Имаш две варијанти. Да го направиш првиот чекор, со тоа што ќе играш руски рулет. Може да наидеш на исто мислење или целосно оддалечување во смисла тој да нема чувства. Втора варијанта е да оставиш на настаните сами да течат. Времето поминато со некого, не гарантира обострани исти чувства. Подобро почни ја темата, со цел да знаеш на што си.
Секако дека има надеж, зошто не би имало со оглед на тоа дека постојано сте во контак, можеби и тој има чувства, но не сака да ти признае. На машките повеќе им одговара врска без обврска па можеби и за тоа не го прави првиот чекор, му одговара и вака, секако те има покрај себе.
На почетокот во првиот месец избрзав го прашав ми рече сеуште незнам сега за сега, но пребрзо го прашав не се имавме добро запознаенп, имавме само 3 средби.
Значи всушност ти цело време си имала чувства и си сакала врска? Само полошо за себе си направила. Маж кој сака да биде со една жена, ќе го направи тоа, верувај ми. Со оглед дека поминала една година, се сомневам за позитивен исход. Сметам дека треба да кажеш, затоа што може само залудно да си го трошиш времето, чувствата да се интензивираат, за на крај ти да изгубиш. Отворено кажи си, барем нема да бидеш во прашалници, што било, кога би било.
Не би да те разочарам мила , ама мислам дека нема надеж. И ја си ја лупав главата од камионџијата мислев дека само ради тоа шо постојано ми ѕвони , ми се јавува на камера и нон стоп пишуваме ќе прерасне во врска. Дури и тој сам почна да ме носи кај него , на вечери со неговите , имав надеж дека ќе израсне у врска али исчезна наеднаш како да не сум постоела. Така што мислам подобро со време да разговараш на шо сте , зашо на крај ќе искочиш ти повредената. Ако сакал нешо до сега ќе биднело.
Јас мислам дека има. Најдобра другарка имаше слична ситуација со исто секс бади, они дури и повеќе време се гледаа, па voilá, на свадбица сум у јули Сум слушала и за други случаеви. Крај краева, сама ќе си процениш по однесувањето. Чим пишува значи е заинтересиран, чим е заинтересиран имаш добри шанси за добра, поинаква завршница Играј само полека и тактички, нема бегање од тоа шо требало да биде. Гуд лак
Доколку преземеш ризик, во кој е можно да го изгубиш како пријател, кажи му. Мислеш дека и тој има некои чувства спрема тебе? Мислам дека до сега би требало да покаже, на било каков начин. Една година е долг период.
Сум била во слична ситуација само пократко траеше. Мислев дека е заљубен во мене и дека имаме шанси за врска, и среќа што не му ги признав емоциите пошо за многу брзо време си фати девојка и уште се заедно . Ризикувај ако мислиш дека имаш шанса. Со среќа.
Зависи во каков емотивен однос сте биле до сега. Ако го имаш приметено некогаш да покаже мал знак на љубомора, да се грижи за тебе, да се интересира за ствари поврзани со тебе - не е воопшто чудно да се роди љубов од ситуацијава. Ако пак, комуникацијата до сега ви се сведувала само на договарање ,,дејтови" и прераскажување на истите - врска нема да бидне.
Кажи му што сакаш, без разлика кој ќе биде исходот. Ако не сака, прекини, оти ти ќе завлегуваш подлабоко, а тој ќе си го лади.
Дааа, премногу е љубоморен, прашува кај одам, со кого одам, па зошто не сум му вратила на пораката претходната вечер, дали сум била со друг. Инску ние секој ден пишуваме, се случува 7-8 дена да не се видиме а тој ми пишува секој ден, значи не комуницираме само за договарање средби туку имаме постојана комуникација. После средба секогаш тој пишува одма само што ќе си одиме, ама тежок карактер е за нежности и такви ствари.. Имаше случај сношти ме застана полиција, и ми вика ако имаше проблем и ако не ми се јавеше ќе ти се љутев, зашто добар дел од другарите му се вработени таму и демек да ми завршел работа ако имам проблем. Инаку излегуваме и во јавност во последно време но не често, што не беше случај првите 7-8 месеци
Нема право да биде љубоморен и да ти го знае секој чекор. Не сте ни во врска за да биде толку заинтересиран. Нека расчисти дечково со себе првен што сака.
Кога имаш многу red flags уште пред дејтинг фаза, зошто би сакала да имаш врска со човек каде што ќе бидеш контролирана? Љубоморен од сега? На што? Воздухот што го дишеш?
Podaleku od vakov devojko. Ochigledno saka se da kontrolira plus, ljubomorata ne znachi ljubov! Ponatamu vo se ke te ogranichuva, nema da smeesh da imash drugari, kaj si, so koj si, zoshto si zakasnila i sl. Toksichna lichnost. Najiskren sovet: begaj podaleku od ovoj!
Зошто си со него ? Мислиш ли дека е сето ова љубов? Океј..може сега така ти изгледа, но понатаму во животот доаѓаат многу поголеми искушенија каде за да опстои една врска или брак нема да биде доволна само љубовта, туку и довербата и карактерот. Секој од нас има љубомора, но се разбира таа треба да биде мала во умерени количина и да биде основана. Млада си, зошто толку испрашувања не ми е јасно!? И зошто му даваш отчет на се ? Ај ти прави му така некое време па да видиш како ќе збесне. Мој совет е да се оддалечиш постепено од него, затоа што љубомората е болест за која нема лек, а ќе има главоболки. Тука љубов не барај, туку постепено ропство..
Ами по ова што го пишуваш, теоретски вие веќе сте во врска само што уште се немате договорено. "Возам кола ама не е регистрирана"
Добар ден поранешниот дечко со кој бев во врска ме имаше блокирано на фб и така една година, се до вчера кога ме додал и имаше слики со некоја девојка, не ми е јасно, што треба да му значи ова на господинов? мислам по сликите дека му е девојка, но што бара после толку време да ме додава?? Имал ли некој слична ситуација