Не се замарај, не се оптеретувај да му ја мислиш што би можело да значи. Ако веќе си го надминала и си продужила даље со животот гајле ти која му е целта. Не дозволувај некој да си игра играчки со тебе како ќе му текне. А ако уште не си го заборавила незнам шо да ти мислам... Инаку дечкото или сака да те направи љубоморна/или да те повреди, или пак пробал ваму таму, не му успеало па сеа му текнало да се враќа да пие вода на стариот бунар... Друга логика не гледам...
Има причина што е бивш нели? Нема потреба да се интересираш за него или па уште помалку за неговата сегашна девојка. Залудно трошење на време и нерви. Гледај си тебе да ти е убаво, тој може да крши глава. Ова неговото е да ти покажам дека имам друга, тебе да ти е криво. Јас би рекла ако овој си беше задоволен од себе и својот живот, немаше да се замарат ни со тебе ни со никој друг за да покаже колку "убаво" му е.
Нека не те интересира за него Ако имал потреба ке ти пишел. Имав таков случај кога бившиот ми пиша после 3-4месеци (но никаде ме немаше блокирано) Лом го направив. Ито како да не го познавам И ти понашај се така исто како да не постои...
Здраво!! Решив да си ја олеснам душата и да ми дадете совет. Се се случи со постепено карање и расправање за банални работи до вечерта кога требаше да му пуштам слика но бев 3 смена на работа и немав време, кога сабајлето кога завршив да му пуштам слика јас гледам дека од секаде ме имаше блокирано и испратена порака на тел: Не ми се обраќај повеќе. А истата вечер пред да одам на работа 1 ипол саат зборувавме на камера. Поминаа 3 дена а јас ништо му немам пишано нити му се имам јавено. Ваш совет ве молам? Како да се изборам за да го вратам?
Не се понижувај, нема што да се правдаш и праќаш слики на човек кој очигледно е дека е љубоморен и не ти верува па ајде ќе документираме со селфиња.
Зарем блок дека не си му пратила слика? До толку бил љубоморен па требало слики да му праќаш, цццц. Зошто да го вратиш и да се бориш за човек кои за банална причина те блокирал?
Не е работата за неверување туку секоја вечер му праќав слики а и тој на мене но вечерта неможев. А за доверба имаше во мене а и јас во него.
Нели те блокнал, како ќе го оставиш на seen? Барал само банална причина, за да те блокне. Плус, ми изгледа дека дечкото сака да те контролира. Сакаш да бидеш под негова контрола?
А зошто да се бориш да го вратиш ако тој толку лесно и за толку банални работа те блокирал секаде каде што стигнал? Ајде нека тера, и со среќа нека му е.
Искрено го сакам и сакам да се изборам но не сум уште свесна и незнам дали вреди? Јас сум личност што покасно донесува одлука.
Зошто ондак се налутил што му немаш пратено слика? Ваљда немал доволно доверба. Не си можела и тоа е тоа, немал причина да драматизира и да блокира. Не вреди.
На телефон ми имаше испратено порака а не на социјални мрежи. Несакам да бидам под негова контрола но искрено го сакам.
Понекогаш треба да го слушаш разумот, а не срцето. Ако уште сега те контролира, размисли за во иднина. Гледаш иднина со човекот? Кај што ќе ти бара слики кога ќе одиш и до продавница? Ако веќе има изгубено доверба, многу тешко е да ја вратиш.