Се надевам дека грешам , но...
     
  16. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Хепи, мислам дека вие и двајцата не знаете на што сте. Ни ти, ни тој. Затоа мислам дека треба да се сретнете и отворено да разговарате. Ако тој не се јави, јави се ти, и направете отворен муабет. Ама овојпат немој ни да ги спомнуваш проблемите, туку главна тема на разговор бидете вие двајца.

    И јас порано имав еден тип што имаше проблеми. На секое јавување на телефон ми раскажуваше и ме полнеше со негативна енергија, а невечер кога ќе се видиме, пак истото. Бевме заедно година ипол, а шест месеци трпев таква ситуација. После полека сфатив дека кога звони, не ми се дига слушалка. Или не ми се одеше кај него, си викам подобро со другарки на кафе да се изнасмеам отколку да го слушам. Се си има граница.
    Точно е дека двајца кои се сакаат, треба да се поддржуваат и треба да се потпираат еден на друг. Но денес светот дојде вака: Повеќе се сакам себеси отколку тебе. Тоа е секогаш. Затоа, разговарајте и памет во глава, без патетики, кажи дека сакаш да продолжите. Ако не сака, тогаш нешто друго било во прашање, чекал повод.
    А ако се смирите, кога си со него заборави на проблемите. Уживај и ти.
    Како и да е, мора муабет да направите.
    Се најубаво.
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    23.161
    Пол:
    Женски
    Ми се јави синоќа тој и направивме еден долг и смирен муабет. Денес после полагање се видовме, на негово инсистирање. Ми рече дека не сака да ме остави сама кога ми е најтешко, дека премногу ме сака за да дозволи да ме изгуби на тој начин. Е сега на мене е редот да се потрудам малку, и да не дозволам проблемите од дома што немаат никаква врска со нас двајцата, да влијаат на нашата врска. Се смиривме и така. Ви благодарам на сите за советите. :*
     
    На lolyta777, decko, Nightwalker и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Баш ми е мило, ете гледаш тој се потруди да остане со тебе и покрај твоите проблеми, е сега немој да дозволиш повторно да бидеш онерасположена кога си со него да треба да те теши, да те развеселува, кога си со него уживај и пробај барем тогаш да заборавиш на проблемите, така и на двајцата ќе ви биде многу подобро, прблемите остави ги за дома ;) Ова е совет од мене - најдобронамерен :*
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Хепи мило ми е што сте се смириле. Знаев дека ќе те побара :) Сега како што рече, потруди се и ти малку повеќе, да не си ја расипете врската :*
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Супер, продолжете со љубов, доверба и меѓусебно разбирање напред!!!

    А ние што ти помогнавме топ сме, кис4е. :* :D
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.