Не е глупаво. Ако навистина имаш 26 години, ќе прашаш директно, Зошто сакаш да се гледаме, што очекуваш? Толку е едноставно.
Не постои лесна-тешка девојка. Тоа само у твојата глава го има. Ај ако не да речеме дека има лесно машко оти секоја втора ја бара за секс.
Се наоѓаш навредена дека си женско напротив!!не ми беше тоа поентата јас само сакав да и укажам дека може на крај да биде повредена со таков човек ...а поделба помеѓу полови гледам дека ти правиш ...има и од двата пола лесни и тоа многу кога ќе вее ветар треба камења во џеб да си носат да не ги одведе ((;
А шо треба да прај? Оро да игра? Се седнува на кафе, за да се прај муабет, некаде каде што е тивко и пријатно... да се запознаете подобро, да размените мислења и ставови, желби и планови. За секс му е само. Ако ти сакаш сериозна врска, ич не се мачи со овој. А ако ти го прај меракот и сакаш да го плесниш еднаш-два пати-20 пати, плесни го.
Нема лесни/тешки девојки и дечковци. Постојат само луѓе кои сакаат да бидат во сериозна врска и луѓе кои не можат да бидат во сериозна врска, ги гуши, сакаат забава и авантури без обврски.
Кој е тој/таа што сака обврски и сериозни врски каква и да е ќе ти здосади ќе сакаш друга .Ама тоа е едно а ова за што правиме муабет е друго.Дека постојат луѓе што полесно можеш да ги манипулираш постојат и јас си стојам на тој став Тинче мачее
Дека постојат, дефинитивно постојат такви. Ти сериозно немаш во близина запознаето пар што е во сериозна врска без изневерување? За ова можам да кажам дека се сложувам на некој начин. Да речеме дека не е тоа манипулирање туку некогаш свесно (скоро секогаш) на личноста што ја сакаме и попуштаме со надеж дека ќе се смени, а реалноста е дека нема.
Еве, јас секогаш сум за сериозна врска доколку ми тргне со дечко. Ако не си одговараме уште од старт сечам.
Ако не си одговараат зарем до брак ќе стигнат? И да, ако отпосле нешто не чини, ако бракот е измачување, нормално дека ќе ставам крај.
Проблемот на девојката не е за брак туку затоа што сакала врска, не знаела на што е со дечково, а тој очигледно е дека сакал само секс. На крај некој ќе биде повреден а тоа е она зошто сака врска а тој очигледно не е тип за сериозна врска како што сфатив по пишувањето. Ако не ми одговара типот во врска зошто да стигне до брак, м? Се знае дека треба да се постават граници, до кај што е дозволено да се оди, ако партнерот ќе ги премине границите е лошо. Лично јас сум ептен толерантна личност, ако сметам дека одреден проблем може да се реши со разговор ќе разговарам, ако има решение ќе го најдеме за да одговара на двајцата. Е сега, доколку ја премине границата, сечам. Не сум должна да трпам и да се измачувам.
А што о брак ако си мора да трпеш оти немаш назад, самите во глава си ставате некои смешни граници, зошто да не сече лесно, што ке кажат комшиите?
Ајде вака да предпоставиме си во брак се е во ред се ама баш се .Никогаш нема да погледнеш друг нема да мрднеш од канџите на бракот што ќе правиш ако ти постане монотоно ??Не зборувам да бидеш до степен да му навиваш рогови на партнерот ама сепак јас не би се осеќал убаво ако ми се ускрати слободата до степен на монотонија
Не би ми било гајле ама ич за комшиите ама према мене нее баш сеедно да растуриш брак посебно со деца ако си ....јас секогаш сум поборник бракот да опстане ....подобро да најдеш некаков издувен вентил привремено отколку да уништиш брак.Зошто сепак штом сме стапиле во брак секако сме сакале некого доволно нели
Дечки ми треба мислење, таман ако на некој му е досадно да го занимавам Еден дечко, познаник ми е веќе 10 години и уште одамна ми има пишувано (на неколку пати во различни години) ама никогаш не сум покажала интерес бидејќи не бев сингл, а реално ми беше баш симпатичен. Пред некој месец кога ми пиша, ептен го погоди моментот, ми се праеше лабав муабет и топ. Некако муабетот спонтано си одеше, испадна да збориме цел месец секој ден, ама никогаш за премногу лични работи и не по цел ден ко тинејџери на неколку пати спомна он дружба, кафе ама за жал не бев во можност (самохрана мајка сум со мало дете) + корона, некако испадна лош тајминг. Бев свесна дека муабетот може да замре а премногу почна да ме заинтригирува. Покажав интерес сепак, ама ете муабетот стварно замре. Бев скроз океј со тоа, реално не сум во потрага по партнер иако дечково скроз би го дејтала во нормални услови. Почнав многу да го мислам откако го видов случајно од кола во возење и му пишав дека го видов, ама муабетот не течеше така глатко како претходно, дури не ми личеше заинтересиран и се разочарав затоа што периодов ќе бидам порастеретена и би можела да испијам барем кафе со него. После една недела го видов пак и тоа апла до колата ми помина ама он пак не ме виде и јас не направив ништо околу тоа, ама два пати за 10 дена што го видов направи повеќе да мислам на се ова. Е сега, мене страшно многу ме копка што ли нему му се мота низ глава? Чисто ме интересираат мислења да чујам
Значи сакаш да мрдаш настрана од бракот, ама не си за равод м ? Браво, какво размислување. Епа тогаш дека деца во брак, стрпи се во таа "монотонија" , оти пак знаеш не треба да се растура и не треба да мрдаш ти наоколу оти нели во брак не се стапува туку така.
Ок нее работата да глумиме светци....знаам и свесен сум дека ќе напаѓате на тоа поле ама неси во право само во ред нека ти биде ....само едно ти немаш разграничено што е обичен човек и што е светец аман не ми се прави толку поштена ти се молам .За да глумиме до тој степен сите знаеме