Честитки. И гледај помалце разговарај за домашните проблеми со него. Сигурен сум дека со тек на време тој сам ќе ти речи да разговараш со него за тие работи, ПАК.
Ќе почнам караница и ќе стане поинтересно се шегувам. Го терам да правиме поразлични работи од тоа до сега. Земам книги за мене и него , ги читаме, ги менуваме и потоа разговараме за тоа. Го пуштам некој ден да се излуфтира со другари, а јас со другарки и потоа следи ко, што, зошто...
Хмм...па и ние се договоривме така малце да си дадеме простор.Нема да се видиме и 3 дена за Велигден,али мислев нешто друго.Некоја друга препорака
Па сменете го местото кај што најчесто се видувате...идете на вечера, излезете, прошетајте, идете во кино и ред други места да не набројувам...или пак ако седите дома направете си романтика свеќи и купи убава долна облек некоја секси ( изненади го ) и еден добар секс различен( сменете поза ) ќе ја убие монотонијата..
ке направиш промена начин на живот, излегување дружење мислам треба да направите ни еден дел од денот да не ви биде монотоно ниту пак досадно. Во љубовта зборот досада треба да не постој
сакам да си го вратам тој што го сакам .. кажете ми начин за како да го вратам фала однапред девојкии
А прво да разјасниш зошто си го изгубила, па сега сакаш да го вратиш ? Не читаме ние мисли преку жица, така да не можеме да ти помогнеме доколку не го објасниш поопширно твојот проблем
епа вака јас идев со него едно еден месец малце али доволно ми беше за да го засакам .. веќе 1 год како го сакам ... незнам како да го вратам јас и он се скаравме ... за глупости зашо сум отишла со мојата другарака и нејзин дечко и негов другар .. до надвор од дискотеката мислеше дека сум го варала .. али пред да се случи тоа .. он мене не ми звонеше 3 дена мн ми е тешко сеа не праам моабет со него .. и барам совет од сите како да се смирам со него зашто све би дала да е тука мн го сакамм .. прашањето ми е што да направам за да он пак е со мене ???
Не можеш да го присилиш да биде со тебе. Доколку тој не ти обрнува внимание, а зошто пак ти за него се да правиш? Сигурно од толку распрашувања за совети твои, он чул некои. Да му било грижа ќе ти се обрател.
Ако и тој чувствувал нешто за тебе биди сигурна дека не би дозволил за таква мала ситница да се разделите... Како што кажа сама и 3 дена пред тоа не те барал. Мислам дека не вреди толку да трчаш по него. Остави го некое време не се распрашувај, не му ги кревај акциите можеби сам ке се сврти кон тебе. А ако не биде ништо тоа значи дека ништо и не си му значела, па ке те советувам да си бараш друг. Тоа е животот продолжува, па можеби и друг ке си сакаш
Само ме интересира тука на кој мислиш ??? На тој што го сакаш дури цела година а не ти обрнува внимание???
Феминки ајде да и помогнете на збунетата анушка... Дечкото со кој се мував 2-3 месеци и ептен го засакав (иако никогаш не му признав но и тој потајно знаеше) се муваше до пред еден месец со друга... мене тоа ептен ме болеше и морав да направам нешто ... се раскарав со неа на фејсбук и ја блокирав ... знам дека немам право да се лутам затоа што тој не ми беше дечко, немавме ништо озбилно... Се затворив во мене и не излегував од дома 2 месеци... минатата недела у кафич го видов седеше наспроти мене... се поздрави со мене и потоа цело време ме гледаше... дури и другарките мои го забележаа тоа... Помина една година од кога се мувавме а јас се уште не можам да го заборавам... Да напоменам и дека тој одамна не бил во врска.. едноствно од последната врска бил многу повреден... Ве молам за помош...
Срце,немој со лажни надежи,ме гледаше,сигурно има нешто...Машките се такви,кога ќе им се присака,ете тогаш. Не си морала да спаѓаш на ниво да се караш со таа,за машко,бидејќи ако сакал тој,со тебе ќе се мувал,ама ете типот сакал со неа,со неа и се мувал. Немој пак да се затвораш ако дојде до одбивање од негова страна,едноставно не му придавај толкаво значење... За мување,ако те праша,океј смувај се,но немој да се залетуваш одма за врска или слично. А во меѓувреме барај и некој поозбилен ... Да преминам на главното,контролирај ги чувствата,сепак не е единствен.
Феминки,решив пак да ви се обратам за ваш совет...неколку го знаат мојот проблем ама имам неколку сомнежи во себе... Во мојата тема кај што пишав за тој што го сакам дека му признав што чуствувам за него дојде до конфликт во кој тој ми рече дека додека сме се мувале јас сум му била забава и дека не сум била негов тип.Тоа го прифатив некако и си ветив себеси дека нема да го барам никогаш прва,и така и правам.Таа вечер му реков дека повеке нема да слушне за мене и дека ке го оставам на мира. Следниот ден ме бараше секаде,на фејсбук,на мобилен на мсн.Но јас си останав на своето и на крај решив да му попуштам,го побарав и го прашав која било причината(зошто и да тера, инает не добивам ништо) да ме бара кога си имам свое решение.На тоа добив одговор дека не сакал да ме загуби...ок, му реков дека ке бидеме другари но дека нема да бидам истата со него. Од тогаш тој е постојано внимателен кон мене,постојано ми зборува и прави да се чуствувам подобро но јас не пагам пак на тие финти. Кога пак имав мислење дека не му значам се случи нешто неочекувано...јас бев во болница неколку дена,без тој да знае,тој се загрижил многу (мобилниот му беше расипан)и ме бараше кај сите заеднички пријатели и барал начин како да ме добие за да знае каде сум.Кога се вратив од болница пред некој ден имаше што да видамбев преплавена на фб со пораки од него,а и другарка заедничка ми кажа дека се загрижил, му одговорив на пораките и ме советуваше како да се хранам и што да правам,бидејки е личност која знае од речиси сите науки. Се прашувам како да се однесувам со него...играта топло ладно сум ја играла но тоа според мене се детски лигави игрички..Сакам да пробам да го вратам,за да си ја пробам сторената грешка кога го одбив за врска тогаш кога се мувавме бидејки не бев многу сигурна во неговите намери. Утрово кога се разбудив и му бев на профил на фб видов дека се ставил во комплицирно кога се работи за љубовниот живот.Ме фати паника да не иам друга иако ме уверуваат дека нема.И да ми е другар ке ми е доволно но овие чуства не можам да ги потиснам
manutdwomen се гледа дека чувствуваш нешто кон дечкото. Зошто тој страв од неуспех? Секогаш постои можност работите да не излезат добро, но тоа не значи дека не треба да пробаш со некого доколку ти се допаѓа. Се согласувам за играта топло-ладно, отсекогаш ми била глупава. Добив впечаток дека имаш шанса со дечкото, а сакаш да ја искористиш, па не гледам причина зошто не. Ако не успее врската, ќе мислиш подоцна на тоа. Сега си ја расипуваш можноста со тоа "што ако". Види, пробај, уживај. Можеби не ќе испадне на добро, но можеби ќе биде супер
Фала на советот,проблемот е тоа што му признав нему дека го сакам,а тој ми вели не си мој тип а подоцна кога гледа дека не му обракам внимание ме бара,или кога ме нема прашува за мене,нормално дека ке бидам збунета нели? Се плашам од неуспех,за да не се смени нешто мегу нас...за да не го загубам,доволно ми е да го имам засега како другар ама до кога ке издржам и да не пукнам не знам...Сакам да му дадам до знаење дека ако пробаме а не успееме нема да се смени ништо,да знае дека премногу го сакам иако веке знае,ама со неговото однесување се ми е пречка...Да знам дека нема друга ке го вратам пак назад,ама немам начин како да дознаам.Да го прашам,не доага во предвид зошто еднаш се погазив а веке не планирам.
manutdwomen тоа што ти рекол дека си му била само за забава и дека не си негов тип,искрено мене лично би ме изиритирало...со тоа всушност ја повредува твојата суета и гордост,т.е. те понижува...лично мене тоа би ми било цврста причина за да не продолжам или да се надевам на нешто повеке со него но,кај тебе е друга ситуација...си го прекршила сопствениот збор дека нема да го бараш прва и со тоа само му даваш доказ дека има шанси да манипулира со тебе...и тој го прави тоа....не знам поради која причина,но не сигурно поради тоа што сега си станала негов тип ти обрнува толку внимание... мој совет е да го откачиш така ненадејно,да види како е кога некој ке му рече дека не е негов тип сепак ти најдобро си знаеш дали ке дозволиш некој да те навредува и потоа да се извлечи со посветување внимание..или ке имаш малку гордост и свое јас и ке сфатиш дека тој е далеку од "вистинскиот" pozz
Јас сум против потиснување на чувствата. Не мора директно да му кажеш, но на некој начин дај му до знаење, па и директно да го прашаш дали има друга - не гледам лошо во тоа. Сега си ни горе ни долу, на чисто си со себеси, но не со него. Откако ќе расчистиш, што и да ти рече, барем расчистено ќе е и нема да гаиш лажни надежи, туку ќе можеш да почнеш да го забораваш и ќе се ослободиш за друг. Вака ем си врзана за него, ем ништо не се случува меѓу вас. Не можеш да го имаш како другар ако чувствуваш нешто кон него, тоа никако нема да успее. Мој совет е да ги расчистиш работите, но секако, решението си останува на тебе