Абе го сакаш, батали љубов кога нема воопшто добро понашање. Те блокирал зошто слика му немаш пратено. Ко мало дете некое. Ајде бе, он треба да те моли да му простиш, не ти нему. Ама добро, понижи му се, утре за нешто друго ќе се лути.
Ај запрашај се за кого ќе се бориш? За некој што не вреди ни пет пари, за некој кој нема доверба во тебе, за некој кој не знае како да се однесува и бетер од бебе драматизира, за некој кој сака само да те контролира. Епа драга овде од негова страна нема ни Љ од љубов. Верувај ти направил голема услуга што те блокирал. Затоа ако му текне да се предомисли и да те моли, не му простувај, не заслужува втора шанса. А не па ти да се понижуваш и да сакаш да го вратиш. Биди среќна што е крај.
@AgentGinger @Stephen Amell @bicycle @cresa-jagoda Ви благодарам девојќи за советите. За се сте во право. И самите можете да замислите дека не ми е сеедно во моментов. Во овие 3 дена имам ослабено 6 кила. Солзи немам веќе во очите.
И самата знаеш дека не вреди за таков да плачеш. Се ќе помине, само биди силна. Ти направил услуга што те блокнал.
Сега набрзина ти ги разгледав мислењата на форумов. Ама нешто не ми штима. Прво помислив дека си во врска и со дечкото сте се обидувале да имате бебе. И ќе ти речев биди му на Господ благодарна што немаш дете со овој несозреан и љубоморен дечко. Ќе дојде време да станеш мајка кога ќе го запознаеш вистинскиот. Ама после прочитав мислење во кое пишуваш сопругот. Така да сега не знам во што да верувам
Еве воопшто не разбирам која е потребата од понижување и молење. Сиктер таму, ќе го молам некој што ми се налутил и блокнал затоа што му немам слика пратено. Се прашувам како би постапил за некоја поголема работа. Знам дека можеби не си очекувала таква реакција, но размисли дали вреди да се нервираш? Вреди ли да се објаснуваш? Вреди ли да правиш се за него само за да го вратиш а тој чекал само твоја грешка за да се налути? Стави се себе си на прво место и тоа што ти го сакаш а не тој. Не си направила ништо лошо, си била трета смена на работа, си немала време да пратиш слика и тој се налутил. Што е до мене, тебе треба да ти биде чиста совеста, не си постапила лошо, не одиш на работа да се сликаш таму и селфиња да праќаш туку да си ја тераш работата. Ова гледај го како вид лекција и услуга, ти покажал каков е навистина. Не можам да замислам каков ќе биде за некоја поголема посериозна работа.
Претходно во континуитет сте имале расправии како што пиша, така што причината што те блокорал не е сликата што не си му ја испратила. Едноставно, не сакајќи да се соочи со проблемот и се одлучува за "побезболниот пат" да раскине - те блокира и го снемува. Одбегнување на проблемите и разговорите во врска се знак на незрелост. Можевте да се објасните и да дојдете до заклучок дека не можете повеќе заедно.
Вака сега ќе ви објаснам. Да сопруг го викав иако не сме ни регистрирани. Се обидувавме за бебе доста време дури и по болници одевме и баш заради тоа ми е најмногу криво и неможам никако да се помирам. Последната караница беше што мајкаму ми рече: Ти неможеш да ми родиш внуче. 6 ипол години сме заедно и за банална работа ме блокира. А секаде го претставував како сопруг а не како дечко
Тој не треба да дозволи мајка му воопшто такво нешто да ти каже, во тоа сте вие двајцата и не треба да се меша никој од страна на таа тема. А за проблемот што си го напишала, ако ова не се случува прв пат значи тој е премногу посесивен и дефинитивно не ти треба таков ,,сопруг”, а ако се случува прв пат барал причина за да те блокне за да ја прикрие вистинската причина за тоа.
Требало да и ја затвориш устата со зборовите: ,,Стварно? Јас сама да ти направам внуче за жал не можам, син ти не е способен маж за да стане татко, оди прашај го ако не ми веруваш!" А на тој твој сопруг што го нарекуваш, требало на само да му скрескаш, да си ја прибере мајка му, да не и текне уште еднаш во интима да ви се меша, па уште и тебе да те окривува. Ама сега верувај дека треба да продолжиш со животот, без ниедна солза за него. Не те заслужува. Ќе најдеш друг, дури тогаш ќе осетиш што е вистинска љубов и ќе бидеш мајка, без грижа
Тој нормално дека застана на нејзина страна но мојот одговор и беше дека твојот син неможе да направи дете а не јас да родам(бидејќи кај него е проблемот а не кај мене).
Требало ти да му ги удриш клоците, а не сега да мислиш таков да го вратиш. Немој, ти направил услуга што те блокнал.
И ти после сето тоа што ај што ти се лути за глупост па и застанува на нејзина страна ќе се бориш за некој што не вреди да одвоиш ниту секунди од твоето време а не пак 6 години???? Премногу црвени знамиња. Биди среќна што завршило, токсична врска не ти треба ниту иднина т.е брак со таков човек.
Пишав веќе мила. И одговорив со зборовите: Твојот син неможе да направи а не јас дека неможам да ти родам. Продолжувам напред со крената глава иако ми е многу тежок овој период(поголема одговорност на работно место, плус и ова ми фалеше сега). Но времето се ќе си покаже. Ме заслужува некој што навистина ќе ме цени повеќе од тој.
Мислев дека само јас имам работа со мамини мази, се додека не ја прочитав членката погоре. @Tinka1234 Жално за годините поминати, а уште пожално е што во чест на тие години и сиот твој напор, партнерот не застана за момент на твоја страна. Сум била во слична ситуација и можам само да ти кажам дека оваа борба е изгубена. Тука мајките победуваат, затоа што тој што сака ќе застане во одбрана на својата друга половина без разлика на се. Дури и кога не е во право, а да не зборам за вакви чувствителни теми. Остави го за да најдеш подобар. Чувај се.
Devojche, usluga ti napravil. Ochigledno e bolno ljubomoren i saka da te kontrolira. Koga ke te bara, ne kontaktiraj. Ne vredi vakov rip. Ponatamu nema da smeeeh na kage da odish so drugarki. Ako zakasnish od rabota, odma drami i sl. Girl, just run. Toa e mojot najdobronameren sovet.