Ако гледа и лајкува не значи дека го интересираат други. Ти не гледаш, не лајкуваш? Не си видела некој што ти се допаднал на улица, па да го загледаш убаво? Машките се визуелни типови, убаво пиша некој погоре. Ако гледа не значи дека одма ќе потрча по некоја друга. Поработи на самодовербата. Не да ги напаѓаш другите девојки дека провоцираат. Никој не провоцира, ти така си го имаш замислено.
Не суум јас таква кога сум со некој други не ме интересираат али вајда се премногу ретки таквите... Уживај ти немам проблем со самодоверба баш напротив. Ценам и сакам искреност и вистински маж а не лингур.
Епа тоа е, на некој начин е очекувано.Да не се лажеме, инстаграм е далеку од најнаивната работа на светов, што не значи дека без него не постојат неверства, туку многу ги олеснува работите.Зависи до која мера го прави тоа, дали заследува сосема случајни и многу девојки, дали некогаш им пишува, дали на некој начин опсесивно им лајкнува сѐ... Мене искрено ми е многу понижувачко да речам: сѐ додека не им пишува океј е.Не, многу работи не се океј, колку и да се ситни.
Никој не рече дека те интересира друг, ама очи имаш, или мижеш кога ќе излезеш надвор? Ако немаш проблем со самодовербата, нема ова да го пишуваш.
А бе девојче ако ти смета тоа значи ли дека имаш проблем со самодоверба ај олабавиии. Ако ти си навикната до тебе да имаш некој и да го трпиш шо и да праи јас не и ај уживај.Ако неможеш да споделиш некој паметен совет не замарај шо имам јас шо немам јас си знам.Не ми кажувај ти мене..
ве читам вака и некако не ми се верува колку сте киднале со умовите, значи о врска сте со некого или брак како и да е ии во умот постојано ви е дали тој некој вас на ваков или онаков начин ве изневерува, мора да зезате...мој краток совет, наместо да бидете „полицајци„ на вашите партнери и да имате немир да го трошите времето и енергијата на тоа дали тој на овој или оној начин изневерува, тоа време и енергија потрошете ја за нешто иновативно во врската, покажете дека тој некој ви значи, направете времето со него да ви е прекрасно, бидете луди на свој начин и слично.. ова важи и за женски и за машки.. гледањето и лајкувањето на други персони воопшто не треба да ви предизвикува немир, ако некој сака да изневери денес постојат милион можности и воопшто нема да бидете свесни за тоа, така да чил мало
Зошто дојде на форумов? Да ги наречеш сите девојки со јавни профили -фуфици? Зошто тоа не го направи на твојот профил на инстаграм на стори? Вака преку ник анонимно само покажува степен на незрелост.
Јас те сфатив тебе дека проблемот ти е во тие девојки што ги нарекуваш така. Дефинитивно треба да поработиш на себе, самодовербата е клучот. Без разлика со кој и да си, како и да погледнал или лајкнал некоја, тебе во секој случај ќе ти смета. @wonder woman5
Далеку сум од девојче јас, и баш од искуство ти кажувам. Не е гледањето проблем, оти само по себе, не значи ништо. Ако останува само на гледање, ич немаш проблем. А ако сакаш да ги бараш проблемите каде што ги нема, слободно.
Девојче тоа беше симболичен опис и не навлегувај ај темата е описи а не судови... И не замарај веќе ако немаш што конкретно да кажеш.
@wonder woman5 Кратка или долга ви е врската? Ако е долга, може си разбива монотонија. Ако е кратка, може си чува опции. А и не знаеме што конкретно прави? Ги следи нон-стоп? Се допишува? Ги познава? Седни го и прашај го најубаво што сака, па ќе бидеш на чисто.
Девојче ти дојде на форумов да слушнеш совет. Ама очигледно е дека си очекувала совети кои ќе те поддржуваат во тоа што го мислиш. Мораш да прифатиш и мислење, совет кое не ти се допаѓа толку многу. И не ми одговори, дали според ова, на машките треба да им биде забрането гледањето на порно додека се во врска?
Врската е долга 3 години и тој е моментлно во странство јас не би сакала да го прашам зошто го прави тоа затоа сакав да слушнам мислења од други девојки околу тоа ззатоа и пишав.Инаку ми кажува дека ме сака и се тоа но ми е контрадикторно со тоа да го интересират ете други . Се случува ете често да лајкнува и кај исти а дали се допишува незнам... Моментот ми е дека јас како личност кога сакам некој ете во случајот него ниту гледам ниту ме интересираат други воопшто, незнам можеби е тоа чудно ама јас сум таква со кој сум тој ме интересира само и затоа ми смета тоа од него и незнам како да го сфатам.Ти благодарам.
И што има погрешно во тоа што им се јавни профилите и собираат лајкови? Ако дечко ти им лајкнува, не ти се они криви, и нема никаков проблем тука според мене.
Нема причина зошто да не направиш нормален муабет околу тоа. Зошто опциите ти се тие. - Ќе се помириш со тоа и ќе терате понатаму без да се нервираш. - Ќе направите муабет што како понатаму или - Ќе го баталиш ако ти смета тоа и те копка. После 3 години, би требало да можеш процениш дали те сака и дали имаш доверба во него.
@wonder woman5 Наместо да нарекуваш други девојки фуфици, нема да биде лошо да поработиш на самодовербата и однесувањето. Најдобронамерен совет. И уште нешто, никој не е во твоја сопственост.